Погребник од Гостивар обвинува дека починати од Ковид-19 се преземаат без почитување на прописи

Сопственик на погребно претпријатие од Гостивар се пожали дека неодговорни поединци во гостиварската болница и погребници грубо ги кршат прописите за преземање на телата на лица кои починале од последици на Ковид-19. 

Тој се сомнева дека во целата работа има корупција и премолчена согласност на некои џамиски одбори кои се задолжени за погребување.

Лирим Кадриу, сопственик на погребното претпријатие „Ахирет" кое меѓу останатите услуги организира транспорт и погреб на лица починати од последици предизвикани од корона вирусот, е револтиран и бара од надлежните институции да го истражат случајот.

– Не може туку така да влезе ако за тоа нема поддршка од внатре, од некој од вработени во болницата. Таму некој ќе стави во џеб петстотини или илјада денари и ќе ја отвори вратата. Ова не може да биде ништо освен крадење на мртовец. Освен што ги кршат процедурите, ни прават директна штета. Ние кои работиме со лиценца, со посебни заштитни мерки мора да чекаме со часови, а некој ноќе ќе дојде и ќе го земе покојникот. Најопасно е тоа што се дозволува, со телата на заразените да ракуваат лица кои за тоа немаат дозвола, ниту смеат да го прават тоа. На таков начин ја шират и заразата. Само минатата недела, на ваков начин најмалку шест тела се изнесени и погребани, вели Кадриу.

Тој посочува дека, починатите од болничката капела може да изнесат откако ќе се исполнат формулари кои се дел од процедурите опфатени со закон. Од почетокот на пандемијата, особено е важно погребувањето на починати од Ковид-19 да се одвива според протоколи. Ова го знаат сите, вели тој, а за непочитување на прописите знаат и молчат од надлежните служби и џамиските одбори.

Од општата болница „Ферид Мурад" не ги коментираат наводите на погребникот, а реакција нема ниту од локалното муфтиство.

Проблеми со нарушување на правилата за погребување се појавија и летово. Јавноста беше шокирана кога во близина на градските гробишта и локалната депонија се појавија погребни ковчези. Кој и зошто ги расфрлал сè уште не се знае. /МИА

Во Македонска Каменица гласаат 6641 лице, излезноста до 9 часот 3,55 проценти

Во Македонска Каменица во рамки на Претседателските избори 2024 денеска треба да гласаат 6641 лица, кои се регистрирани во избирачкиот список. Гласачките места во оваа Општина биле отворени навреме, а гласањето се одвива без било какви проблеми.

До 09:00 часот кога е направен првиот пресек за излезноста на граѓаните од Општинската изборна комисија соопштија дека 3,55 е процентот на граѓани кои го оствариле своето право на глас

- Од вкупно регистрираните гласачи до 09:00 часот гласале вкупно 236 лица или 3,55 проценти од гласачите во Македонска Каменица го искористиле своето право на глас, информираа од ОИК.

Гласањето, како што додадоа, продолжува на избирачките места на кои граѓаните можат да го дадат својот глас за еден од седуммината кандидати за Претседател на државата.

Во меѓувреме, Општинската изборна комисија во соседната општина Делчево соопшти дека до 09:00 часот таму гласале 818 лица од вкупно 14.490 регистрирани гласачи што во проценти изнесува 5,65 проценти. /МИА

Жиру следната сезона ќе игра во американската лига

Оливие Жиру следната сезона ќе игра во американската МЛС лига.

Прославениот француски репрезентативец веќе потпишал договор на една и пол година со Лос Анџелес.

Напаѓачот во кариерата постигна 57 гола на 131 натпревар за Франција, а во новиот клуб ќе му се приклучи на долгогодишниот репрезентативен колега, голманот Хуго Лорис со кој го освои Светското првенство во 2018 година.

Французинот уште во март постигна договор со тимот од Лос Анџелес, а сега договорот е и официјално потпишан.

Жиру кариерата ја започна во Гренобл, потоа играше за Тур, Монпеље, потоа Арсенал, Челси, додека претходните три години играше за Милан, со кој беше и шампион на Италија.

Оваа сезона во сите натпреварувања за Милан Жиру постигна 15 голови. /МИА

Шест повредени во руски напад врз Харков

Руски ракети погодија изутрината станбени згради при што се повредени шест лица во украинскиот град Харков, напиша локалниот регионален гувернер Олег Синегубов на Телеграм.

Според Синегубов, во нападот биле погодени три станбени згради, две канцеларии и гасовод во централниот дел на градот. Оштетени се најмалку 568 прозорци и 33 автомобили.

Игор Терехов, градоначалникот на Харков, за украинската телевизија изјави дека во нападот биле употребени две ракети С-300, кои не предизвикале значителна штета на станбените области.

Според руски медиуми, во нападот се погодени воените бази во Харков, каде биле стационирани украински војници.

Терехов рече дека продолжува работата за обновување на снабдувањето со гас. /МИА

притисни ентер