Полицијата и инспекторите казнуваат за прекршување на одлуките против корона

Изминатово деноноќие полицијата напишала речиси 500 казни за неносење на заштитна маска на место каде што тоа е обврска. 

Се бројат контактите на тројцата позитивни на коронавирусот кои присуствувале на лудата забава во кампот Градиште во Охрид. Од Центарот за јавно здравје велат дека се уште е рано да се каже каква ќе биде епидемиолошката анкета, резултатите најрано се очекуваат за во среда.

Оваа забава која се одржа пред една недела заврши со кривични пријава за угостителите, но очигледно не послужи како лош пример за некои сопственици на локали, кои и покрај забраните и апелите викендов организираа забави.. Државните пазарни инспектори низ Македонија во последните три дена регистирале 7 прекршоци на угостители , меѓу кои еден објект во Струмица, два во Скопје и четири на охридско-струшкото крајбрежје, каде се организирале и две свадби во струшки хотел со повеќе од 100 гости ..

Последиците и бројот на евентуално новите заболени од овие забави ќе се знае во следните пет до десет дена..

Главниот проблем на ширењето на заразата е однесувањето на луѓето кои ги игнорираат правилата за физичка дистанца и носење на маска, велат епидемиолозите. Апелираат да не се прават масовни собирања, зошто се додека има забави, крштевки и свадби ќе има и многу болни.

Фото: Холивудски ѕвезди фатени на дело!

 Холивудските ѕвезди актерките Џенифер Анистон (55) и Сандра Булок (59) продолжуваат да ја освојуваат публиката со својот физички изглед, а долго време се шпекулира дали направиле пластична операција

Јавноста се уште се прашува дали овие убавици и во шестата деценија се навистина природни и едноставно прекрасно стареат.

Двете холивудски убавици пред два дена се забележани како ја напуштаат познатата клиника за пластична хирургија во Гринич, а друштво им правеше Аманда Анка.

Инаку оваа ординација е специјализирана за кревање на горниот и долниот дел на лицето, а цените за таков зафат во зависност од третманот се движат од 50.000 до 100.000 долари по третман.

Подигнувањето на веѓите и очните капаци е нешто поевтино, а цената на овој третман е околу 30.000 долари.

Познатите дами посетија ординација на познат хирург чија специјалност е „подмладување на лице и ринопластика“, како што е наведено на веб-страницата на клиниката.

Тајланд воведува данок за богатите пензионери од Западот

Според новиот тајландски даночен закон, сите даночни резидентни кои ги остваруваат своите приходи во странство, а трошат пари на Тајланд, во иднина ќе мора да плаќаат данок.

Овие одредби важат не само за тајландските граѓани, туку и за илјадници странски пензионери кои ги поминуваат пензионерските денови на Тајланд. Меѓу нив има и многу пензионери од Европа, а пред се од Германија.

Пензионерите живеат удобно на Тајланд од заштедите и приходите што ги заработиле додека работеле во своите матични земји.

„Ова е многу тежок удар за германските пензионери“, вели даночниот советник Мартин Либенов од меѓународната ревизорска фирма Мазарс во Бангкок, пренесува Тпортал.

Пензионерите не се единствените што се погодени. Ова е тежок удар за секој што ќе се пресели во Тајланд и ќе живее од своите заштеди и приходи од странство, без разлика дали се пензионери или е некој од многубројните дигитални номади, вели Либенов. /МИА

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто полугодие од 2023 година, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во земјава изнесувала 7.289 денари по KWh, што претставува пораст од 8.2 % во споредба со првото полугодие.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 36.858 до 48.300 денари по нм3 по групи на потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата е 51.257 денари за nm3.

притисни ентер