Почнува ли нова сезона на нон – пејпери за надминување на спорот со Бугарија?

Што претставува наводниот нон-пејпер за решавање на спорот меѓу Скопје и Софија, кој се појави во јавноста пред неколку дена?

Кој и со која цел го пушти новиот пробен балон со новиот тн. нон пејпер за решавање на спорот со Бугарија? Текстот, кој предизвика внимание во јавноста поради неколкуте контроверзни тези, се појави во јавноста пред неколку дена, но се уште не е познато кои се неговите автори..

По демантот од Владата, денеска и Вицепремиерот Никола Димитров тврди дека таков документ нема на маса, а во моментов не се случува ништо суштинско во односите со Бугарија бидејќи тие се пред трети вонредни парламентарни избори.. Според Димитров, станува збор за како што рече „балканска ујдурма“.

„Сум гледал и многу нон-пејпери и официјални документи. Во англиската граматика, терминологијата и во суштинските тези, приодот кон проблемот на македонско-бугарските односи во последните две години е многу далеку од реалноста. Направив неколку телефонски разговори и јасно е дека некој прави некаква игра. Сигурно претпоставувам дека е од регионот, некој тука. Бугарија е пред избори, кај нас има локални, а можеби е и некаква домашна „ујдурма“ малку да се подзоврие таа тема, па малку и некој политички поен можеби, меѓутоа се тоа се шпекулации, изјави Димитров во гостувањето на „Утрински брифинг“.

Во нон - пејпер што го објави ТВ „Клан“ без да го посочи изворот, меѓудругото се предлага Бугарите да се внесат во македонскиот Устав, да се вклучи и тн. „бугарскио наратив“ во општеството, да има единствена фактичка вистина за историјата, но да се примени и дуален аспект за нејзино толкување..

Според новинарот Бранко Героски без разлика кој е авторот на нон пејперот, тезите во него треба да се сфатат сериозно, а државните органи категорично да ја отфрлат содржината, не само да се оградат.

„Сакам да потсетам дека сите досегашни нон-пејпери се нечии или некакви ујдурми. Никој нема да го признае авторството, но идеите се фрлени на хартија. Јас оценувам дека идеите соопштени во овој недокумент се многу сериозни во една теза која може да биде основа за некаков нов предлог за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје. А тоа е тезата дека во Македонија ќе треба да прифатиме дека сме нација со два идентитета. Бугарски и македонски. Мислам дека заслужува реакција, не само од јавноста туку и од државните органи. Никој не собира доволно храброст, освен ретки, да кажат ова што се предлага во документот е неприфатливо за Македонија, вели Героски за Канал 5.

Освен македонските власти, од наводниот нон-пејпер вчера се огради и бугарското Министерство за надворешни работи... во изјава за БГНЕС оттаму реагираат дека „Бугарските власти на никаков начин не учествувале во подготовката на нон-пејпер за решавање на спорот меѓу властите во Софија и Скопје“.

Спречен е атентат врз Зеленски, полски државјанин е уапсен- му се закануваат 8 години затвор

Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руската воена разузнавачка служба и да им помогне да го испланираат атентатот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесува АП.

Полското национално обвинителство во соопштение вели дека човекот, идентификуван само како Павел К, бил обвинет дека бил подготвен да пренесе информации за безбедноста на аеродромот до руските агенти и бил уапсен вчера во Полска.

Тој побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Ржешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е порта за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.

Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие до осум години затвор, се вели во соопштението.

Обвинителите, исто така, изјавија дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази.

Членката на Европската унија, Полска повеќе од две години дава цврста поддршка на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија.

Ковачевски: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата

СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата. Ние нудиме јасен план и визија како до 2030 година Македонија да стане земја членка на ЕУ.  

Наспроти нашите политички конкуренти ВМРО – ДПМНЕ кои немаат ниту план, ниту визија, ниту одлучност, ниту волја да го направат тоа порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, од предизборниот митинг во Демир Капија.

Ковачевски нагласи дека изборот е кристално јасен.

Избирате помеѓу надеж за подобра, европска иднина со СДСМ или безнадежност и враќање назад со ВМРО ДПМНЕ. Нашите идеи се прогресивни, со јасна визија за европска иднина на државата за што имаме голема поддршка од нашите пријатели од ЕУ, истакна Ковачевски.

Претседателот Ковачевски додаде дека од друга страна, Мицкоски ќе го одолговлекува европскиот пат и за тоа ќе го обвини Брисел.

ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите, напротив, може да слушнете нивни изјави каде велат дека не треба да станеме членка на ЕУ сто години, а можеби и никогаш. Тоа покажува дека ја продолжуваат политиката на Никола Груевски. Со нив, Северна Македонија ќе се врати во чекалниците и во темното минато на недемократските процеси, нагласи Ковачевски.

СДСМ никогаш не се откажува! И нашите противници мора да го знаат тоа! Не ни треба враќање назад во изолација и неизвесност туку напредок и членство во ЕУ, нема откажување од подобра иднина за нашите граѓани, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Демир Капија, се наведуива во партиското соопштение.

Потопиле голем патнички авион во море, за да стане туристичка атракција (ВИДЕО)

Авион со 400 седишта, L1011 Tristar, бил потопен во 2019 година во близина на брегот на јорданскиот град Акаба со цел да привлече туристи, односно љубители на подводни истражувања.

Џамбо-џет првпат полетал во средината на 1980-тите, но на крајот беше исфрлен од употреба. Последните години ги поминал на пистата на меѓународниот аеродром „Крал Хусеин“. На крајот е спуштен на дното на Црвеното Море.

Потонатиот авион стана едно од најпосетуваните места за нуркање во Јордан, пренесува Метро.

Неговите мотори се сè уште на место, а не се допрени ниту кокпитот, тоалетите и галијата.

„Кокпитот е во најплиткиот дел, на длабочина од 13 метри, а последните два излеза се на 28 метри“, откри подводниот фотограф Брет Холцер.

На интернет има бројни снимки од потонатиот L1011 Tristar, а интересно е што тој во еден момент по грешка бил поврзан со исчезнатиот MH370.

Имено, на социјалните мрежи се појави фотографија од потонатиот брод за која се наведува дека го претставува леталото на компанијата „Малезија Ерплане“, кое во 2014 година било изгубено без трага.

Во пораката стоело дека „не се пронајдени човечки останки во кабината“, но подоцна е избришана.

Набрзо, шпекулациите беа ставени на крај бидејќи фотографијата одговараше на снимката направена на брегот на Акаба, односно подводната атракција таму.

притисни ентер