Полицијата уапси тројца скопјани и тетовец кои биле барани да одат в затвор

Сите четворица биле барани за издржување затворски казни во траење од 6 месеци до две години.

МВР во билтенот пишува:

Вчера постапувајќи по судска наредба, СВР Тетово го лиши од слобода лицето тетовецот Марјан Р. (49), кој се барал за издржување затворска казна во траење од две години, за сторено кривично дело “ тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот”. Марјан Р. е спроведен во Затвор – Тетово.

Постапувајќи по судска наредба, СВР Скопје вчера го лиши од слобода лицето Боре К. (49), од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна во траење од една година и два месеци, за сторено кривично дело “ Предвизвикување општа опасност”. Боре К. е спроведен во Затвор – Скопје.

Вчера постапувајќи по судска наредба, СВР Скопје го лиши од слобода лицето Живко Т. (71), од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна во траење од шест месеци, за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”. Живко Т.е спроведен во Затвор – Идризово.

Постапувајќи по судска наредба, СВР Скопје вчера го лиши од слобода лицето Шемо А. (48), од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна во траење од една година и шест месеци, за сторено кривично дело “тешка кражба”. Шемо А. е спроведен во Затвор – Идризово.

Митрески - Бомгартнер: Македонија и Франција имаат одлични односи

Македонија и Франција имаат одлични односи, меѓусебната соработка и поддршка ќе се продлабочат.

Претседателот на Собранието Јован Митрески денеска остварил средба со aмбасадорот на Француската Република во Република Македонија, Сирил Бомгартнер, соопшти собраниската прес-служба.

Изразувајќи задоволство од одржувањето на средбата, претседателот Митрески ја констатирал одличната соработка меѓу двете држави и особено соработката на парламентарен план.

Амбасадорот Бомгартнер, честитајќи му го изборот за претседател на Собранието, се согласил со констатациите за интензивираната динамика на меѓусебна соработка. Во тој контекст, ги поздравил средбите на парламентарци од Собранието на Република Македонија и Националното собрание и Сенатот на Француската Република во изминатите години, како позитивен тренд кој треба да продолжи и во иднина.

Амбасадорот Бомгартнер, како што стои во соопштението, информирал за претстојната посета на претседателката на Групата за пријателство од Лилијана Танги на земјата, како дел од набљудувачката мисија на ОБСЕ за претстојните претседателски и парламентарни избори.

- Беше посебно поздравено одржувањето на втората едукативна активност во Собранието „Имам став-Млад франкофонски парламент”, во рамките на одбележувањето на месецот март - месец на Франкофонијата, еден исклучителен настан и манифестација која полека прераснува во една убава собраниска традиција, се вели во соопштението од Собранието.

Двајцата соговорници размениле мислења за актуелните собраниски активности, текот на изборите и конституирањето на новиот парламентарен состав. Била изразена општа согласност за потребата од унапредувањето на соработката во доменот на културата, економијата, енергетиката и други области од взаемен интерес за двете земји.

Руското обвинителство побара Ала Пугачева да биде прогласена за странски агент

Руското обвинителство денеска побара од Министерството за правда да ја прогласи Ала Пугачева за „странски агент“, пренесуваат  агенциите.

Претходно во Русија имаше извештаи во медиумите дека властите подготвуваат ваков потег против иконата на советската поп музика, која се изјасни против војната против Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков утринава изјави дека нема официјални информации во врска со ова прашање.

„Фокс њуз“: Американската влада потрошила најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Од „Фокс њуз“ во септември објавија дека САД потрошиле вкупно 101 милијарда долари за војната во Украина.

Американската влада потрошила најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина, но таа сума може да се смета за многу поголема поради трошоците за замена на оружјето и муницијата испратени во Киев, процени Пентагон, дознава американскиот телевизиски канал „Фокс њуз“.

Од „Фокс њуз“ во септември објавија дека САД потрошиле вкупно 101 милијарда долари за војната во Украина.

Според документите од Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа испратени до сенаторот Џ. Д. Венс од американската сојузна држава Охајо, и до која Фокс њуз имаше пристап, САД потрошиле најмалку дополнителни 13 милијарди долари од септември за војната во Украина.

Директорката на Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа, Шаланда Јанг, во писмо до Венс наведува дека американскиот Конгрес обезбедил 111 милијарди долари дополнителни средства како одговор на војната во Украина, вклучувајќи безбедносна, економска и хуманитарна помош.

Јанг истакна дека вкупните средства вклучуваат и средства „кои не отишле директно во Украина“, туку се користат за поддршка на таа земја, поради што понекогаш се појавуваат различни бројки за американската помош за Киев. /МИА

притисни ентер