Полицајката случајно го убила младиот Афроамериканец, протести низ САД (Вознемирувачко видео)

Насилните протести за новото полициско убиство на Афроамериканец во САД траат веќе три ноќи по ред, и покрај оставката на началникот на полицијата и полицајката што пукаше во 20-годишниот Даунт Рајт.

Даунт Рајт бил застрелан во неделата откако се спротивстави на апсењето и се обиде да им избега на полицајците со неговиот автомобил.

И според полицискиот извештај и снимките што ги објавија, се чини дека ова убиство било - несреќен случај. Имено, полицајката, според полицијата на Центарот Бруклин, по грешка наместо пиштол извадила електричен шокер од појасот.

Полицијата покажала снимка од камерата на телото на полицајката Ким Потер, во која се гледа тепачка помеѓу Рајт и неа и нејзините двајца колеги. Рајт, се бранел од полицајците кои се обидувале да му стават лисици, се вратил кон автомобилот, а на снимката се гледа како полицајката вади пиштол и вика „шокер“.

"Шокер! Шокер! Шокер!" вика полицајката со пиштол вперен кон Рајт, кој седи на седиштето во автомобилот. Потоа се слуша истрел. Застреланиот Рајт сè уште ја затвора вратата на автомобилот и дава гас, а Потер во шок вика: „Ср**е, го застрелав!“

„Мое верување е дека полицајката имала намера да го употреби својот шокер, но наместо тоа го застрелала со еден куршум“, рече шефот на полицијата Тим Ганон, кој потоа поднел оставка.

Ми се чини, од она што го видов и од реакцијата на полицаецот и стресот што следел, дека пиштолот случајно испукал, што резултирало во трагичната смрт на господинот Рајт “, додаде шефот на полицијата Тим Ганон:„ Ништо не можам да кажам за да ја намалам болката“.

"Ова е навистина трагичен настан, но мора да почекаме за резултатите од истрагата. Во меѓувреме, би сакал уште еднаш да бидам јасен: апсолутно нема оправдување за насилството. Мирните протести се разбирливи. Бидејќи ја чекаме целосната истрага, знаеме што да сториме за да одиме напред.: вратете ја довербата и осигурете ја одговорноста за никој да не биде над законот “, рече американскиот претседател Џо Бајден, повикувајќи на прекин на насилните протести поради убиството од страна на полицијата.

Иако точниот модел на пиштолот и шокерот што го носела полицајката Потер не е познат, сликите на вообичаени видови оружје што ги носеле американските полицајци - пиштолот „Глок 17“ и шокерот „Тасер Х265“ - покажуваат разлика меѓу нив.

Протестите започнаа уште во неделата кога стотици гневни граѓани се собраа пред зградата на полицискиот оддел во Бруклин во неделата вечерта. Полициските службеници во заштитна опрема испукале гумени куршуми, шок-гранати и солзавец.

Протестите продолжија ноќите и во понеделник и вторник, кога полицијата уапсила повеќе од 60 лица откако демонстрантите фрлиле шишиња и други предмети кон полициската станица. Протест е организиран и во Портланд, Орегон, каде радикалните левичари од движењето Антифа предизвикуваат немири, палеле и ја напаѓале полицијата од минатото лето. И овој пат се обиделе да ја запалат полициската станица.

Мајката на Рајт, Кејти Рајт, им изјави на новинарите дека добила повик од нејзиниот син во неделата попладне, велејќи дека полицијата го запрела затоа што имал освежувач за воздухот обесен на ретровизорот, што е нелегално во Минесота. Можела да ја слушне полицијата како му кажува на нејзиниот син да излезе од возилото, рече таа.

„Слушнав расправија и полицаец кој рече: Даунте, не бегај“, рече низ солзи.

Гувернерот на Минесота, Тим Валц, во изјавата рече дека ги следи протестите во Бруклин центар, предградие на Минеаполис, „додека нашата држава жали за уште еден црн живот што го однесе полицијата“.

Обвинителството допрва треба да одлучи дали ќе покрене обвинение против полицајката која наводно го убила Рајт во несреќен случај. Обвинителот Пит Орпут за Си-Ен-Ен се надева дека ќе може денеска да ја донесе одлуката.

Средба Ковачевски – Азески за приоритетите во економијата

Азески со порака до сите политички партии – позициите на комората се јасни.

Продолжуваат партиските консултации со бизнис заедницата во земјава за нивните предизборни програми, по ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ, и лидерот на Социјал демократите, Димитар Ковечвски оствари средбaсо првиот човек на Стопанската комора, Бранко Азески.

Нови мерки и политики, повисока минимална и просечна плата, економски раст, повеќе инвестиции, отворање нови работни места, унапредување на севкупните економски односи во државата – се само дел од мерките зацртани во програмата на СДСМ кои денеска беа презентирани и пред бизнисот.

Азески со порака до сите политички партии – позициите на комората се јасни.

Дополнително Азески се осврна и на законот за забрана на нефертрговски практики и листата на производи кои треба од есен да поевтинат. Според претседателот на Комората листа не треба да има, но вели нема да ја кочат примената на новото законско решение.

Изминативе денови претставници на политичките партии остварија повеќе работни средби со коморите во земјава, а очекувањата на бизнисот се дека тие ќе продолжат и во иднина, со цел да се чуе и нивниот став.

СДСМ: Понудата на ДПМНЕ е понуда за блокада на ЕУ, над 80% од листите се истите пратеници

Составот на кандидатските листи за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ потврди дека нема никаква промена во оваа партија.

Ова е понуда за блокада на европскиот пат на државата, тоа е кристално јасно.

Над 80% од предложените кандидати за пратеници се истите кои досега спроведуваа активна блокада на македонското Собрание.

Освен блокада на европскиот пат на државата повеќе од 2 години Собранието е под опструкции, блокади, кочење, од страна на ВМРО-ДПМНЕ

Наместо за интересот на граѓаните и државата се спроведуваа теснопартиски инетерси а често слушнавме и навреди и омаловажувања кон жените-пратенички.

Во време на криза во Собранието ја блокираа помошта за граѓаните и компаниите.

Беа против минималната плата и раст на платите и против членството на државата во ЕУ.

Тропаа и вревеа со вувузели во парламентот.

Граѓаните беа сведоци на одолговлекувања, бесмислени реплики, штанцање илјадници амандмани за блокада на законите, незакажување седници и неставање на дневен ред на клучни закони во парламентарните комисии, предводени од опозицијата.

Со истите лица на листите Белата палата потврдува дека се определува за блокада на европскиот пат на државата. Со ДПМНЕ е можно само враќање назад.

Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена и не можат да донесат никакви промени на подобро, напротив.

Затоа, кристално јасно е.

Изборот пред граѓаните на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност, враќање 10 години назад со ДПМНЕ далеку од ЕУ.

Прес-конференција, Санела Шкријељ, пратеничка

СДСМ

Фото: Тони Кукоч во белградска арена за Јокиќ: „Тој е плејмејкер“

Еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња, асот на Југопластика, Бенетон, Чикаго, Тони Кукоч даде свој коментар за најдобар играч на НБА лигата центарот на шампионот Денвер, Никола Јокиќ.

Легендарниот Пинк пантер од Сплит, Тони Кукоч освои три титули во НБА како член на познатата генерација на Чикаго Булс со Мајкл Џордан, Скоти Пипен и Денис Родман, но освои и три трофеи во Евролигата со славната Југопластика.

Минатата сезона Јокиќ ги предводеше Денвер Нагетс до нивната прва титула во историјата на франшизата од Колорадо, а претходно беше и два пати МВП на лигата.

„Денешните играчи кои доаѓаат од Европа се многу ценети и секој тим што оди во плеј-офот сака да има еден или двајца европски играчи. Европските играчи имаат способност да играат на повеќе позиции, полесно ги поврзуваат тимовите. Јокиќ... може да игра било што, на било која позиција. Кога ќе го погледнеш не е ни брз, ниту добар скокач, но неговиот мозок е две секунди пред нна сите други.Тој ја чита таа кошарка, нема да кажам дека игра, бидејќи во НБА не можеш да се играш, тоа е физички напорно, но се гледа дека тој е таму и ја чита играта. Го контролира целиот тим. Поради неговата висина игра центар, но тој е плејмејкерот на тој тим“, истакна Кукоч.

Славниот југословенски кошаркар потоа откри како легендарниот тренер од шампионските денови на Чикаго, Фил Џексон му објаснил дека шутирањето е можеби најмалку важното нешто во кошарката.

„Можете да ги прашате Џордан и Џексон за кошарката, но најважно е да се погледнете во огледало и да се запрашате што пропуштате. Ако сте искрени, тогаш брзо ќе дознаете. Мојата прва година со Булс , играв 27-29 минути, понекогаш почнував, но кога се врати Мајкл, тогаш почнував од клупа. Затоа Фил Џексон ми објасни дека не зависам од шутот,во кошарката има многу работи на кои треба да се работи.Шутирањето е можеби најважното.Треба да играш одбрана,се да знаеш, ... шутирам, промашувам, сакам да ја пресечам топката, мојот играч постигнува кош... Тогаш Фил Џексон ми рече дека тоа му пречи. “

Тони Кукоч и неговиот соиграч и пријател од Југопластика легендарниот Дино Раџа вчера беа гости на мечпот во Белград меѓу Партизан и Олимпијакос.

Двете кошаркарски легенди добија овации од преполните трибини .

притисни ентер