Полицијата во Минск користи ласерски пушки против демонстрантите (ВИДЕО)

Полицијата во Минск користела ласери и светлечки гранати за да ги растера демонстрантите собрани во западните предградија на Минск, јавува дописникот на ТАСС.

Околу 500 луѓе, претежно млади, се собраа во центарот на Минск.

Белорусија ги одржа претседателските избори на 9 август, а според првичните резултати, претседателот Александар Лукашенко доби поддршка од 80,08 проценти.

По објавувањето на резултатите, избувнаа протести во Минск и неколку други градови.

Властите на Белорусија објавија дека околу 2.000 незадоволни граѓани се уапсени за време на протестите против изборната победа на претседателот Александар Лукашенко.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека повредени се 21 припадник на полицијата и безбедносните служби, од кои петмина биле хоспитализирани.

Од друга страна, претходните два дена загинаа двајца демонстранти , едниот прегазен од полициско возило , а на другиот му експлодирала направа од домашно производство во рацете.

Италија со најголем дневен број новозаразени со корона од почетокот на мај

Италија регистрира 1.907 нови случаи со коронавирус во последните 24 часа, најголемо дневно зголемување од почетокот на мај, соопшти денеска Министерството за здравство.

Уште десет лица починале од ефектите на вирусот.

Последен пат слично зголемување на дневниот број на инфекции е забележано на 1 мај, кога имало 1965 нови случаи.

Од почетокот на пандемијата, Италија забележа 294.392 заболени и 35.668 смртни случаи.

Бројот на заразени е во пораст во последните шест недели, според италијанските здравствени власти, иако не е толку голем како во Шпанија или Франција.

Расте стравот од втор бран неконтролирана епидемија во Италија, која беше сериозно погодена од коронавирусот во февруари.

Зголемувањето делумно се должи на повторното отворање на училиштата во понеделникот по пауза од шест месеци.

Големите сили сè уште не успеваат да ги здружат силите за борба против пандемијата, изјави денеска лидерот на СЗО, Тедрос Аданом Гебреизус, во време кога бројот на заразени луѓе во светот надмина 30 милиони.

„Големите сили не работат заедно“, рече Тедрос на брифинг со новинарите во Женева, образложувајќи ја својата главна порака до светските лидери додека се подготвуваат за годишното Генерално собрание на ООН што започнува следната недела.

Тедрос рече дека исто така ќе ги повика лидерите на Генералното собрание да ги соберат потребните 35 милијарди американски долари за забрзување на развојот на лековите и вакцините против ковид-19.

Ирина Шајк објави колку шминка дневно користи за совршен изглед (ВИДЕО)

На Youtube, кусите видеа за шминкање снимени од најпознатите светски топ модели стануваат сè попопуларни.

Супермоделот Ирина Шајк сними едно за Вог, а нејзината рутина во шминкање го изненади целиот свет.

Додека блогерките за убавина ставаат маски, течни пудри, коректори, хајлајнери и многу други препарати на нивното лице, Ирина Шајк се шминка со прсти и користи само неколку капки течна пудра што ги нанесува само на одредени делови од лицето.

Светски познатата манекенка и една од најубавите жени на светот не користи ниту дел од она што е рутина за многу девојки кога се шминкаат и вели дека со помалку се постигнува повеќе и дека жените треба да се шминкаат, а не да се маскираат.

Во коментарите под видеото на Јутјуб, многумина не го криеја својот ентузијазам за рутината за шминкање на Ирина.

„Нејзината тајна за добра шминка е едноставно дека е најубава на светот и без шминкање“, се пошегуваа нејзините обожаватели.

Студент направил функционален Бетмобил,цел свет му завидува (ВИДЕО)

Студент од Виетнам направил функционален Бетмобил, а фотографиите и снимките од неговото возило станаа вирални на социјалните мрежи.

Со помош на еден пријател, студентот по архитектура во Ханој, Нгуен Дак Чунг (23), го направи култното возило од популарната франшиза во природна големина. Тој вели дека идејата ја добил откако го погледнал филмот со Бетмен.

„Бев толку импресиониран од автомобилот и се заљубив во него кога првпат се појави во филмот“, рече тој за VICE. Репликата што ја направил е долга 3,6 метри, широка 2,6 метри и висока 1,5 метри. Тој за Експрес Интернешнл изјави дека возилото може да вози по рамен пат со максимална брзина од 100 километри на час и удобно да прими две лица. И, што е уште поважно, изгледа многу слично на оној во филмот, со отворање на вратата како крило.

Нгуен вели дека вложил многу напор во своето возило и морал да нарача одредени компоненти од САД и Јужна Кореја, поради што поминал 10 месеци правејќи го автомобилот.

„Да, понекогаш бев многу уморен и сакав да се откажам, но секогаш кога сакав да се откажам, се сеќавав на причината зошто почнав да се мотивирам“, рече тој. „Навистина сум среќен што го видов својот изум... Горд сум на тешкотиите што ги надминав.”

Нгуен исто така рече дека сè уште го надградува автомобилот, што привлече големо внимание на Интернет, но и дека има на ум низа други проекти.

притисни ентер