Поевтинуваат Еуросупер БС-95 и мазутот, останатите нафтени деривати со непроменета цена

Цените на нафтените деривати остануваат непроменети, освен за Еуросупер БС-95 кој се намалува за половина денар. Пониска цена од полноќ ќе има и мазутот.

Согласно денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 67 денари за литар, а на Мазутот 34,5 денари за килограм.

Цената на Еуросупер БС-98 останува 69 денари, на дизелот 58,5 и на Екстра лесното масло за домаќинство 58 денари за литар.

Цените на нафтените деривати се менуваат секој понеделник.

Утре променливо облачно и студено

Времето утре ќе биде променливо облачно и студено, попладне со делумно намалена облачност. 

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 5 степени.

Следува период на променливо облачно и студено време. Во вторник локално ќе провејува слаб снег и ќе дува засилен северен ветер. Во среда ќе има преодно намалување на облачноста, а од четврток повторно повремено ќе има слаби врнежи претежно од снег, велат од УХМР.

Магла со видливост до 50 метри на патниот правец Тетово – Попова Шапка

Магла со видливост од 40 до 50 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, соопштија вечерва од Авто-мото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

– Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, се наведува во соопштението.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.

– Особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, се нагласува во соопштението.

За брзо возење на територија на СВР Битола санкционирани 87 возачи

Вкупно 87 возачи се казнети при засилената акциска контрола за санкционирање на лица кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната што денеска во периодот од 10.00 до 15.00 часот беше спреведена на територијата на СВР Битола. 

Од нив, како што информира МВР, 59 ја пречекориле брзината во населено место, а 28 надвор од населено место.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови же продолжат засилените акциски сообраќајни контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

притисни ентер