Поднесено обвинение против 11 лица за злоупотреби при издавањето пасоши

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против 11 лица во врска со злоупотреби извршени при издавањето на патни исправи, соопшти Обвинителството. 

Со поднесениот предлог, 10 лица се обвинети за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик, а едно лице е обвинето за поттикнување при извршувањето на истото кривично дело.

Обвинетите, како службени лица вработени на различни позиции во МВР – Одделение за управни работи Скопје, поттикнати од обвинетиот Раиф Мифтари, кој е недостапен на органите на прогон, во период од средината на месец јуни 2017 година до крајот на 2020 година, во повеќе наврати со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија, што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос, исти прилики или други слични околности.

Со искористување на својата службена положба и овластување, тие прибавиле за себе материјална корист, правејќи лажни јавни исправи со намера таквите исправи да се употребат како вистински. Притоа употребиле податоци за идентитети на лица, државјани на РСМ, кои до сега не побарале и не се стекнале со македонска биометриска патна исправа, а се иселени од Македонија или од раѓање живеат во странство, кои немаат остварено влез во РСМ, но поседуваат македонско државјанство. Потоа обвинетите ги користеле податоците на овие лица за изработка на патни исправи, со вметнување на фотографии од баратели на патни исправи кои заради криминални активности се бараат со меѓународни потерници. Тие баратели потоа имале намера да ги употребат нелегалните македонски пасоши при премин на државни граници, легитимирајќи се со македонската патна исправа и прикривајќи го својот вистински идентитет.

Со тоа обвинетите овозможиле на незаконски начин 214 странски и еден македонски државјанин да се стекнат со патни исправи на РСМ под туѓ идентитет. Пасошите биле издавани заобиколувајќи ја постапката за издавање на патни исправи, визи и евиденција од Законот за патни исправи на државјаните на РМ, спротивно на Упатството за начините на спроведување на постапката за издавање на патна исправа, во најголем број случаи без закажан термин за фотографирање преку систем „Симболико", без проверка на идентитетот на подносителот на барањето со постоечките податоци во централниот систем, спротивно на Упатството за земање на биометриски податоци и приложени докази и соодветност на податоците кон барањето, без почитување на предвидените рокови за изработка и издавање на патни исправи и утврдување на идентитетот на подносителот на барањето.

Јавниот обвинител за седуммина обвинети, меѓу кои и лицето недостапно на органите на прогонот побара продолжување на претходно определената мерка притвор. Едно лице од претходно е во притвор во постапка за друго кривично дело. За тројца пак на сила се определени мерки на претпазливост.

Обвинителството продолжува да истражува за вмешаност и на други лица во издавањето на нелегалните патни исправи. Па така, надлежниот јавен обвинител до Министерството за внатрешни работи издаде Наредба за да се утврди кои лица во организационите единици на МВР за издавање пасоши, според хиерархиска поставеност, биле обврзани да вршат надзор врз издавањето на пасошите, вклучувајќи ги и наведените спорни пaсоши, во целиот критичен период. Ќе треба да се утврди кои вработени во МВР, освен сега обвинетите, имаат пристап до личните податоци (имиња, ЕМБГ и адреси) на државјани на Република Северна Македонија кои немаат извадено патни исправи. Понатаму, МВР е задолжено преку своите инструменти во државата и во странство да провери дали и кога спорните пасоши биле употребувани на домашни и странски гранични премини, а воедно да направи и други проверки и се ова да го документира со писмени докази.

Исто така, и Јавното обвинителство интензивно ќе обезбедува докази со испитување лица кои имаат податоци околу издавањето на спорните пасоши.​

Џеј Ло во секси поза, чија е раката на нејзиниот задник? (ФОТО)

Додека има гласини за наводно помирување на поранешната двојка, Џенифер Лопез и Бен Афлек, Лопез реши да ги игнорира сите гласини и да се посвети на работата.

Таа снима во Мајами, а нејзиниот стилист Роб Зангарди објави фотографии од Џеј Ло во предизвикувачка модна комбинација. Носи црвен фустан со длабок шлиц и наметка.

Модната комбинација ја надополнила со големи обетки и неутрална шминка.

„Тој сјај на Џеј Ло“, напишал стилистот покрај фотографијата.

Освен што нејзините обожаватели делат комплименти, тие забележале и нечија рака на нејзиниот задник.

„Ова е најсексипилното нешто што некогаш сум го видела“, „Каде можам да се пријавам за да работам со тебе?“, „Кој е среќникот што ти го држи задникот?“, „Кралица“, се само некои од коментарите.

Имено, човекот на фотографијата е шминкерот Скот Барнс.

Ги имитира топлес позите на Ирина Шајк, па доби повеќе лајкови (ВИДЕО)

Снимката со Ирина Шајк, во кое ги покрива градите со раце, на Инстаграм ја погледнале 1,5 милиони луѓе, но пародијата на австралиската комичарка собрала дури 800 000 прегледи, и тоа за три дена помалку.

Селест Барбер се прославила со ироничните и смешни имитации на совршени, често нереални фотографии од познати личности, а последна на удар беше 35-годишна руска манекенка.

„Буахахааха“, „Ме убиваш секој пат“, „Умирам од смеа“, се само некои од реакциите, кои се прилично чести кога станува збор за нејзините имитации, на кои таа ја изгради својата слава на Инстаграм.

Имено, 7,9 милиони луѓе ја следат на таа социјална мрежа.

Кинески ровер ноќеска ќе се обиде да слета на Марс

Кина треба да се обиде да го спушти својот прв ровер на Марс вечерва околу 1 часот по полноќ. Станува збор за многу ризичен потфат што успешно го постигнале само половина од леталата што стигнале до Црвената планета.

Слетувањето е предвидено за сабота во 1 часот по полноќ, иако засега Кинеската национална вселенска агенција (ЦНСА) сè уште официјално не го потврдила тоа.

Планирана е мисијата наречена Тијанвен-1 (Прашања до рајот) во две фази. Првата фаза, испраќањето на леталото во орбитата на Марс, беше успешно завршена. За време на втората, кинеското вселенско летало би требало да спушти орбитер и ровер на Марс.

Тијанвен-1 се состои од три компоненти: орбитер, летало и роботско возило, а масата на целото вселенско летало е околу 5 тони. Ќе се обиде да слета на копно со роверот на површината, додека орбитерот ќе продолжи да кружи околу Црвената планета.

Роверот со соларен погон е тежок 240 килограми, а по слетувањето три месеци ќе бара биомолекули и други знаци на живот, по што неговата мисија завршува. Орбитерот, пак, треба да кружи околу Марс уште две години.

Роверот наликува на роверите на НАСА 2000 Спирит и Опортјунити, а се напојува со соларни панели.

Кога станува збор за истражување на Црвената планета, досегашната статистика е добро позната - скоро половина од сите претходни обиди не успеале. Првиот обид на Кина да испрати сателит „Јингхуо-1“ на Марс пропаднал бидејќи нејзиниот руски носач престанал да работи и се урна во Тихиот океан.

Доколку Тјанвен-1 безбедно слета на тлото на Црвената планета, тоа ќе биде првото слетување на Марс во последните неколку децении, што не било извршено од НАСА. Иако Советскиот сојуз го спушти леталото на површината на Марс во 1971 година, тоа престанало да работи 110 секунди по слетувањето, по што е изгубен контакт со него. Досега само САД успеале да слетаат на Црвената планета, осум пати од 1976 година.

Повеќе од половина од леталата што требало да ја допрат земјата на Марс или експлодирале, или изгореле, или се скршиле на површината.

Во случај мисијата да успее, Кина ќе стане трета земја во светот која успешно ќе слета на површината на планетата или втора чиј ровер детално ја истражува оваа далечна планета.

притисни ентер