Почнува тридневната расправа за ребалансот на Буџетот

Во Собранието денеска започнува тридневната расправа за ребалансот на Буџетот за 2024 година. 

Почнува тридневната расправа за ребалансот на Буџетот

Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2024 година, во второ читање, е седма точка од дневниот ред на 12. собраниска седница.

Согласно Деловникот на Собранието, претресот по предлогот за изменување и дополнување на Буџетот, односно по дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на седница на Собрание трае најмногу три дена. Пратеникот во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути. Претставникот на Владата може да говори повеќе пати, но не повеќе од 30 минути вкупно.

Ребалансот ги помина општиот претрес и амандманската расправа во Комисијата за финансирање и Буџет во која беа усвоени два амандмани, по што Владата на 6 август, го донесе и дополнетиот ребаланс на Буџетот со кој, како што соопшти, се обезбедуваат плус средства - за плати и за набавка на опрема за повеќе институции.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска викендов во интервју за Националната телевизија изјави дека со ребалансот на Буџетот се обезбедени пари за сите обврски коишто се согласно закон и тие ќе се сервисираат.

-Голем притисок којшто се прави врз Буџетот доаѓа од исплатата на гаранциите, односно кредити за одредени јавни претпријатија коишто не се во состојба да ги вратат, потенцира Димитриеска-Кочоска.

Во ребалансот, како што вели таа, е испланирано да се исплати се она што е согласно закон и законски измени.

-Предвидени се средства и за доспеаните обврски, коишто иако биле доспеани не биле воопшто евидентирани во ЕСПЕО системот на Министерството за финансии. При тоа даваме приоритет на сервисирањето на она што е сигурно за плаќање согласно закон. На дел од доспеаните обврски се прави ревизија по што ќе се направат исплати согласно утврдените анализи. Во фаза сме кога може да трошиме толку колку што ќе наплатиме со цел да не креираме дополнителен буџетски дефицит, којшто е веќе зголемен за 181 милион евра, рече министерката.

Таа додаде дека сериозна тежина претставуваат исплатите на гаранциите кое влијае на реализацијата на инвестиции.

- Станува збор за сериозна тежина којашто се прави врз Буџетот од исплатата на гаранциите, затоа што поради корупција и криминал некои претпријатија се уништени и сето тоа паѓа на товар на државата. И наместо да обезбедиме 100 милиони евра за инвестиции во здравство, образование и слично, ние враќаме гаранции, односно кредити на јавните претпријатија коишто не се во состојба да ги вратат. На пример само за ЈПДП годинава сервисираме 90 милиони евра. Ако до минатата година ова претпријатие било во состојба да плати една рата во годината, сега не може да сервисира ниту една, потенцира Димитриеска-Кочоска и додаде дека тоа се случува во момент кога Буџетот е во тешка состојба, а државата како крајна инстанца мора да обезбеди пари за враќање на кредитите.

За најавеното линеарно зголемување на пензиите смета дека тоа е нешто што го заслужуваат пензионерите.

- Ако на некој со пензија од 13.000 денари му додадете 5.000 денари, значи му давате пари за да преживее, имајќи ги предвид зголемените трошоци. Ние само ја менуваме методологијата со која се фокусираме тие што имаат пониски пензии да добијат поголем износ и со тоа да се намали јазот со повисоките пензии, рече министерката за финансии.

Билатераниот заем од Унгарија, според министерката не прави дополнителен притисок врз Буџетот, бидејќи, како што вели, износот од 500 милиони евра е предвиден од претходната Влада.

-Она што го правиме ние е обезбедување поевтини пари. Односно доколку отидевме со изддавање еврообврзница ќе добиевме средства со камата од над 6%, а овој заем е со камата од 3,25%, рече Димитриеска-Кочоска.

Министерката истакна дека јавниот долг може да биде одржлив преку справување со неформалната економоија и дека важен аспект е и на кој начин се трошат парите што се позајмуваат, односно дали тие се трошат за инвестиции.

Минатата недела образложувајќи го дополнетиот ребаланс што го усвои Владата, Диомитриеска Кочоска истакна дека се проектирани преку 4,1 милијарда денари за исплата на плати, 5,1 милијарда денари за пензии, 800 милиони денари за корисниците на гарантирана минимална помош, 1,7 милијарди денари за здравствена заштитра, една милијарда за ТИРЗ, 1,7 милијарди за субвенции во земјоделство, 437 милиони за студентски оброк и 207 милиони за стипендии, како и шест милијарди денари за проекти во општините.

Со дополнувањето на ребалансот се обезедени дополнителни средства за повеќе институции: Државната изборна комисија, Комисијата за заштита на конуренција, Агенцијата за заштита на лични податоци, МВР, Инспекцискиот совет, министерствата за образование и за транспорт и врски, Царинската управа, судската власт, Јавното обвинителство, Народниот правобранител, Советот на јавни обвинители, МАНУ,...

На денешната собраниска седница има вкупно 34 точки. Пред пратениците се и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година, по скратена постапка, како и Предлог-завршната сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година.Треба да бидат разгледани и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, Предлог-законот за изменување на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, Предлог-законот за изменување на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување, Предлог-законот за изменување на законот за прекинување на бременоста, Предлог-законот за изменување на Законот за евиденциите во областа на здравството, Предлог-законот за изменување на Законот за забрана на развивање, производство, складирање и употреба на хемиски оружја, Предлог-законот за изменување на Законот за безбедност во снабдувањето со крв, Предлог-законот за изменување на Законот за ментално здравје, Предлог-законот за изменување на законот за континуирано стручно усовршување на докторите на медицина, Предлог-законот за изменување на Законот за доброволно здравствено осигурување, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, Предлог-законот за изменување на законот за управување со дополнителни текови на отпад, Предлог-законот за огласување ништовност и поништување на правни акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за oдликувања и признанија на Република Македонија, сите во прво читање.

Меѓудругите, на дневен ред е и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка, за којшто пратениците од Левица најавија дека ќе бараат да биде повлечен и јавна расправа, а реагираше и О2 Иницијативата.

На дневен ред на 12. седница се и повеќе предлог измени и дополнувања на законите од областа на културата, сообраќајот, шумите, ловството, спортот,..., кои треба да се донесат по скратена постапка, како и Предлог-просторниот план на Национален парк Пелистер 2016-2030.

Собранието треба да ги разгледа и предлог-законите за прогласување на Kањонот Матка и на Охридско Езеро за споменици на природат, како и на Студенчишко Блато за Парк на природата.

Викендов почнува летното сметање на времето- стрелките се поместуваат еден час нанапред

Викендов почнува летното сметање на времето.

Викендов почнува летното сметање на времето- стрелките се поместуваат еден час нанапред

На 30- март во 02 :00 часот стрелките на часовниците ќе се поместат еден час нанапред,и ќе се смета како три часот...

Со оваа промена како и секоја година, денот ќе биде подолг а ноќта пократка..Летното сметање на времето завршува во последната недела во октомври, со поместување еден час наназад, кога три часот наутро ќе се брои како два часот по полноќ.

Во текот на ноќта се очекуваат пообилни и интензивни врнежи од дожд во целата земја

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) известува дека вечерва и во текот на ноќта се очекуваат врнежи од дожд на целата територија на земјата, при што во одредени делови врнежите ќе бидат пообилни и со интензивен карактер. 

Во текот на ноќта се очекуваат пообилни и интензивни врнежи од дожд во целата земја

Воглавно коритата на реките не се исполнети со вода и имаат простор за примање на новите врнежи, но се очекува зголемување на водостојот на сите реки низ земјава.

Во западните делови на земјата се очекува значително покачување на водостоите и полнење на речните корита. Исто така, според дел од нумеричките модели за прогноза, и во источните и југоисточните делови на земјата можно е да има интензивни врнежи од дожд (претежно за време на ноќта и утрешниот ден) што ќе услови зголемување на водостоите.

Поради можноста од појава на обилни и интензивни врнежи во одредени делови на земјата можни се и појави на одрони и свлечишта, како и можни проблеми во дел од градските населени места. Се предупредува на претпазливо движење покрај реките и суводолиците.

Познат фудбалер шокира: Да не беше кокаинот, лесно ќе ја освоев „Златната топка“

Поранешниот романски фудбалер Адријан Муту верува дека можел да ја освои Златната топка доколку не ја направел најголемата грешка во кариерата и конзумирал кокаин.

Познат фудбалер шокира: Да не беше кокаинот, лесно ќе ја освоев „Златната топка“

Муту, кој сега има 46 години, се пресели од Парма во Челзи во 2003 година за 16 милиони фунти и беше редовен во својата прва сезона, постигнувајќи 10 гола под водство на Клаудио Раниери. Меѓутоа, со доаѓањето на Жозе Мурињо, неговиот статус се промени, а ситуацијата кулминираше во октомври 2004 година, кога тој беше позитивен на тестот за кокаин и доби седуммесечна суспензија.

- Земањето кокаин за време на мојот период во Челзи беше најлошата одлука во мојата кариера. Бев сам и тажен, но ниту депресијата ниту ништо друго не ги оправдува моите постапки. Требаше да побарам помош, но не побарав. Сепак, учиш од се во животот, таа лекција ме направи подобра личност, многу позрела и свесна за моите постапки – изјави Романецот.

По скандалот, Муту никогаш повеќе не заигра за Челзи, но кариерата ја продолжи во Италија, каде блесна во дресот на Фиорентина со 69 гола во пет сезони - додека еден помина и во Јувентус. Сепак, тој е убеден дека можел да постигне многу повеќе.

- Многу пати сум размислувал за тоа. Верувам дека повеќе од една сезона бев меѓу најдобрите фудбалери во светот, па лесно можев да ја освојам Златната топка. Но, лошите одлуки ми го ускратија тоа. Сепак, се трудам да не се обвинувам премногу.

По завршувањето на кариерата во 2016 година, Муту се сврте кон тренерската работа. Раководеше шест клуба и беше селектор на романската репрезентација до 21 година, а последен ангажман му беше во Петролул од кој си замина по само четири месеци.

притисни ентер