Полиција го спроведе Јанакиески на суд

 Миле Јанакиески обвинет во случајот „Топлик" денеска на суд беше спроведен со полициска придружба, откако тоа на претходното рочиште го побара судијата Осман Шабани.

Изминатите рочишта за случајот „Топлик" беа одложени од причина дека обвинетиот Јанакиески, го искршил коленото.

Кортни Лав не е обожавателка на Тејлор Свифт

Американската рок-пејачка и вдовица на рокерот Курт Кобејн, Кортни Лав не е обожавателка на Тејлор Свифт...

Таа проговори за тоа во нејзиното интервју за „Стандард“ (The Standard) каде што нагласи дека Тејлор не ѝ е занимлива како уметница.

- Тејлор не е важна. Таа можеби е безбедно засолниште за девојките и веројатно е Мадона на денешницата, но не е интересна како уметничка, изјави Лав и ги разбесни љубителите на Тејлор Свифт.

„Кортни секогаш ги напаѓа помладите, поубави и поуспешни жени од себеси. Оди најди работа“, гласи коментар од обожавател.

Во истото интервју Лав изјави дека не ги сака посебно ни Лана Дел Реј, ни Бијонсе, ниту Мадона. Од друга страна, пак, луѓето „откопаа“ нејзина Твитер-објава од 2021 година каде таа ѝ посакала среќен роденден на Тејлор Свифт и ѝ порачува дека е „инспирација за младите жени“ денес.

- Одлично е што има толку многу успешни жени во музичката индустрија, но многу од нив стануваат „клише“... Сега, секоја успешна жена добива свој клон, па има премногу музика. Сите се исти. Ако пуштите нешто на „Спотифај“, ќе бидете бомбардирани со многу работи коишто се сосема исти, појасни Кортни.

Инаку, рокерката која е на самиот праг од седмото десетлетие од својот живот, ќе има серија аудиоразговори за „Би-би-си рејдио 6“ под наслов „Жените на Кортни Лав“ (Courtney Love’s Women), во којашто таа се осврнува на музичарките кои влијаеле врз неа во текот на нејзината кариера.

Претседателските кандидати и денеска продолжуваат со средби со граѓаните и со митинзи

Претседателските кандидати и денеска продолжуваат со средби со граѓаните и со митинзи во повеќе населени места.

Претседателските кандидати и денеска продолжуваат со средби со граѓаните и со митинзи во повеќе населени места.

Kандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Дојран, Валандово и во Гевгелија.

Стево Пендаровски, актуелен претседател кој се трка за втор мандат, денеска ќе биде на средби со жителите на Чашка и Свети Николе, додека централниот митинг ќе го одржи во Велес.

Максим Димитриевски, кандидат на движењето ЗНАМ - За наша Македонија, ќе оствари средби со граѓани на Зелениот пазар во Скопје. Кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска ќе има средби со граѓани во Виница.

Кандидатот на коалицијата вреди Арбен Таравари ќе одржи прес-конференција кај плоштадот „Скендербег“, во Скопје, додека форумот на жени на коалицијата Вреди ќе одржи регионална конференција на тема „жените во одлучувањето како квалитет на демократијата“.

Покетино: Кавгата за пеналот покажува дека имаме многу да учиме

Тренерот на Челзи, Маурисио Покетино беше исклучително задоволен од играта на неговиот тим во победата над Евертон со 6:0. Сепак, Покетино ја посочи ситуацијата околу изведување на пеналот како недозволива.

Имено, по дваесетина минути од почетокот на второто полувреме беше досуден пенал за „сините“ и тогаш околу тоа кој да го изведе се натегнуваа Николас Џексон и Кол Палмер.

-Не ми се допаднаа расправиите пред пеналот. Ние сме млад тим со многу за учење. Зборував со момчињата по натпреварот и се надевам дека никогаш повеќе нема да видиме вакво нешто. Им се извинувам на навивачите. Фудбалерите мора да се однесуваат како професионалци. Сите знаат дека пеналите ги изведува Кол Палмер, објасни Аргентинецот.

Челзи е во серија од осум натпревари без пораз. Екипата на „Стемфорд Бриџ“ последен пат загуби (0:1) на 25 февруари од Ливерпул.

Следен натпревар на „сините“ е полуфиналето од ФА Купот против Манчестер сити.

притисни ентер