Поевтина струја за компаниите со либерализацијата на пазарот

Компаните што потпишаа договори за снабдување со електрична енергија на слободниот пазар, ќе имаат придобивки со намалени трошоци од 17 проценти до 30 проценти. Тој износ може да биде повисок зависно од понудата на снабдувачот, покажува анализата на Регулаторната комисија за енергетика по завчерашниот старт на втората фаза на процесот за либерализација на пазарот на електрична енергија.

Сите приватни компании што ги исполнуваат условите потпишале договор за снабдување и се вклучени во балансни групи преку своите снабдувачи. На слободниот пазар потребите за струја ќе ги задоволуават 222 компании со повеќе од 50 вработени и вкупен годишен приход поголем од 10 милиони евра.

- Првиот бенефит е тоа што тарифите кои ги објави РКЕ за дистрибутивните компании по напонски нивоа се пониски од 38 до 73 проценти од претходните просечни цени за дистрибуција. Вториот бенефит е што набавката на струја во овој период од сите снабдувачи беше со пониски цени од овие со оглед на тоа што и берзанските цени во овој период се ниски. Значи бенефитот кој ќе го имаат компаниите е навистина многу добар за нив. Соодветно на тоа единствен дополнителен трошок ќе биде плаќањето на дебалансите, рече денеска на прес-конференција претседателот на РКЕ Димитар Петров.

Според него, веќе има целосна размена на податоци со којашто сите балансно одговорни страни поставуваат номинации на пазарот на електрична енергија и тоа функционира беспрекорно добро. - Размената на податоци е соодветна на нивните претходно потпишани протоколи со операторот на пазарот, дистрибутивните оператори ЕВН и ЕЛЕМ енергетика. Сето тоа може да го следат и самите потрошувачи во предвидените термини за да си овозможат на некој начин правилно планирање на потребите од електрична енергија и да си ги намалат трошоците за евенетуални дебаланси кои ќе следат со првите фактури од 1 до 15 мај кога ќе ги имаме резултатите од овој нов систем, појасни Петров.

Договор веќе потпишале и 10 од вкупно 29 јавни претпријатија. Останатите 19 треба да распишат тендери и да склучат договори до следната одлука за промена на цената на 1 јули.

Со почетокот на втората фаза, наведе Петров, во РМ има реална либерализација на меѓу 45 и 50 проценти од пазарот на електрилчна енергија. Дел од слободниот пазар треба да станат и над 600.000 домаќинства и мали потрошувачи. Веќе од октомври ќе може да избираат снабдувач преку кој ќе добиваат струја од почетокот на следната година. Доколку не изберат ќе бидат обезбедени со струја преку крајниот снабдувач, кој останува регулиран и кој потпишува договор за набавка на енергија со ЕЛЕМ, којшто согласно законот и дадената лиценца има обврска за јавна услуга.

Одговарајќи на новинарски прашања, Петров рече дека нема реални причини за одложување на либерализацијата и на домаќинствата и на малите потрошувачи и оти во сите земји каде се спроведува тој процес не постои поевтинување на цената на енергијата за домаќинствата.

- Овој процес секаде во сите земји како крајна последица има зголемување на цената на дмаќинставата. Неки од земјите ова го направија одеднаш за исполнување на одередени критериуми за влез во ЕУ, а некои во чекори. И ние го почнавме. Со оглед на тоа каков е приходот од претходните години и одлуките на РКЕ не се очекува драстични скокови на цената на енергијата и нема да го дозволиме затоа што има механизми во методоологијата тоа да се направи во неколку наредни години, рече Петров./МИА.

Тајрис Макси е играчот со најголем напредок во НБА

 Како што се ближи крајот на натпреварувањето во НБА лигата, така се повеќе се зборува за индивидуалните награди. Првата веќе пристигна.

Кошаркарот на Филаделфија, Американецот Тајрис Макси е добитник на наградата за играч кој најмногу напредувал во изминатиот период, објавено е на веб-страницата на НБА.

Мекси (23) доби повеќе гласови во финалниот избор од Коби Вајт од Чикаго и Алперен Шенгун од Хјустон. Наградата се доделува од 1985 година.

Минатата сезона победник беше Лаури Марканен од Јута, а меѓу оние кои досега ја освоија оваа награда се Горан Драгиќ, Паскал Сиакам, Јанис Адетокумбо, Пол Џорџ, Трејси Мекради, Зек Рендолф, Хидает Туркоглу итн. /MИА

Де Бруин ќе му се придружи на Роналдо ова лето?

Манчестер Сити не успеа во мисијата да ја одбрани тројната круна. 

Во четвртфиналето на Лигата на шампионите беа поразени од Реал, но затоа Сити се уште е во конкуренција за двојната круна во Англија и шестата шампионска титула во последните седум години.

Сепак, ова лето Манчестер Сити би можел да остане без својот најдобар играч Кевин де Бруин.

Фантастичниот триесет и тригодишен Белгиец под водство на Гвардиола освои се и остави голема трага во Премиер лигата.

Актуелниот договор на Де Бруин истекува во летото 2025 година, а саудиски Ал Наср сака да ја искористи таа ситуација. Белгиецот моментално вреди 60 милиони евра на пазарот, но доколку клубот на Роналдо го сака играчот на Манчестер Сити, ќе мора да плати многу поголема отштета.

Во Манчестер Сити Де Бруин заработува околу 21 милион евра по сезона. /МИА

Тела на 19 мигранти пронајдени кај брегот на Тунис

Телата на 19 лица се пронајдени во близина на брегот на Тунис, еднo од главните влезни места за мигранти кои сакаат да го преминат Средоземното Море во Европа, а полицијата уапси петмина шверцери на луѓе.

Крајбрежната стража на Тунис соопшти дека ги пронашла телата во вторникот во близина на пристанишните градови Махдија и Сфакс, вториот по големина град во земјата каде што мигрантите се судрија со полицијата во последните недели.

И покрај ризиците, мигрантите продолжуваат да се обидуваат да преминат од Северна Африка во Европа, патувајќи со брод преку Средоземното Море од Мароко, Алжир, Тунис и Либија до Италија, Грција, Малта и шпанските Канарски Острови. Повеќе од 49.000 луѓе дојдоа во Европа по море оваа година, вклучително и повеќе од 7.000 од Тунис до Италија.

Многу повеќе се обиделе да ја поминат оваа рута, вклучително и илјадници кои биле пресретнати од северноафриканските власти, а се проценува дека 473 лица се мртви или исчезнати, според Меѓународната организација за миграција на ОН. /МИА

притисни ентер