Поднесени 500 амандмани на Предлог измените на Изборниот законик

Претседателката на Комисијата Соња Мираковска за МИА изјави дека за измените се поднесени 500 амандмани. 

Поднесени 500 амандмани на Предлог измените на Изборниот законик

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците попладнево не го утврди дневниот ред на седницата на која требаше да расправа за Предлог измените и дополнувањата на Изборниот законик, откако тие претходно влегоа во собраниска процедура по скратена постапка, како дел од дневниот ред на 49 седница на Собранието.

Претседателката на Комисијата Соња Мираковска за МИА изјави дека за измените се поднесени 500 амандмани. Главна причина да се прекине работата на Комисијата, како што рече, биле поднесените амандмани и потребата да се средат материјалите, но и да се остави повеќе простор за изјаснување на пратениците по упатените забелешки.

Според Мираковска, се очекува седницата да продолжи утре, откако ќе се подготват материјалите.

Измените и дополнувањата на Изборниот законик се предложени од пратениците Јован Митрески, Александар Николоски, Никола Мицевски, Арбер Адеми, Скендер Реџепи.

Како што образложи Митревски, предложените измени на Изборниот законик произлегуваат од последниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР поврзан со предвремените избори во 2020 година и оти дошле по повеќемесечна сеопфатна дебата меѓу партиите и работната група на Министерството за правда.

– Со измените се опфатени сите делови на извештајот на ОБСЕ-ОДХИР и со истите се овозможува поголема ефикасност на изборните органи, се зголемува и подобрува ефикасноста и транспарентноста во изборниот процес, се прецизираат, појаснуваат и поедноставуваат одредени делови од процесот, надлежноста на изборните органи и другите институции и се подобруваат и се воведуваат нови изборни дејствија и рокови пред сè кои се поврзани од досегашното искуство и пракса при спроведувањето на изборите од страна на Државната изборна комисија, но и кои произлегуваат од воведувањето на нов начин на идентификација на гласачите и делумно нов начин на гласање за советници во општините преку отворени-преференцијални листи на кандидати, рече Митревски. /МИА

Орбан: Брисел се подготвува за војна иако во моментов нема закана од војна

 Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Брисел се подготвува за војна, иако, како што наведе, во моментов нема закана од војна.

Орбан: Брисел се подготвува за војна иако во моментов нема закана од војна

„Нема закана од војна, Унгарија нема да војува со никого. Остануваме на страната на мирот и ако Европа започне војна, ние сигурно нема да влеземе во неа“, рече Орбан на прес-конференција, пренесе МТИ.

Орбан рече дека во моментов не се чини дека Европа е под непосредна закана од војна и дека е многу малку веројатно дека „некој би нападнал членка на НАТО“.

Според него, оние кои се подготвуваат за војна обично го прават тоа за да покренат „некој чин на војна“, додавајќи дека во моментов се водат политички подготовки за подлабоко вклучување во конфликтот.

Унгарските семејства, рече Орбан, не треба да преземаат посебни мерки.

Алонсо за потенцијалниот договор со Реал Мадрид: „Ситуацијата сега е поинаква“

За разлика од претходните години, тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо нема понуди од ривалските клубови за кои би требало итни одлуки за неговата иднина, пишуваат германските медиуми.

Алонсо за потенцијалниот договор со Реал Мадрид: „Ситуацијата сега е поинаква“

Алонсо ја искористи репрезентативната пауза за националните тимови во март минатата сезона за да размисли за својата иднина, во услови на интерес од Баерн Минхен и друг негов поранешен клуб, Ливерпул, бидејќи двата тима бараа нови тренери пред следната сезона.

Шпанскиот тренер најави дека останува во Леверкузен пред да го води тимот до првата титула во Бундеслигата, а потоа да остане непоразен и да го додаде триумфот во Купот на Германија.

-Ситуацијата сега е поинаква. Во тоа време имаше што да се решава. Овојпат нема. Тоа е големата разлика, прокоментира Алонсо.

Договорот на стручњакот со Баер Леверкузен трае до 2026 година. Тимот беше во зоната за испаѓање во Бундеслигата кога Чаби Алонсо го презеде во октомври 2022 година. Единствениот пораз на тимот од Леверкузен минатата сезона беше во финалето на Лига Европа против Аталанта - пораз со кој заврши нивната рекордна серија од 51 натпревар без пораз во сите натпреварувања.

Баер Леверкузен моментално заостанува шест бода зад Баерн во поредокот со преостанати осум кола од Бундеслигата и се уште може да го одбрани трофејот во Купот на Германија, бидејќи игра полуфинале против Арминија Билефелд во вторник.

Алонсо останува меѓу најпочитуваните тренери на континентот и се смета за потенцијален наследник на Карло Анчелоти во Реал Мадрид - уште еден од поранешните клубови на поранешната шпанска ѕвезда. Но, Чаби Алонсо не попушта на размислувањата дали својата иднина ја гледа во Баер Леверкузен или на друго место.

-Моите размислувања се исти како што кажав претходно, останувам фокусиран на оваа сезона. Тоа е најважно, изјави Алонсо и додаде: „Се наоѓаме во важна фаза и не сакам да шпекулирам. Не сакам да размислувам за ништо друго освен за фудбалот“.

Рубио изрази загриженост за „нестабилноста“ во Турција

- Ги гледаме истите извештаи што сите други ги гледаат за тоа што се случува, им рече Рубио на новинарите во авионот со кој се враќаше од патување на Карибите.

Рубио изрази загриженост за „нестабилноста“ во Турција

Американскиот државен секретар Марко Рубио соопшти дека разговарал со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, кому му изразил загриженост за „нестабилноста“ што се гледа во Турција по апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу.

Рубио рекол дека Турција има внатрешно-политички проблеми и Вашингтон нема да ги коментира.

- Ги гледаме истите извештаи што сите други ги гледаат за тоа што се случува, им рече Рубио на новинарите во авионот со кој се враќаше од патување на Карибите.

- Секако дека сме загрижени за овие протести и некои од медиумските извештаи, додаде тој.

Шефот на американската дипломатија додаде дека претседателот Доналд Трамп имал „многу добри работни односи“ со турскиот претседател Таип Ердоган за време на неговиот прв мандат и оти Вашингтон сака да ги обнови тие односи и да соработува со Анкара за низа прашања.

притисни ентер