Почнува „ВЕСТИ ПЛУС“ на Канал 5 ТВ

Од понеделник 31 јули почнуваме со емитување на „ВЕСТИ ПЛУС“

Почитувани пријатели,

Канал 5 Телевизија и ова лето ќе направи пауза со најгледаните политички емисии Само Вистина и Само Интервју, а како замена за гледачите но и за вас политичките чинители, почнувајќи од понеделник 31 јули почнуваме со емитување на кусата и динамична емисија „ВЕСТИ ПЛУС“

Почнувајќи од понеделник 31 јули, прашања за гостите можете да ни испратите на [email protected]. Ве молиме доколку сте од политичка партија праќајте од вашите официјални e-mail адреси, а доколку сте граѓани, пишувајте ни од вашата e-mail адреса но прикачете и ваша фотографија, име и презиме.

Седумдесет и четири годишен маж починал по пад од мотокултиватор

 На патот Делчево -  планина Голак, над манастирски комплекс „Балаклија“, С.С.(74) вчера додека управувал мотокултиватор, изгубил контрола и излетал од патот. Потоа од здобиените повреди тој починал.

Како што соопшти МВР, лекар од Клиничката болница Штип констатирал смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.

Почна реконструкција на покривот на градинката во штипската населба Автокоманда

Почнува реконструкцијата на покривот на клонот „Развигорче“ во населбата Автокоманда, кое е во рамките на детската градинка „Вера Циривири-Трена“–Штип.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, кој денеска изврши увид истакна дека по речиси половина век овој објект ќе добие нова покривна контрукција. Градежните активности почнаа денеска, а Јорданов најави дека по завршување на реконструкцијата на покривот ќе се постават и фотоволтаични панели.

-Започнуваме со активности за промена на кровната конструкција на клонот „Развигорче“ во детската градинка „Вера Циривири Трена“ во населбата Автокоманда. Веднаш по завршување на реконструкцијата на кровната конструкција ќе се поставуват фотоволтаични панели на истата кровна контрукција, рече Јорданов.

Посочи дека инвестицијата е вредна повеќе од 11 милиони денари.

- Станува збор за проект поддржан од Амбасадата на Словенија.Повеќе од 11 милиони денари се обезбедени преку буџетот на Општина Штип и преку Словенечката амбасада за реконструкција на оваа кровна конструкција која повеќе од 45 години е стара, создаваше проблеми во воспитно-грижувачкиот процес на повеќе од 270 дечиња, рече Јорданов.

И покрај градежните активности, во овој објект се згрижуваат децата од претшколска возраст од штипската населба Автокоманда.

Во Грција започнува издавањето на новите биометриски лични карти

Со одлуката за издавање на новите лични карти Грција се усогласува со европската регулатива, за која во јули добила уште едно предупредувачко писмо од ЕУ поради неусогласеноста.

Од денеска во Грција започнува издавањето на новите биометриски лични карти, за кои во земјата имаше реакции од помали групи граѓани, кои тврдеа, меѓу другото, дека содржат чипови со кои ќе бидат следени, јави дописничката на МИА од Атина.

Со одлуката за издавање на новите лични карти Грција се усогласува со европската регулатива, за која во јули добила уште едно предупредувачко писмо од ЕУ поради неусогласеноста.

- Грција го прави следниот чекор во безбедноста на граѓаните со издавање нова безбедна лична карта за грчките граѓани, одговарајќи на европската регулатива, но и на барањата на меѓународните тела, соопштија од надлежните министерства.

Процесот на издавање започнува електронски, со закажување термин, а потоа и посета на полициска станица, каде што ќе се врши фотографирањето, но граѓаните имаат опција да достават и нивни фотографии од професионално фото студио.

Старите лични карти во Грција немаат ограничена важност, односно на самиот документ не пишува кога истекува, додека пак замена, најчесто се врши при загуба, оштета, кражба и сл.

Во земјата имаше и реакциите против новите биометриски лични карти, што започнаа во текот на летото, кога голем број граѓани во различни делови на Грција започнаа масовно да поднесуваат барања за обнова на постоечките лични карти, мислејќи дека така ќе избегнат вадење биометриски, а паралелно одржаа и протести во Солун и Атина.

притисни ентер