Полициската станца во Ресен 55-ти реновиран објект во земјава

​Одделението за внатрешни работи (ОВР) во Ресен по 40-тина години доби комплетно реновиран објект, за што беа инвестирани 12.700.000 денари, од Буџетот на Министерство за внатрешни работи.

Реконструкцијата почна на средината на јануари годинава, а на увид на реновираниот објект денеска присуствуваа премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и градоначалникот Живко Гошаревски.

Според премиерот, станува збор за уште една остварена обврска во континуитетот на реализацијата на заложбата за севкупно подобрување на професионалните услови за работа на полициските службеници, преку продолжување на проектот за реконструкција и изградба на полициските станици.

– Од денеска и ова реновирано одделение станува дел од остварувањата посветени на изградба на функционална инфраструктура во системот на нашата полиција и Министерството за внатрешни работи. Овие современи услови придонесуваат кон гаранцијата за редот, безбедноста и владеењето на законите. Како етаблирање на полицијата, како гарант за заштита на законитоста и како квалитетен сервис во интерес на сите наши граѓани, рече Заев.

Во тој контекст, нагласи, своја улога имаат и обезбедените средства за исплата на бонус плата на вработени во МВР за оствaрени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво во текот на 2020, како и средства за бонус плата за 2017 и 2018 година.

– Како и за сите досегашни објекти, и овој проект за реконструкција е спроведен согласни сите препораки за енергетската ефикасност и намалување на загадувањето на животната средина, додаде премиерот, подвлекувајќи дека Владата ќе продолжи со силна мотивираност да ги гради севкупните капацитети на МВР за уште подобри резултати во работењето, во полза на сите граѓани на Република Македонија.

Покрај објектот во Ресен, како што информира, завршени се работите на Аеродромската база „Петровец", на полициските станици и одделенија во повеќе регионални центри и општини, новите современи форензички лаборатории, како и многу други зафати за современи услови за работа на полицијата и другите припадници на МВР. Во моментот, нагласи Заев, се работите на реконструкција или реновирање на СВР Куманово, на Полициско одделение Ростуше, а во претстојниот период во план се работите и на Одделение за внатрешни работи Прилеп, Полициската станица во Крушево и Полициското одделение во Чашка.

Реконструкцијата на Одделението за внатрешни работи во Ресен, според министерот за внатрешни работи Спасовски, е едно од 55-те полициски објекти кои се реновирани во земјава, а дел од преземените градежни работи се санација на кровот, поставена е громобранска инсталација, санирани се оџаци, поставени се нови олуци, целосна нова термоизолација на фасадата, заменети се влезните портали со нови, тоалетите, нова стражарска куќарка, комплетно е реновирана просторијата за приведување согласно важечкиот правилник...

-Современата инфраструктура во секоја институција во делот на материјална и техничка опременост и стандаризираност без никаква дилема е еден од суштинските предуслови за нејзините вработени ефикасно и квлитетно да ги извршуваат работните задачи. Денес зад нас имаме објект, кој внатрешно и надворешно запазувајќи ги стандардите за енергетска ефикасност и намалувањето на загадувањето на животната средина е комплетно реконструиран и ги исполнува условите за поефикасно работење и функционирање на полициската служба и во целост ги задоволовуваме целите и принципите на Владата на Република Македонија, рече Спасовски.

На новото полициско одделение, според градоначалникот Гошаревски, се чекало 40-тина години, и дека реконтрукцијата е капитален проект кој е во функција на граѓаните.

– Со реконструкцијата на полициската станица во Ресен, значително се подобрува функционалноста, но и условите за работа на полициските службеници, а се чекаше повеќе од 40 години, истакна Гошаревски.

Присутните на сите вработени во ОВР во Ресен, но и на сите полициски службеници во земјава им го честитаа Денот на полицијата – 7 Мај.

Сопругата на претседателот учествуваше во проектот „Волонтираме за солидарно општество"

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска во МладиХаб –учествуваше во подготовка на хуманитарни пакети за најранливите категории кои се во социјален ризик.

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска во МладиХаб –учествуваше во подготовка на хуманитарни пакети со прехрамбени производи, средства за лична хигиена и за одржување на домаќинствата наменети за поддршка на граѓаните од најранливите категории кои се во социјален ризик, погодени од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Како што соопштуваат од Кабинетот на претседателот, активноста е во рамки на проектот „Волонтираме за солидарно општество" што е под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, а се реализираше заедно со здружението на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци „Љубезност", со здружението за хумано-општествен развој – Проект Среќа и со волонтери од партнерски организации.

Пакетите, во соработка со здруженијата, ќе бидат распределени на семејства во социјален ризик чијашто состојба е отежната поради кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот, а дел од нив ќе бидат распределени и во пресрет на празникот Рамазан Бајрам.

Кабинетот на претседателот ги повикува и останатите општествено одговорни компании да се вклучат со свој придонес, со цел во овие тешки денови да им помогнеме на ранливите категории на граѓани, на оние на коишто најмногу им треба поддршка.

Mакедонските возачи на TWINGO CUP викендов со настап на SLOVAKIA RING

AKK Рено Спорт најавува уште еден возбудлив викенд заедно со LEMA Racing

Интернационалните настапи на македонските возачи во Twingo Cup продолжуваат викендов со настап на патеката Slovakia Ring во Словачка.

Таму ќе се вози втората трка од Twingo Eurocup бодувани согласно регулативите и признанија на FIA CEZ, a истата трка ќе се бодува и за првенството на Македонија. Пријавени се вкупно 27 возила, од кои осум Македонци: Ненад Костовски, Давид Малинковски, Мартин Костовски, Зоран Миракоски, Емил Нацка, Ангелче Стојковски, Владимир Тренески и Милан Ѓорѓевиќ.

Преносот на натпреварите ќе се емитува на Канал 5 Телевизија во следните термини:

08.05.2021 (Сабота) Прва трка - 16:10 часот

09.05.2021 (Недела) Втора трка - 10:50 часот

Оваа втора сезона покрај две кружни трки во Кичево и две ридско брдски на домашно тло, купот ќе биде дел и од меѓународни натпревари каде нашите возачи ќе бидат бодувани согласно регулативите и признанија на FIA CEZ и тоа во: Серес - Грција (Јуни), Гробник - Хрватска (Јули) Red bull Ring – Австрија (Септември) и финална трка за заокружување на сезоната повторно во Серес - Грција (Ноември) CEZ во организација на АКК Рено Спорт Скопје.

Голема благодарност до нашите поддржувачи: Аутомотив Груп, RENAULT, Триглав Осигурување, Power Sport System (PSS) и Шпаркасе Лизинг кои овозможуваат да трките се организираат на високо ниво како на домашните така и на меѓународните автомобилски стази.

Во претседателската вила,,Водно“ се одржа средбата Пендаровски –Мицкоски

Се одржа средбата меѓу претседателот на државата Пендаровски и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски .

Една од темите 27-ми април и можноста за повторно отворање на случајот.

Мицкоски рече дека имало нови докази и дека не барале милостина или амнестија туку правда.

Пендаровски изјави дека осудените за 27-ми април биле мотив за Мицкоски да ги одмрзне односите со претседателот и дека ако се појавиле нови докази осудените имале право да достават барање за судење од почеток..

Јана Јосифоска ја следеше средбата.

притисни ентер