Податоците на ДИК се нецелосни и непрецизни, се уште нема конечни резултати

Според проекцијата на ДИК објавена рано утрината, коалицијата на СДСМ можеме освоила два мандата повеќе од ВМРО-ДПМНЕ.

Во албанскиот блок ДУИ има три пратеника повеќе од Алијансата и Алтернатива.

Овие бројки, кои делумно се разликуваат од оние на партиите, од аналитичкиот центар ги пренесува Александар Видиновски.

Во видеото погледнете го целиот извештај.

ЕУ го осуди насилството на изборите во Белорусија

Европската Унија ги осуди насилствата на претеседателските избори во Белорусија , кога полицијата уби еден од демонстрантите , кои протестираат против изборните резултати и победата на Лукашенко.

,,Претседателските избори во Белорусија беа одбележани со непропорционално и неприфатливо државно насилство врз мирните демонстранти”, соопштија денеска високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Јосеп Борел и европскиот комесар за проширување Оливер Вархеи.

,,Го осудуваме насилството и повикуваме на итно ослободување на сите уапсени синоќа, соопштија Борел и Вареи во заедничката изјава, пренесе Ројтерс.

Инаку , државната изборна комисија на Белорусија објави дека Алексдандар Лукашенко по шести пат е реизбран за претседател со 80.08 проценти од гласовите. Неговиот опонент , Светлана Тихановскаја е на второ место со освоени 10,09 проценти од гласовите. Таа денеска изјави дека не ги признава резултатите од изборите и дека победила со над 70 проценти од гласовите.

Во синоќешните протести против победата на Лукашенко , кој е наречен и ,,последниот европски диктатор” , се приведени стотици демионстранти , а 110 биле повредени. Еден е убиен , кога на него налетало пчолициско комбе и го прегазило.

Либанската влада си поднесе оставка поради експлозијата

Либанската влада денеска поднесе оставка, пренесува АФП, а премиерот Хасан Диаб се очекува наскоро да го стори истото. Оваа вест е потврдена за локалните медиуми од страна на неколку сега поранешни министри.

Министерот за здравство Хамад Хасан им рече на новинарите по состанокот на владата: „Целата влада си поднесе оставка“. Хасан додаде дека премиерот Хасан Диаб ќе се упати кон претседателската палата каде ќе си поднесе оставка во име на сите министри.

Премиерот Диаб ќе се обрати пред нацијата во 19:30 часот по локално време, пренесува Ројтерс.

Оставките дојдоа по дводневните немири во Либан поради експлозијата во Бејрут што се случи минатиот вторник и начинот на кој владата реагира на целата ситуација.

Претходно, министерот за правда Мари Клод Најм, министерот за информации Манал Абдел Самад и министерот за животна средина Дамјанос Катар поднесоа оставки.

Покрај тоа, најмалку девет члена на парламентот поднесоа оставки.

Голем пожар во близина на Тирана ,горат стари автомобили (ВИДЕО)

Голем пожар избувнал на  пункт за собирање отпадоци и гробишта со автомобили во близина на Тирана.

Пожарот избувнал попладнево во близина на патот „Тирана-Нодрок“.Како што може да се види од видеата, од местото се шират големи црни облаци од чад.

Компанијата каде избувна пожарот е наречена „Мерсини“. Според информациите, три пожарни возила тргнале кон местото на настанот.

Сè уште не се знае што го предизвикало пожарот.

притисни ентер