Полицијата реализираше шест одвоени случаи на крумчарење мигранти

Министерството за внатрешни работи во текот на изминативе денови реализираше шест одвоени случаи на крумчарење мигранти во коишто против седум лица (од кои по еден романски, грчки и албански државјанин) до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривични пријави за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Како што соопшти полицијата откирени се 38 илегални мигранти на возраст од 66 до две години повеќето од Сирија (27), како и седумина илегални мигранти од Ирак, двајца од Мали и по еден од Нигерија и од Того.

Мигрантите се сметени во Прифатниот центар во Скопје, а од страна на судија на претходна постапка на петмина од пријавените им одреди мерки притвот - за четворица во траење од по 30 дена, а за еден во траење од осум дена.

Во првиот случај на автопатот Гевгелија-Скопје, сопрено е возило со скопски регистарски таблички „Шевролет круз“ сопственот на рента кар компанија, а управувано од романскиот државјанин М.А.Г.(36) во кое се откриени и четворица илегални мигранти од Сирија, кои илегално од Грција влегле во Македонија во близина на граничниот премин „Богородица“ со намера да стигнат до Србија. Судија на претходна постапка на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Во вториот случај кривично пријавени се лицата М.Г.(21) албански државјанин и Х.Ф.(31) од Скопје кои со две патнички моторни возила на автопатот Гевгелија - Скопје се сопредни и спречени во обид да прокриумчарат девет мигранти од Сирија кои илегално од Грција влегле во Македонија со намера да стигнат до северната граница а одтаму илегално да преминат во Србија. Против двајцата пријавени судија на претходна постапка им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена.

Во третиот случај на локалниот пат с. Богородица - Гевгелија во близина на местото „Понов мост“ сопрено е возила марка “Фолксваген Туарег“ со германски времен регистарски број управувано од М.С.(30) од скопско Студеничани, кој превезувал 12 илегални мигранти (петмина од Сирија и седумина од Ирак) меѓу кои шест биле малолетни лица, деца на возраст од девет до две години. Судија на претходна постапка на М.С. му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Во четвртиот случај кривично пријавен е грчкиот државјанин А.Ф.(39) кој што на автопатот Е-75 кај местото „Авлач“ во близина на с.Мрзенци управувајќи патничко возило „Цитроен Саксо“ со грчки регистарски таблички е сопрен во обид да транспортира четворица сириски илегални мигранти, коишто претходно ги прифатил на локалниот пат Богородица-Гевгелија на м.в „Раскрсница Богородица“ со намера да ги превезе до границата со Србија. И нему од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

Во петиот случај кривично е пријавен Ј.О. (23) од село Черкези кумановско којшто во близина на браната Паљурци на локалниот пат Богданци-Дојран, прифатил и сместил нелегални мигратни во товарно возило „ИВЕЦО“ 35 С ДАИЛЅ” со скопски регистарски таблици. Иако на првичниот знак „стоп“ од страна на полициските службеници тој се дал во бегство набргу бил сопрен и биле откриени четири илегални мигранти - двајца од Мали еден од Нигерија и еден од Того, коишто требало да ги пренесе до село Лојане, кумановско.

И во шестиот последен случај кај местото „надвожњак Прждево" на стариот пат Демир Капија - Неготино е забележано патничко возило марка „Голф“ со скопски регистарски таблички управувано до пријавениот Ф.Н.(34) од Зелениково, скопско, во кое имало илегални мигранти. Возилото се движело во правец кон Скопје, а по координирана акција на полициските службеници возилото е сопрено на местото викано раскрсница Неготино - с.Бистренци во Неготино. Возачот, односно пријавениот Ф.Н. иако ги дал документите на полициските службеници , по барањето да излезе од возилото се дал во бегство, го стартувал возилото во правец кон Скопје, а документите останале кај полицискиот службеник. Меѓутоа после два до три километри тој го сопрел возилото и почнал заедно со петмината сириски илегални мигранти да бегаат со трчање, по што мигрантите се фатени и пренесени во Прифатниот центар во Скопје. По два дена од настанот Ф.Н. е лоциран и приведен, соопшти полицијата.

Ужас во Словачка: Родители си ги тепале своите четири деца со синџири и ремени, ги изгладнувале

Во брутален случај на злоупотреба на четири деца во Словачка, полицијата ги уапси мајката Јарослава (32) и таткото Милан (42).

Децата доживеале неверојатна тортура, родителите наводно ги тепале со ремени и синџири. Откако ќе ги претепале, ги затворале и ги изгладнувале. Сепак, Јарослава за време на сослушувањето го обвини таткото за сѐ, објавија локалните медиуми.

Таа наводно рекла дека имала многу лоши односи со Милан. Според неа, тој наводно бил алкохоличар во последните 10 години. Во една прилика тој наводно го претепал синот Адријан со ремен, а потоа рекол дека не сака да го прави тоа. Според медиумите, мајката знаела дека таткото не им дава храна на децата.

Јарослава тогаш изјавила дека Милан не им дозволувал ништо на децата, кои многу се плашеле од него. Милан наводно во една прилика го претепал Адријан со тоа што го извлекол од креветот и го удирал со таква сила што момчето се онесвестило.

Катанците во куќата наликувале на затворски. Биле ставени на шкафовите, на вратата од детската соба, но и на фрижидерот, за децата да не изедат сѐ. Низ куќата одекнувале грди зборови.

Оваа ужасна злоупотреба била откриена минатата недела. Резултатите од истрагата покажуваат дека злоставувањето било откриено за време на часот по физичко, кога Адријан се пресоблекувал во спортска облека во соблекувалната.

Момчето наводно не сакало да каже ништо пред тоа бидејќи се плашело од тоа што може да го чека дома. Тој рекол дека татко му го тепал со синџир.

Медицинскиот извештај на Универзитетската болница во Трнава покажува дека Адријан се здобил со контузија и хематом на градниот кош.

На Милан сега му се закануваат 15 години затвор. Сепак, неговото семејство не се согласува со обвинувањата, додека неговата сестра тврди дека Милан никогаш не злоставувал деца.

„Одеше на работа додека жена му беше дома, таа не ни готвеше. Добро се грижеше за децата. Имаа брава на вратата да не ја отвораат децата. Децата го земаа јогуртот, јадеа малку па го фрлаа во ѓубре“, тврди сестрата на обвинетиот.

Полицијата ја продолжува истрагата.

Повторно е нападната американската воена база во Ирак

Вчера била нападната американската воена воздухопловна база Ал Асад во западниот дел на Ирак, а во нападот не е направена никаква штета и никој не е повреден, изјави неименуван американски функционер за Тајмс оф Израел.

„Ова беше втор напад врз американските сили од 4 февруари“, додаде американскиот официјален претставник, мислејќи на нападот во неделата кога беа истрелани пет ракети врз истата база од пограничниот град Зума.

Во тоа време, САД објавија дека сојузничкиот борбен авион уништил ракетен фрлач во Сирија, додавајќи дека ниту еден американски воен персонал не бил повреден.

Бранот од 165 напади врз американските војници во Ирак и Сирија започна во октомври минатата година, откако Хамас го нападна Израел, а заврши во февруари кога САД извршија воздушни напади врз цели поврзани со Иран во Ирак и Сирија.

Ен Хатавеј се потсети на одвратната аудиција, на која морала да се бакнува со 10 колеги (ВИДЕО)

Ен Хатавеј вели дека тестовите за хемија меѓу актерите во раните 2000-ти биле одвратни, пишува IndieWire.

Во интервју за магазинот V, актерката се присети на незгодните аудиции за романтични комедии во кои глумеше на почетокот на кариерата.

„Во 2000-тите беше нормално да се бара од актерите да се бакнуваат за време на аудиција, да се тестира хемијата, иако тоа е најлошиот начин да се тестира хемијата - дури и мене ми се има случено“, рече актерката. „Тие рекоа: „Имаме десет момци кои доаѓаат денес, а ти ја доби улогата. Зарем не си возбудена да ги бакнуваш? Мислев дека нешто не е во ред со мене бидејќи не бев возбудена.“

„Бев толку млада и знаев колку е лесно да изгубиш сè ако некој рече дека ти е тешко да се работи, па се преправав дека сум возбудена“, објаснила ѕвездата од „Дневниците на принцезата“. „Тоа не беше игра за моќ, никој не се обидуваше да ме повреди или да биде ужасен. Тоа беа различни времиња и ние денес подобро знаеме“.

Наскоро ќе можеме да ја видиме Хатавеј во романтичниот филм The Idea of ​​You, кој пристигнува на Prime Video на 2 мај. Во филмот, актерката толкува 40-годишна самохрана мајка која влегува во врска со 24-годишен музичар, кој го игра Николас Галицин.

Филмот беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал South by Southwest, кој се одржа во март годинава. Критичарите на Rotten Tomatoes го оценија The Idea of ​​You со 95 проценти.

притисни ентер