Полицаец и уште три лица се убиени во престрелка во САД (ВИДЕО)

Четири лица загинаа, меѓу кои и еден полицаец, откако патролата одговорила на повикот поради семејно насилство во округот Клејтон, јужно од американскиот град Атланта.

Додека полицијата одговарала на итен повик во куќата во гратчето Рекс, до диспечерот пристигнале повеќе повици дека имало истрели, пренесе АП.

Истрагата утврдила дека непосредно пред да пристигне патролата, маж убил две жени и ранил момче (12) во лицето.Кога пристигнале повеќе патроли, полицајците се соочиле со вооружениот маж кој пукал и го убил полицаецот Хенри Лаксон и ранил уште еден полицаец, соопшти Бирото за истраги во Џорџија (ГБИ).

Полицијата возвратила и го убила мажот на лице место, додаде ГБИ.

Истрагата утврдила дека непосредно пред да пристигне патролата, маж убил две жени и ранил момче (12) во лицето.

ГБИ не ги соопштиле имињата на убиената жена и убиецот.

Началникот на полицијата во округот Клејтон изјавил дека момчето е во критична, но стабилна состојба и очекува ранетиот полицаец да преживее.Лаксон е третиот полицаец во Џорџија кој е убиен на должност од ноември, објави телевизијата WSB.

Ѓоковиќ купил данска фирма која развива лек против Ковид

Новак Ѓокович купил 80 отсто удел во данската компанија „QuantBioRes“, која развива терапија против Ковид-19, потврди генералниот директор на компанијата Инан Лочаревиќ за Ројтерс.

Според данскиот деловен регистар, Јелена и Новак Ѓоковиќ се вистински сопственици на данската компанија од 3 јули 2020 година. Уделот на Јелена во сопственост е 39,2 отсто, а на Новак 40,8 отсто.

Директорот на компанијата Иван Лончаревиќ изјавил дека инвестицијата била реализирана во јули 2020 година, но одбил да каже колкава е нејзината вредност, пишува Ројтерс.

„QuantBioRes“ вработува 11 научници во Данска, Австралија и Словенија, а примарна цел на компанијата е да се развие лек против Ковид, а не вакцина, вели Лончаревиќ.

Компанијата развива пептид што го спречува коронавирусот да ги инфицира човечките клетки и очекува да започне со клинички испитувања во Велика Британија ова лето, вели Лончаревиќ.

Портпаролот на Ѓоковиќ не одговорил на барањето за коментар, пренесува Ројтерс.

Инаку, Ѓоковиќ не е вакциниран против Ковид, а деновиве е депортиран од Австралија и не може да настапи на Австралија Опен, пишува Индекс.хр.

Србија: Над 17.000 нови случаи со Ковид-19, починале 28 лица

Во последните 24 часа се регистрирани уште 17.318 новозаразени со коронавирусот во Србија.

Од последиците на Ковид-19 починале 28 лица.

На респиратори се наоѓаат 112 пациенти.

Како што е наведено, во последните 24 часа се анализирани 36.434 примероци а 2.619 лица се наоѓаат на болничко лекување.

„Intel“ планира да произведува чипови за рударење на Биткоин

„Intel“ најави дека следната генерација на системи за рударење на Биткоини би можела да се испорачува со „Intel Inside“ налепници.

Компанијата ги најави плановите за тоа дека на нивната претстојна конференција ќе се дискутира за „Bonanza Mine“ чип за рударење на Биткоин.

„Bonanza Mine“ е опишан како ефикасен, „ASIC“ за рударење на Биткоин со ниска потрошувачка, според податоците и документацијата кои се потпишани од страна на тројца претставници на „Intel“.

Засега, програмата не укажува на тоа дали „Intel“ навистина планира да го испорача „Bonanza Mine“ како завршен производ или само како истажувачки проект.

„Intel“ претходно објави планови за блокчеин, како и дека тие нема да вклучваат стандардни процесори или графички карти. Тоа не претставува изненадување, со оглед на тоа дека Биткоин рударењето одмана е преминато на „ASIC“.

„Intel“ нема објавено информации за моќноста за рударање на новиот уред ниту дали ќе биде оптимизиран само за Биткоин.

притисни ентер