Поддршка од Словенија за ЕУ перспективата на Западен Балкан

Словенија како земја претседавач со Европската Унија беше дел од денешната конференција во Солун „Западниот Балкан учествува во дијалогот за иднината на Европа".

Државниот секретар од словенечкото МНР Гашпер Довжан истакна дека тие се подготвени за олеснување на процесот за членство на земјите од регионот во ЕУ, за тоа да се случи што е можно поскоро, јави дописничката на МИА од Атина.

Довжан рече дека за Словенија, Западен Балкан секогаш бил важен регион, а „сите знаеме дека ако Европа сака да биде глобален, посилен играч тоа би било можно само кога ЕУ ќе ги интегрира партнерите од Западен Балкан".

Истакна дека до крајот на оваа годiина земјата, како претседавач со Унијата, ќе ја користи секоја можност за да ја олесни соработката меѓу ЕУ и партнерите од Западен Балкан во повеќе области, односно кога станува збор за заеднички предизвици, како што се безбедноста, нелегалната миграција, животната средина, поврзаноста, но и справување со економските последици од пандемијата.

Порача дека во рамките на Конференцијата за иднината на Европа, важно е да се слушнат и гласовите на Западен Балкан.

Ставот дека и Западниот Балкан треба да биде дел од дискусијата за иднината на Европа, но и оти местото на регионот е во Европската Унија, го изразија и останатите учесници на денешната конференција во Солун.

Вршителот на должноста заменик- министер за надворешни работи на Босна и Херцеговина Бакир Садовиќ се осврна на солунската агенда од 2003 година, рече дека речиси 20 години подоцна, преку денешната конференција земјите од регионот даваат свој придонес во дискусијата што се води за иднината на Европа и Европската Унија и истакна дека „солунскиот дух е жив меѓу нашите пријатели".

Заменик- министерката за европски и надворешни работи на Албанија Меги Фино, спомена дека пред речиси 20 години од Солун, на „земјите од Западен Балкан им беше дадена јасна ЕУ перспектива" и додаде дека проширувањето Унијата е од стратешки интерес на ЕУ.

За посветеноста на Грција како во промовирање регионална соработка „без никој да биде исклучен" и за приближување на регионот до интеграција во ЕУ, говореше заменик-премиерката и министерка за надворешни работи и дијаспора, Доника Гервала-Шварц.

Вршителот на должност министерот за европски интеграции на Србија Мирослав Гачевиќ, во име на надлежната министерка се задржа на интересот на Србија за учеството преку идеи и предлози во дискусијата за иднината на Европа, додавајќи дека сите ќе имаат придобивки од вклучувањето на Западен Балкан во работата на конференцијата бидејќи значително ќе се зголеми чувството на земјите од регионот дека припаѓаат во европскиот простор.

Со сличен став беше и шефот на црногорската дипломатија Ѓорѓе Радуловиќ, кој рече дека уеството во конференцијата за иднината на Европа на земјите кандидати е важно и поради тоа што конференцијата може да биде важна политичка алатка за стимулирање на динамиката на процеост на проѓирување.

Во рамките на Конференцијата за иднината на Европа, во организација на алтернативниот шеф на грчката дипломатија Милтиадис Варвициотис, попладнево во Солун се одржа конференција за регионот „Западниот Балкан учествува во дијалогот за иднината на Европа", на кој учествуваше и заменик-претседателот на Владата на Македонија надлежен за европски прашања Никола Димитров, а заклучокот на учесниците од сите земји беше дека имале плодна, отворена и искрена дискусија./MИА

Средба на министерот Бесими со Матуела и Худолин од ЕУ

Дизајнирањето на макроекономските политики и мерките за поддршка на стопанството клучни за остварување забрзан раст.

Дизајнирањето на макроекономските политики, јавните финансии, структурните реформи, како и поддршката што ја дава Владата на стопанството за справување со пандемијата, како и зелената и дигиталната трансформација, беше тема на дискусија помеѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и Мишела Матуела, директор на Директоратот за проширување и соседска политика и Штефан Худолин, раководител за соработка во Делегацијата на ЕУ.

„Македонија е посветена на остварување економски раст и опоравување од пандемијата, со фокус на остварување подобар раст што би значело – зелен, дигитален, паметен, забрзан, инклузивен и одржлив раст. Планот за финансирање забрзан раст на којшто работиме има за цел да овозможи забрзан одржлив раст притоа одржувајќи финансиска стабилност преку мобилизирање капитал од приватниот сектор како дополнување на средствата од Буџетот", потенцира министерот.

На состанокот се дискутираше и за Законот за буџети, за реформата за унапредување на фискалната децентрализација којшто се подготвува во рамки на Министерството за финансии, како и за реализацијата на проектите што се финансирани од инструментот ИПА.

Во однос на преземените мерки за справување со пандемијата, Бесими истакна дека се имплементирани 6 пакети во вкупен износ од 1 милијарда и 180 милиони евра.

„Македонија се водеше од пристапот „сѐ што е потребно" – првично, финансирањето беше предизвик, но подоцна ни беа доделени меѓународни средства. Во 2021 година, беа имплементирани 2 дополнителни пакета во вкупен износ од околу 180 милиони евра, во кои беа вклучени не само интервентни мерки, туку и мерки за поддршка на закрепнувањето и растот, со потаргетиран пристап, воедно фокусирајќи се и на компаниите со добри перформанси со цел поддршка на инвестициите. Во моментов, сите показатели (раст на БДП, буџетски приходи, трговска размена, итн.) укажуваат на заздравување на економијата", потенцира Бесими.

Притоа тој нагласи дека и понатаму внимателно се следат случувањата.

„Свесни за предизвиците, продолжуваме со поддршка преку потаргетирани мерки, што се поориентирани кон пазарот, притоа фокусирајќи се на фискалната консолидација на среден рок. Политиките на Македонија ги следат овие насоки", рече Бесими.

Во пожар кај Струмица гореа стари гуми

Пожар денеска околу 14:15 часот избувна во атарот на село Костурино, каде биле запалени стари гуми и стрниште.

Според информациите од ТППЕ Струмица во гаснењето на пожарот учествувале 20 пожарникари и шест против пожарни возила, како и помош од Валандово.

Пожарот е локализиран, а црниот чад кој се издигнуваше над местото на пожарот е предизвикан од запалени стари гуми.

Радост во домот на пејачот Тони Цетински

Балканската музичка ѕвезда Тони Цетински пред бога го изговори судбинското „ДА“ на својата сопруга Дубравка.

Популарниот пејач убавата вест ја објави на социјалните мрежи. Тони на Инстаграм објави фотографија со сопругата со која ја сподели убавата вест. Веднаш по објавата Цетински доби бројни чечстики и коментари од своите фанови.

Тони инаку неодамна стана дедо на внуката Елена.

притисни ентер