Полицијата го уапси мажот кој на малолетнички им пишуваше вознемирувачки пораки

Мажот кој преку социјалните мрежи им се закануваше на малолетнички преку пораки со недолична и вулгарна содржина е приведен.

Полицијата го уапси 59 годишниот маж кој демнел 15 годишни девојчиња им пишувал вознемирувачки пораки со шокантно недолични и вулгарни зборови. Последната комуникација беше споделена во фејсбук групата Стоп педофилја. Во дел од пораките се гледа дека агресивното и упорно пишување на 59 годишниот Б.Т од Радовиш на малолетничка и и се заканува дека без разлика на нејзиното игнорирње тој ќе ја киднапира и ќе ја силува. По добиена наредба од основниот суд Свети Николе извешрен е претрес во домот на 63 годишниот М.А од село Ерџалија каде престојувал Б.Т одземен му мобилниот телефон кој го корсител осомничениот. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинтелство. Во 2014 година во Македонија се донесе закон за хемиска кастрација на педофили на оваа незадолжителна мерка е предвидена за педофилите повратници, но истите ќе имаат помала затворска казна доколку се согласат да је земаат терапијата. Од детската амбасада „Меѓаши„ велат дека мора да се промени и комуникацијата и со педофилите со цел да им се објасни дека хемиската кастрација не е опасна по здравјето и дека може да имаат нормален живот, а истовремено да не нанесуваат трауми на други луѓе.

Од „Меѓаши“ реагираат на тоа дека регистарот за педофили не функционира. Она што за Велковска е загрижувачки е што најголем дел од педофилите се повратници и ги повторуваат злосторставата. Голем дел од педофилите одлежале и по две затворски казни, но затворот не им помага бидејќи педофилијата е растројство и не може да се лекува во затвор.

Според сегашните одредби од кривичнот закон за делото обљуба казната е 12 години затвор. за обљуба или друго полово дејствие врз дете кое не наполнило 14 години, настапила тешка телесна повреда, смрт или друга тешка последица, казна од минимум 15 години затвор до доживотен затвор.

Адвокати: Трамп не може да плати гаранција од 464 милиони долари

Трамп не може да плати гаранција од 464 милиони долари во случајот за граѓанска измама во Њујорк.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп не може да најде осигурителна компанија која ќе ги гарантира 464 милиони долари што судот му наложи да ги плати во случајот за граѓанска измама во Њујорк, соопштија неговите адвокати.

Адвокатите на Доналд Трамп велат дека обезбедувањето кауција од таа големина е „практично невозможно“.

Трамп е прогласен за одговорен за погрешно прикажување на нето сумата на пари што ја поседува во случајот за финансиска измама што ја покрена њујоршката обвинителка Летиша Џејмс.

Обвинителката Џејмс најави дека е подготвена да започне процес на запленување на имотот на Доналд Трамп доколку тој не може да ја плати сумата утврдена со пресудата.

„Ако нема средства да плати, ќе бараме механизми за извршување на пресудата на суд и ќе побараме од судијата да му го заплени имотот“, рече Џејмс во интервју за Еј-Би-Си Њуз.

Трамп, републикански кандидат на претседателските избори во САД во ноември, има намера да поднесе жалба на пресудата на њујоршкиот граѓански суд усвоена во февруари, со што автоматски ќе се запре извршувањето на одлуката на судот.

За да поднесе жалба, тој прво мора да уплати пари на сметка на апелациониот суд или гаранција за целиот износ, но, според адвокатите, 30 осигурителни компании ги одбиле неговите барања да му помогнат.

Адвокатите на Трамп побараа од апелациониот суд да го одложи издавањето гаранција додека не заврши неговата жалба на случајот, тврдејќи дека вредноста на имотот на Трамп далеку ја надминува пресудата.

Судијата Артур Енгорон минатиот месец пресуди дека Трамп и неговата компанија незаконски ја преувеличувале вредноста на нивното богатство и манипулирале со вредноста на имотот за да добијат поволни заеми од банките и поволни услови од осигурителните компании. Тој нареди Трамп да и плати на државата Њујорк 355 милиони долари, со камата, 464 милиони долари.

Енгорон, исто така, им нареди на синовите на Трамп, Доналд Трамп Јуниор и Ерик, да платат по речиси 4,7 милиони долари.

На поранешниот финансиски директор на организацијата Трамп, Ален Вајзелберг, му беше наложено да плати 1,1 милион долари.

Енгорон, исто така, издаде тригодишна забрана за Трамп да раководи со која било њујоршка компанија или да бара кредит од банки регистрирани во државата Њујорк, додека на неговите два сина им беше забрането да заземаат лидерски позиции во фирми на две години.

Судијата рече дека „целосното отсуство на каење кај обвинетите се граничи со патологија“.

Трамп минатиот месец плати кауција од речиси 92 милиони долари во тужба за клевета, додека ја обжали пресудата во тужбата поднесена од њујоршката писателка Е. Џин Керол, која го тужеше за сексуален напад и клевета.

Приведени три лица, претрес во Скопје, пронајдена дрога

Двајцата биле лишени од слобода. Претходно, од слобода бил лишен и З.Д.(50) од Скопје, кој во текот на денот бил во домот на Г.П. и користел хероин. 

По преземени мерки и добиени сознанија дека подолг период врши продажба на дрога на зависници во Скопје, вчера полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога - Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи при Оддел за криминалистичка полиција, во координација Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје и Специјалната антитерористичка единица Тигар, со судска наредба, извршиле претрес во домот и други простории на Г.П.(45) од Скопје.

Како што денеска соопштија од МВР, при претресот биле пронајдени и одземени хероин, дигитална вага, повеќе предмети со остатоци од хероин и повеќе други вредни предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела. При претресот во домот на Г.П. бил затекнат и Д.Ж.(46) од Скопје.

- Двајцата биле лишени од слобода. Претходно, од слобода бил лишен и З.Д.(50) од Скопје, кој во текот на денот бил во домот на Г.П. и користел хероин. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави, се наведува во соопштението од МВР.

Радукану се повлече од турнирот во Мајами

Британската тенисерка Ема Радукану се повлече од ВТА турнирот во Мајами (САД), објави „Sky Sports“.

Тенисерката ќе го пропушти турнирот поради повреда на грбот. Неа во главната ждрепка ќе ја замени Ана-Каролина Шмидлова.

Радукану во првото коло на турнирот во Мајами требаше да игра против Ксиу Ванг од Кина.

На последниот турнир во Индијан Велс (САД), Радукану стигна до третото коло, во кое загуби од Арина Сабаленка од Белорусија (3:6, 5:7). /МИА

притисни ентер