Полицајци обвинети за смртта на Џорџ Флојд, протестите продолжија

Афорамериканецот Џорџ Флојд, чија смрт предизвика незапаметени протести во САД, починал од срцев удар, покажа последната обдукција, која утврдила и дека починатиот имал коронавирус. 

Спротивно на првата обдукција која покажа смрт поради гушење, со втората се утврило дека срцето на Флојд претстанало да чука во моментот кога полицајците го собориле на земја. Ваквата вест сепак не ги намали размерите на протестите, ниту информацијата дека обвинението за убиство е проширено и на останатите тројца полијцајци, кои му асистираа на првообвинетиот Дерек Шови. Синот на Флојд, се појави во јавноста и порача дека борбата за достоинство мора да продолжи.

-Среќен сум дека сите полицајци се уапсени. Татко ми не заслужи така да почине, заслужуваме правда, изјави Квинси Мејсон, син на Џорџ Флојд

Во меѓувреме, растат критиките врз Трамп за начинот на кој се справува со протестите. Екс министерот за одбрана Џејмс Матис, кој беше разрешен токму од Трамп, во интервју за магазинот „Атлантик“ го обвини претседателот дека ја поделил земјата и оти бил првиот лидер што не се обидел ниту да ги обедини Американците. Следуваше експресен одговор од Трамп на Твитер, кој рече дека му било чест да го отпушти, како што рече, најпреценетиот генерал на светот, што претходно го направил и Обама. А, Обама прв пат се појави во јавноста и ги повика граѓаните, смртта на Флојд да ја искористат за вистинска промена.

-Kолку и да беа трагични изминатите недели, колку и да беа тешки, страшни и неизвесни, тие им дадоа извонредна шанса на луѓето да станат свесни за некои основни трендови и ни дадоа можност да работиме заедно и да ги надминеме. За да ја смениме Америка., изјави Барак Обама, поранешен претседател на САД

Антирасни протести се одржаа во неколку европски метрополи. Најтензично беше во Атина. Повеќе демонстрани се уапсени по судирот меѓу полицијата и левичарските групи во кои се користеа молотови коктели и солзавец.

Во Општина Велес до 11 часот излезноста 19,67 проценти

На 84 избирачки места во Општина Велес од вкупно 45.989 регистрирани гласачи, до 11 часот излегле 19,67 проценти или 9.046 граѓани со прави на глас.

Како што информира за МИА, претседателката на ОИК, Лили Велковска, на сите избирачки места гласањето се одвива во мирна и демократска атмосфера, без инциденти.

Во гостиварскиот регион најголема излезност има во Гостивар 10 проценти

Во гостиварскиот регион најголема излезност има во Гостивар 10 проценти, најмала во Маврово и Ростуше 3,5 отсто.

Според последните податоци до 11 часот во гостиварскиот регион на гласање излегле 10.129 граѓани. Најголем одзив има во Општина Гостивар, каде од вкупниот број избирачи 79,945 гласале 7,997, што е приближна излезност од 10,00 отсто.

По селата во подшарпланинскиот регион, во Општина Врапчиште на гласање излегле 1.781 граѓани од вкупно запишаните 25.913 со што излезноста достигнува 6,87 отсто.

Во најмалубројната општина која од оваа година е во ИЕ5 Маврово и Ростуше на гласање излегле 351 од вкупно 9,996 избрачи што е приближно 3,51 отсто.

Засега не се регистрирани застои или прекршувања на изборниот процес.

Одѕивот на гласањето до 11 часот над 15 отсто

Излезноста на гласачите до 11 часот според обработени податоци од 3.319 избирачки места од вкупно 3.480 изнесува 15,51 отсто.

Според Државната изборна комисија, на овие избирачки места гласале 281.308 избирачи.

Врз основа на податоците од веб-страната rezultati.sec.mk во Изборната единица 1 гласале 17,66 отсто од вкупниот број избирачи, во Втората изборна единица 14.34 отсто, во Изборната единица 3 одѕивот на гласање до 11 часот 18,86 отсто, во Изборната единица 4 – 18,55 отсто, во Изборната единица 5 – 15,02 отсто и во Изборната единица 6 има најмала излезност, односно на гласање излегле само 9,26 отсто од вкупниот број запишани избирачи.

За споредба на предвремените парламентарни избори во 2016 година до 10 часот одѕивот на гласачите бил 9,52 отсто, додека на претседателските избори што се одржаа минатата година излезноста до 10 часот изнесувала само 6,16 отсто.

Државната изборна комисија се очекува со нов пресек за излезноста на гласачите да излезе на прес-конференција во 13 часот и 30 минути.

притисни ентер