Полициски час од утре во 21 часот до понеделник наутро , предлага Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок предложи за воведување на полициски час за време на претстојниот викенд, дознава Канал 5. 

Предлогот на комисијата до власата ќе биде, за цело Скопје, Штип, Куманово и Тетово од утре во 21 часот до понеделник наутро да биде воведен полициски час.

А во останатите градови полицискиот час ќе трае од 16 до пет часот наутро, секој ден.

Излезноста во општина Гевгелија зголемена на 35 отсто

Во мирна атмосфера во општина Гевгелија се одвиваат предвремените парламентарни избори на кои излезноста до 13 часот изнесува 34,63 отсто, односно на 37 избирачки места гласале 6.626 граѓани со право на глас, истакна Роберта Јанчева од ОИК.

Во општина Валандово правото на глас до 13 часот го оствариле 2.576 граѓани што претставува излезност на 26 отсто од гласачкото тело. Излезноста во општина Богданци до 13 часот изнесува 26,11 отсто односно гласале 1.751 граѓанин од запишаните во единствениот гласачки список, а во општина Дојран волјата ја изразиле 743 гласачи или 27,7 отсто од гласачкото тело.

Во ниту една од општините нема регистрирано изборни неправилности.

ДИК: Излезноста до 13 часот 23,81 отсто

​ До 13 часот излезноста на предвремените парламентарни избори е 23,81 отсто од обработени 3.368 избирачки места на кои гласале 432.026 граѓани, соопшти Државната изборна комисија на попладневната прес-конференција.

Портпаролот на ДИК, Адмир Шабани информира дека во Првата изборна единица излезноста е 27,09 отсто, во Втората изборна единица 21,64, во Третата 28,92, во Четврата 27,45, во Петтата 23,11 и во Шестата изборна единица 15,58 отсто.

Шабани истакна дека до ДИК до овој момент нема пристигнато никаков приговор или најава за нерегуларности.

Во тетовскиот регион, Општина Тетово со најголема излезност до 13 часот

 Општина Тетово до 13 часот има најголема излезност од 19,63 отсто од своите 84.454 гласачи на 117 избирачки места од сите шест локални самоуправи на тетовското подрачје.

Следи општина Јегуновце, која е најмала локална самоуправа по број на гласачи, каде излезеноста е 17,05 проценти до 13 часот. Во Јегуновце право на глас имаат 10.168 гласач на 21 избирачко место.

Општина Брвеница има 16,32 отсто излезност од 15.534 граѓани, додека Боговиње има 15,07 проценти.

Најмалку одѕив на гласачите има во општините Желино и Теарце. Во Желино од 23.926 граѓани до 13 часот гласале само 10,73 отсто додека во Теарце 14,66 отсто од 22.238.

притисни ентер