Поднесено обвинение во предметот познат како „Лидери"

По спроведена предистражна и истражна постапка од поранешното Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице во предметот во јавноста познат како „Лидери". Обвинетиот педесетгодишник од Скопје се товари за кривично дело – Бесправно градење согласно член 244-а став 1 од Кривичниот законик.

Како што се наведува во соопштението од државното јавно обвинителство, во периодот од септември 2011 до февруари 2013 година, обвинетиот градел на земјиште во државна сопственост на булеварот „Никола Карев" во Скопје, за кое во 2004 година имал склучено Договор за закуп и користење на пасишта со ЈП за пасишта – Подружница Бит Пазар – Скопје. Иако согласно договорот бил корисник на земјиштето за период од 10 години, тој инвестирал во градба на армирано-бетонски објект од втора категорија. Без одобрение за градба тој изградил станбена зграда на два ката со вкупна корисна површина од 1.001 м2, со деловен простор и шест стана, се посочува во соопштението.

Видео: Корејци ја пеат „Молитва“ од Марија Шерифовиќ

На интернет се појави снимка на која музичка група од Кореја ја пее песната „Молитва“ на натпревар за пеење.

На нивните способности не остана рамнодушна ни самата Марија Шерифовиќ, која со оваа песна и донесе победа на Србија на Евровизија во 2007 година.

Пејачката го изрази своето воодушевување од нивната изведба на својот Инстаграм профил.

Таа во објавата напомена дека ова е најдоброто изведување на нејзината песна, и напиша прекрасна порака упатена до талентираните Корејци.

„Ви посакувам се најдобро во понатамошната кариера и натпреварување. Се гледаме наскоро“, напиша пејачката.

Фото: Елена Китиќ ги запали социјалните мрежи

Таа објави фотографија во костим за капење, која го покажува нејзиното совршено тело и облини.

Ќерката на пеачкиот пар Миле Китиќ и Марта Салиќ, Елена Китиќ е активна на социјалните мрежи, а фановите неретко ги изненадува со смели фотографии.

Имено, Елена, судејќи по објавите, отпатувала во потоплите краишта. Елена најпрво објави фотографија во костим за капење од една од плажите во Доминиканската република, за потоа да објави снимка на која се гледаат убавините на оваа луксузна дестинација.

Фотографијата во костим на капење на која го покажува своето совршено тело и облини, наиде на многу позитивни реакции од фановите.

„Згодна“, „Убавице“, „Жена бомба“, се само дел од коментарите.

Сирискиот претседател и неговата сопруга имаат корона

Претседателот н Сирија Бапар Ал Асад и неговата сопруга Асма се заразени со коронавирусот, но се добро и нивната состојба е стабилна, објави денес претседателството, додека во земјата расте бројот на заразени.

Ал Асад и сопругата Асма направиле ПЦР тест откако почувствувале благи симптоми на корона.

Тие ќе бидат во изолација две до три недели.

„Во текот на изолацијата која ќе трае измеѓу две и три недели тие ќе продолжат со работата од дома“, додава претседателството во соопштението.

На почетокот на март министерството за здравство извести за зголемување на бројот на инфекции и повика на строго почитување на дистанцата и оцени дека таа земја не е поштедена од другите варијанти на вирусот.

Власта на крајот на февруари најави почеток на кампања за вакцинирање на медицинскиот персонал. Сирија доби 5000 дози од кинеските вакцини за 2500 медицинари, според дневниот весник „Al-Watan“, близок до власта. Сирија исто така одобри употреба на руската вакцина.

притисни ентер