Поднесено обвинение против таткото на Васил Јованов–му го давал возилото - Канал 5

Поднесено обвинение против таткото на Васил Јованов–му го давал возилото

Поднесено обвинение против таткото на Васил Јованов–му го давал возилото
Повеќе од две години таткото на Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова на Партизанска, му го давал автомобилот на својот син иако немал возачка дозвола и е повеќекратен сторител на сообраќајни прекршоци и кривично дело. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Сане пред нов договор со Баерн

Германскиот крилен напаѓач Лирој Сане (29), чиј договор со Баерн истекува на крајот на јуни, најверојатно ќе остане во баварскиот клуб, објавија денеска германските медиуми.

Сане пред нов договор со Баерн

Истите извори наведуваат дека иако Сане не беше задоволен од понудата на најтрофејниот германски клуб, позициите на двете страни се приближиле околу продолжување на соработката.

Баерн му понуди тригодишен договор со фиксна годишна плата од десет милиони евра и до пет милиони во бонуси. Сане бараше повисока фиксна плата, но најновиот предлог на неговиот менаџер е блиску до она што го нуди клубот од Минхен. Во двата случаи, Сане би заработувал 15 милиони евра по сезона со бонуси.

Сане ја почна својата кариера во Шалке и се пресели во Манчестер Сити во летото 2016 година. По четири сезони во Англија се врати во Германија, а во јули 2020 година потпиша за Баерн, кој плати трансфер од 49 милиони евра. Оваа сезона Сане постигна 13 голови и додаде шест асистенции. /МИА

Социјалистичката партија на Еди Рама со убедливо водство по вчерашните парламентарни избори

Социјалистичката партија на Еди Рама убедливо победи на вчераодржани парламентарни избори во Албанија, со што албанскиот премиер е на пат да добие четврти последователен мандат.

Социјалистичката партија на Еди Рама со убедливо водство по вчерашните парламентарни избори

Според се уште нецелосно пребројаните резултати на албанската Централната изборна комисија, социјалистите во чија коалиција е партијата на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, освоила 52,5 проценти од гласовите, односно 83 пратенички мандати во 140-члениот парламент.

Зад нив, со 34,5 проценти е коалцијата предводена од Демократската партија на Сали Бериша, која освојува 51 пратеничко место. Рама, која според резултатите самостојно ќе може да формира влада, во предизборната кампања фокусот го стави на забрзување на членството во Европската унија, со амбиција Албанија преговорите да ги заврши за две години.

Театар Провокација со претставата „Земја на штркови“ на турнеја во регионот

​Скопската публика оваа претстава имаше можност да ја погледне минатиот месец во Младинскиот културен центар (МКЦ).

Театар Провокација со претставата „Земја на штркови“ на турнеја во регионот

Независниот театар Театар Провокација со претставата „Земја на штркови“ ќе има неколкудневна турнеја низ регионот, која почнува утре со учеството на фестивалот „Друмеви театрални празници“ во Шумен, Бугарија. Од 15 мај до 18 мај предвидени се и гостувањата во Србија, низ градовите: Белград, Вршац и Јабука.

- Претставата „Земја на штркови“ е за големиот бран на иселување на младите луѓе од својата татковина. Оваа претстава и ги следи животните разидувања на два пара во однос на иселувањето од Македонија. Едниот – разделен пред 20-тина години, а другиот – го живее моментот на разидување од истите причини, соопшти Театар Првокација.

Освен големиот бран на иселување на Македонците во последниве неколку години, претставата „Земја на штркови“ е и за очајната потреба од системски промени, како главна причина за заминување на младите во поразвиените земји.

Скопската публика оваа претстава имаше можност да ја погледне минатиот месец во Младинскиот културен центар (МКЦ).

Во претставта играат: Мирјана П.Ристов, Радо Алексовски, И.Јакимова и Р. Ристов. Текстот е работен по мотиви од „Топлината во ноември“ од Јана Добрева.

Костимите се на Елена Лука, автори на музиката се Оливер Јосифовски и Давор Јордановски, а вокалот е на Вера Милошевска - Љубојна. За сценските движења е задолжена Кренаре Невзати, а адаптацијата на текстот, сценографијата и режијата се на Роберт Ристов.

Досега Театар Провокација ги реализираше следниве претстави: „Скандал“, „Ожени ме“, „Разведи ме“, „Пациенти“, „Земја на штркови“, како и претставите за деца: „Веселиот Дедо Мраз“, „Како ли да го задржам Дедо Мраз кај нас“, „Зеленковци“, „Јас сум Акико“, „Другарство“, „Штурците и мравките“.

На 9 април годинава во МКЦ беше изведена јубилејната 50-та изведба на претставата „Разведи ме“ во режија на Роберт Ристов. Во претставата играа актерите Мирјана Ристов и Роберт Ристов, а во видеата, кои се дел од дејствието учество земаа: Зорица Панчиќ, Благоја Чоревски – Чоре и гостинот од Бања Лука - Љубомир Свановиќ.

Театар Провокација учествувал и на два фестивала: Фестивал на балканската независна театарска сцена „Провокација“ и Фестивалот на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ – Неготино.

притисни ентер