Полицијата ќе ги разгледува снимките од карневалот, па ќе утврдува евентуално прекршување

Ниту еден од василичарите кои беа дел од вчерашниот карневал во Вевчани не е задржан во полициска станица.

Од полицијата велат дека работат на расчистување на случајот и ги аналзираат снимките, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.Повторуваат дека интервенцијата на единиците за брзо распоредување се случила бидејќи не се почитувале на мерките за заштита од ширењето на корона вирусот, а имало и групирање на повеќе од четри луѓе.

Вевчанскиот градоначалник Сашо Јанкоски во изјава за Канал 5 вели дека и покрај апелите оваа година карневалот да не се одржи, дел од василичарите решиле да го одбележат денот и да излезат на улиците. Се се одвивало со нормален тек се додека во центарот на градот не се собрала поголема група на луѓе како публика, кога било уапсено едно лице.

Станува збор за претседателот на ВМРО -ДПМНЕ Вевчани Ѓорги Влајникоски, кој на Фејсбук напиша дека бил приведен без причина.

“Тука се створи една поголема група на луѓе, каде сите носеа маски, но немаше дистанца. Полицијата апелираше да се оддалечат луѓето и да се држи дистанца за да во еден момент не знамшто се случи настана инцидент и беше приведено едно лице, не како што известија медиуит едаек повеќе лица се приведени и после 10 минути истот беше ослободено по наша интервенција. После тоа карневалот продефилира и сите си заминаа,” вели Сашо Јанкоски – Градоначалник на о. Вевчани.

Јанкоски вели дека општината немала моќ оваа година карневалот и традиционалните концерти да ги организира според протоколите за заштита од вирусот.

“Во овој период Вевчани помина низ многу тешка состојба имавме и доста млади животи кои ја изгубија борбата со корона вирусот и не би сакал и после две недели на моја совест да носам нови заболени и не дај Боже смрт,” вели Сашо Јанкоски – Градоначалник на о. Вевчани

Интервенцијата на полицијата и растурањето на карневалот предизвика бројни реакциии во јавноста и обвинувања дека власта има двојни аршини...

Од организацијата на Вевчанскиот карневал се оградија и двете василичарски друштва, Горна и Долна маала.

Ужас во Словачка: Родители си ги тепале своите четири деца со синџири и ремени, ги изгладнувале

Во брутален случај на злоупотреба на четири деца во Словачка, полицијата ги уапси мајката Јарослава (32) и таткото Милан (42).

Децата доживеале неверојатна тортура, родителите наводно ги тепале со ремени и синџири. Откако ќе ги претепале, ги затворале и ги изгладнувале. Сепак, Јарослава за време на сослушувањето го обвини таткото за сѐ, објавија локалните медиуми.

Таа наводно рекла дека имала многу лоши односи со Милан. Според неа, тој наводно бил алкохоличар во последните 10 години. Во една прилика тој наводно го претепал синот Адријан со ремен, а потоа рекол дека не сака да го прави тоа. Според медиумите, мајката знаела дека таткото не им дава храна на децата.

Јарослава тогаш изјавила дека Милан не им дозволувал ништо на децата, кои многу се плашеле од него. Милан наводно во една прилика го претепал Адријан со тоа што го извлекол од креветот и го удирал со таква сила што момчето се онесвестило.

Катанците во куќата наликувале на затворски. Биле ставени на шкафовите, на вратата од детската соба, но и на фрижидерот, за децата да не изедат сѐ. Низ куќата одекнувале грди зборови.

Оваа ужасна злоупотреба била откриена минатата недела. Резултатите од истрагата покажуваат дека злоставувањето било откриено за време на часот по физичко, кога Адријан се пресоблекувал во спортска облека во соблекувалната.

Момчето наводно не сакало да каже ништо пред тоа бидејќи се плашело од тоа што може да го чека дома. Тој рекол дека татко му го тепал со синџир.

Медицинскиот извештај на Универзитетската болница во Трнава покажува дека Адријан се здобил со контузија и хематом на градниот кош.

На Милан сега му се закануваат 15 години затвор. Сепак, неговото семејство не се согласува со обвинувањата, додека неговата сестра тврди дека Милан никогаш не злоставувал деца.

„Одеше на работа додека жена му беше дома, таа не ни готвеше. Добро се грижеше за децата. Имаа брава на вратата да не ја отвораат децата. Децата го земаа јогуртот, јадеа малку па го фрлаа во ѓубре“, тврди сестрата на обвинетиот.

Полицијата ја продолжува истрагата.

Повторно е нападната американската воена база во Ирак

Вчера била нападната американската воена воздухопловна база Ал Асад во западниот дел на Ирак, а во нападот не е направена никаква штета и никој не е повреден, изјави неименуван американски функционер за Тајмс оф Израел.

„Ова беше втор напад врз американските сили од 4 февруари“, додаде американскиот официјален претставник, мислејќи на нападот во неделата кога беа истрелани пет ракети врз истата база од пограничниот град Зума.

Во тоа време, САД објавија дека сојузничкиот борбен авион уништил ракетен фрлач во Сирија, додавајќи дека ниту еден американски воен персонал не бил повреден.

Бранот од 165 напади врз американските војници во Ирак и Сирија започна во октомври минатата година, откако Хамас го нападна Израел, а заврши во февруари кога САД извршија воздушни напади врз цели поврзани со Иран во Ирак и Сирија.

Ен Хатавеј се потсети на одвратната аудиција, на која морала да се бакнува со 10 колеги (ВИДЕО)

Ен Хатавеј вели дека тестовите за хемија меѓу актерите во раните 2000-ти биле одвратни, пишува IndieWire.

Во интервју за магазинот V, актерката се присети на незгодните аудиции за романтични комедии во кои глумеше на почетокот на кариерата.

„Во 2000-тите беше нормално да се бара од актерите да се бакнуваат за време на аудиција, да се тестира хемијата, иако тоа е најлошиот начин да се тестира хемијата - дури и мене ми се има случено“, рече актерката. „Тие рекоа: „Имаме десет момци кои доаѓаат денес, а ти ја доби улогата. Зарем не си возбудена да ги бакнуваш? Мислев дека нешто не е во ред со мене бидејќи не бев возбудена.“

„Бев толку млада и знаев колку е лесно да изгубиш сè ако некој рече дека ти е тешко да се работи, па се преправав дека сум возбудена“, објаснила ѕвездата од „Дневниците на принцезата“. „Тоа не беше игра за моќ, никој не се обидуваше да ме повреди или да биде ужасен. Тоа беа различни времиња и ние денес подобро знаеме“.

Наскоро ќе можеме да ја видиме Хатавеј во романтичниот филм The Idea of ​​You, кој пристигнува на Prime Video на 2 мај. Во филмот, актерката толкува 40-годишна самохрана мајка која влегува во врска со 24-годишен музичар, кој го игра Николас Галицин.

Филмот беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал South by Southwest, кој се одржа во март годинава. Критичарите на Rotten Tomatoes го оценија The Idea of ​​You со 95 проценти.

притисни ентер