Почнува кампањата „Внеси боја во сивата економија"

Со симболично боење сива инсталација поставена на плоштадот „Македонија" во Скопје денеска беше означен почетокот на кампањата „Внеси боја во сивата економија".

Оваа кампања има за цел е да се подигне свеста кај граѓаните за последиците од нерегистрираните економски субјекти и да се поттикне намалувањето на сивата економија.

Кампањата ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Министерството за финансии. Главното мото е дека секој граѓанин може да придонесе во намалување на сивата економија на тој начин што ќе ги поддржи легалните бизниси и нема да користи производи и услуги за кои не се плаќа данок. Еден од начините е барање фискална сметка како гаранција дека данокот е платен.

Сивата економија претставува една третина од економијата на земјава и има неколку негативни последици. Влијае врз приватниот сектор и се создава нелојална конкуренција, а од друга страна се намалуваат и јавните приходи што значи помалку буџетски средства за изградба на јавни добра.

Според министерот за финансии Фатмир Бесими, не е едноставно да се измери сивата економија, а борбата со сузбивањето на неформалната економија е процес што трае. Изминатата година, како што посочи на денешниот почеток на кампањата, се работи на Акциониот план за сузбивање на сивата економија.

– Преминот од неформален во формален сектор, би ја намалил нелојалната конкуренција, би создал услови за рамноправен натпревар меѓу бизнисите, би го зајакнал даночниот морал и би повлекол зголемување на бруто домашниот производ. Ова кажува колку е важно да преземеме итни мерки и акции за сузбивање на неформалната економија. За таа цел во Акцискиот план за сузбивање на сивата економија, се опфатени неколку приоритети: унапредување на процесот на мерење, следење и детектирање на сивата економија, стимулативни активности за формализација на сивата економија, јакнење на свеста за сивата економија и јакнење на даночниот морал, зајакнување на инспекциските служби, унапредување на законската регулатива, како и спроведување мерки во делот на Царинската управа каде ќе бидат опфатени и производите од е-трговијата, рече Бесими.

Од УНДП велат дека се потребни координирани активности и оти е потребно секој чинител во општеството да го даде својот придонес.

– Ова е комплексен проблем кој не може да се реши само од една грѕпа, вели заменичката на постојаниот претставник на УНДП во земјава Сања Бојаниќ.

Владата, смета Бојаниќ, треба да обезбеди еднакво поле за натпревар, каде што правилата конзистентно ќе бидат спроведувани, а ресурсите ќе се трошат на отчетен и ефективен начин, а приватниот сектор треба да ги почитува правилата и да се однесува на одговорен начин кон вработените, потрошувачите и општеството. Граѓаните, пак, треба активно да се вклучат и да ги поддржат бизнисите кои работат одговорно.

– Кога граѓаните плаќаат без да побараат фискална сметка, тие всушност ја поддржуваат сивата економија и стануваат дел од проблемот. Наједноставниот, но многу важен прв чекор кој може да го направат граѓаните е промена во начинот на кој се однесуваат во нивните секојдневни економски интеракции, истакна Бојаниќ.

Повеќе информации може да се најдат на линкот vnesiboja.mk, a граѓаните не само што ќе можат да се информираат, туку ќе може да пријавуваат и случаи на сива економија. /МИА

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер