Почнува школската година за основците и средношколците

За околу 280.000 основци и средношколци заврши летниот распуст и за нив почнува новата 2014/2015 година. Првпат во училишните клупи ќе седнат и околу 19.000 првачиња.

Учебната година почнува со засилени хигиенски мерки и дезинфицирани училници поради појавата на зараза од жолтица во неколку општини.

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми и неговиот заменик Спиро Ристовски денеска во основното училиште „Мирче Ацев“ во општина Ѓорче Петров ќе ги промовираат новите учебници по предметите „математика“ и „природни науки“ за учениците од прво до трето одделение. Учебниците се изработени врз основа на наставните програми на Меѓународниот центар за наставни програми – Кембриџ, адаптирани на македонските национални особености.

Покрај тоа, ќе присуствуваат и на пуштањето во употреба на новиот објект на основното училиште „Рајко Жинзифов“ во населбата Драчево, изграден со средства обезбедени од страна на Владата на НР Кина.

Ресорниот министер Адеми ќе го посети и реконструираното основно училиште „Бајрам Шабани“ во село Долно Свиларе, општина Сарај.

На Косово уапсени 10 полицајци,рации во илегалните коцкарници

Најмалку 10 полицајци се уапсени во голема акција против нелегалните казина, пренесува Би-Би-Си.

Стотици полицајци учествувале во рација во селото Карачево на границата со Србија. Полицијата соопшти дека станува збор за најголемата акција од ваков вид на Косово, спроведена по едногодишна истрага.

Косово минатата година забрани коцкање во борба против криминалот, според Би-Би-Си.

Јетиш Малоку, главен обвинител во покраината Гњилане, им изјави на новинарите дека полицијата уапсила најмалку 35 лица осомничени за нелегално коцкање, проституција, трговија со луѓе и поседување дрога и оружје.

Најмалку 10 лица се уапсени од редовите на граничните полицајци, кои наводно помагале во незаконските активности што се одвивале преку границата меѓу Косово и Србија.

Во акцијата биле демолирани 12 нелегални казина, а полицијата запленила голем број машини за коцкање, соопшти полицијата.

Во март минатата година, косовската влада ги забрани сите облици на коцкање во период од 10 години, поради поврзаноста со организираниот криминал.

Законот е донесен откако за само неколку дена беа убиени двајца вработени во казино на различни локации, а за едно од овие убиства беше уапсен полицаец.

Тогашниот косовски премиер Рамуш Харадинај рече дека забраната за коцкање е донесена со цел „зајакнување на јавната безбедност“.

Пред забраната за коцкање, полицијата затвори скоро 500 казина на Косово. Обложувалниците, особено за спортски настани, станаа многу популарни во Косово во последните неколку години.

Џенифер и Бред,предмет на анализа, утврдено е какви им се односите(ВИДЕО)

Поранешните сопружници Бред Пит и Џенифер Анистон се најдоа во центарот на вниманието по учеството во заеднички проект по 15 години.

Имено, Бред и Џенифер онлајн го читаа романот Fast Times at Ridgemont High, а сите беа воодушевени од ситуацијата во која Џенифер му кажува на Бред дека е симпатичен и секси. Се разбира, тоа беше напишано во сценариото, но беше доволно да предизвика лавина реакции.

Експертот за говор на тело Џуди Џејмс го коментираше однесувањето на поранешната двојка за време на оваа „незгодна“ сцена.

"Додека другите актери вклучени во овој проект се смееја и беа малку засрамени, Бред се однесуваше со израз на лицето како непослушно дете. Џенифер, од друга страна, остави впечаток на чувство на збунетост додека флертуваше со нејзиниот поранешен сопруг", рече Џејмс за порталот Метро.

"Отпрвин изгледаше како обичен флерт. Џен зеде прамен од сопствената коса и си играше со него како заљубена ученичка додека лесно се лулаше на столот. После тоа ја крена раката високо и се исправи покажувајќи доза на доверба и моќ. Потоа повторно ги грицкаше ноктите, покажувајќи дека таа сè уште се чувствува малку несигурна. Џенифер испраќаше доста збунувачки сигнали “, додаде Џуди.

"Како што се приближуваше секси сцената, Бред се појавува со комична капа од пират на главата, веројатно за да ја прекине напнатоста. Тој се однесуваше како мало дете, што само по себе испраќа порака за неодговорност кон Џенифер", рече таа.

"Шапката сепак исчезнува кога ќе започне сцената, а наместо тоа, Бред ја спушта брадата и со молбен израз на лицето и збрчкано чело изгледа како да моли за помош. Додека Бред се мрда во место, усните на Џен се тенки, а очите и се стеснуваат. "Формалниот пристап го прави Бред уште посрамен. Кога ќе се спомене бакнеж, тој ги лиже усните како навистина тоа да се случува, додека Џенифер ги стиснува усните и ги покрива целосно со раката, што значи дека воопшто не е расположена за акција", објасни експертот.

„Но, веројатно, Џулија Робертс имаше најдобар говор на телото, која смета дека целата работа е смешна и се смее со нејзината препознатлива широка насмевка“, додаде таа.

„Иако на моменти и Џенифер и Бред беа засрамени од сцената што требаше да ја прочитаат, поранешните сопружници очигледно се во одлична врска, што се гледа кога ќе се поздрават на почетокот“, заклучи Џуди.

Албанската полиција уапси косовска пејачка поради шверц на оружје

Албанската полиција ја уапси пејачката Фиола Морина на граничниот премин Морина, под сомнение дека сакала да прошверцува огнено оружје преку границата.

Според агенцијата Миа Ора, пиштолот е пронајден во чантата на пејачката, а по претресот на нејзиното возило, полицијата пронашла и пиштол кој изгледал како запалка.

„При контролата, во торбата на Ф.М. (34), која била пријавена во Приштина, Косово, граничната полиција открила и како доказ запленила огнено оружје од типот„Зораки “ со 23 куршуми. Пиштол кој изгледаше како запалка е пронајден во багажникот на возилото “, соопшти албанската гранична полиција.

Притворени се и придружниците на пејачката, Ф. М. (29), исто така од Косово и Ф., С. (29) од Белгија.

притисни ентер