Почна „трката" за формирање Влада

И официјално почна „трката" за формирање нова Влада откако Собранието вчера ја одржа конститутивната седница. 

И претседателот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најавуваат мнозинство од 61 пратеник.

Според Заев, сите опциии се отворени. На слична позиција е и Мицкоски. Рокот тече.

Уставот предвидува претседателот на државата во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидатот на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Парламентот. Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандатарот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

-Уверен сум дека ќе успееме да формираме стабилна и успешна влада со мандат од четири години. Ова го темелиме на основ на бројките. Ќе ги слушнеме размислувањата и врз основа на тоа ќе пресечеме. На граѓаните им треба сериозен пристап, а не калкулации и исполнување некакви агенди, рече вчера Заев и додаде дека очекува резултати од преговорите во наредните десет до 15 дена.

Многу пратеници, смета Заев, ќе дадат поддршка за формирање влада со оглед дека мнозинството во Собранието е широко. Тој апелира национализмот да се тргне на страна.

– Од денеска почнуваме преговори за четиригодишен полн мандат кој ќе ни донесе четиригодишна влада подготвена да сработи. Да оставиме да покаже времето со кој ќе можеме да направиме коалиција, прво парламентарно мнозинство кое ќе ја сочини владата. Коалицијата предводена од СДСМ може да формира Влада и со ДУИ и со Алијанса и Алтернатива. Зависи од отстранувањето на национализмите, зависи од цела една разработка за расчистување на правосудството, проверка на имотот, капиталот на секој политичар и функционер кој ќе биде избран, кадровскиот потенцијал, пред сè за правните, но и за економските аспекти на државата. Ќе ги разгледаме сите можности, добро ќе одвагаме и ќе ја донесеме одлуката. Сите опции се отворени во текот на овој преговарачки процес, напомена Заев.

Средбите и разговорите со другите партии веќе стартуваа. Заев најави дека ќе се види со сите претседатели на партии од албанскиот политички блок, а работните групи и членовите на партиските раководства ќе имаат постојани средби на повеќе нивоа додека трае преговорачкиот процес за коалиција и составување парламентарно мнозинство.

-Ќе разговараме исклучиво за формирање влада која ќе се грижи за сите граѓани подеднакво, ослободени од какви било етнички предрасуди или национализми, влада која нема никакви дилеми кога е во прашање нашиот заеднички пат кој се вика „Северна Македонија – Едно општество за сите", Влада која ќе се бори против криминалот и корупцијата на сите нивоа, а особено внимание ќе посвети на прочистувањето на правосудството и на проверката на потеклото на капиталот на секој функционер. Идните чинители на новата влада ќе треба да се подготвени и за сериозна реформа на јавната администрација. Во фокусот на идната влада ќе бидат и економијата, растот на платите, вложувањето во младите, рамномерниот регионален развој, поддршката за прватниот сектор и грижата за најсиромашните, подвлече Заев.

Но, и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоцски, смета дека ќе формира Влада поради тоа што, како што изјави вчера, неговата партија е фокусирана на преговори за ново парламентарно мнозинство.

Мицкоски најави дека во периодот што следи ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зачести средбите со политичките партии кои се дел од сегашниот парламентарен состав, но не само со оние од албанскиот блок, туку и со оние од коалицијата на СДСМ. Можеби и тие, рече, ќе ја препознаат реформската програма на ВМРО-ДПМНЕ и ќе ја поддржат. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е воедно уверен дека никој од пратеничката група „За обнова на Македонија" нема да ја поддржи програмата на Заев и СДСМ.

Новата влада, според Мицкоски, треба да биде стабилна, реформска, со јасен план и визија за справување со предизвиците. Политиката, според него, не е пазар, туку мудрост и филозофија.

-Да оставиме времето да покаже кој ќе го формира парламентарното мнозинство. Да, на оние пратеници на кои им се пристапени мистериозни личности кои се повикуваат на раководството на СДСМ, пријдоа, кажаа и со згорзување ги одбја. И јас со згрозување одбивам да коменитрам ваков вид пазар зашто на тој начин само ги демотивираме и деморализираме нашите сограѓани за следните избори кои на една година од сега ќе бидат локални. Верувам во политичка мудрост, политичка програма и политичка филозифија , а не на пазар како што се случуваше во претходниот парламентарен состав, нагласи Мицкоски.

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села во контекст на формирањето нова влада, пред вчерашното конституирање на Парламентот изјави дека очекува да има правна држава која побрзо ќе стане членка на ЕУ. Според Африм Гаши од Алтернатива, пак, на партиите им треба повеќе политичка култура и волја да им служат на граѓаните.

Рано е да се зборува за очекувањата, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети според кој, преговорите за формирање нова влада може да почнат, но уште нема ништо конкретно.

Претседателот Стево Пендаровски веќе најави дека планира да одржи консултации со политичките партии по конституирањето на Парламентот, по што, согласно уставните одредби, ќе го додели мандатот за формирање нова влада на партијата, односно на партиите што ќе обезбедат мнозинство во Собранието на Република Северна Македонија.

На парламентарните избори што се одржа на 15 јули годинава, коалицијата „Можеме" предводена од СДСМ освои 46 пратеници, коалицијата „За обнова на Македонија" на ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ доби 15, коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива 12, Левица два, а ДПА еден мандат.

Убила 19-годишна трудница и ѝ го украла бебето од матката-осудена е на 50 години затвор (ВИДЕО)

Клариса Фигуероа (51) е осудена на половина век затвор откако убила бремена тинејџерка во Чикаго намамувајќи ја во нејзината куќа за да ѝ го украде бебето од утробата, кое потоа го претставила како свое.

Тоа е, накратко, епилогот од страшното злосторство што го потресе овој дел на САД, а се случи во 2019 година, објави Еј-Би-Си Њуз.

Марлин Очоа-Лопез (19), мајка на двегодишно момче, која била во поодмината бременост, била намамена од Клариса во нејзиниот дом со ветување дека ќе ѝ даде бесплатна облека за бебето. Страшното злосторство го извршила со помош на нејзината ќерка Дезире, која во јануари ја признала вмешаноста во убиството кога била осудена на 30 години затвор. Мајката и ќерката ја задавиле трудница со електричен кабел. Клариса, која е медицински работник, сакала да го претстави бебето како свое, а откако го извлекла од стомакот на мајката повикала брза помош. Поради повредите, бебето два месеци било на интензивна нега во болница, но и покрај сите напори на лекарите, починало.

За време на судењето, се тврдело дека Клариса Фигуероа го изгубила своето бебе пред злосторството, а потоа им кажала на членовите на семејството дека повторно е бремена. Во октомври 2018 година, таа ѝ кажала на својата ќерка дека ѝ треба помош да убие трудница и да го украде бебето од нејзината утроба.

Ракел Уриостеки, мајката на убиената трудница, по изрекувањето на пресудата видно се потресе:

- Губењето на ќерка ми е нешто што никогаш нема да го прежалам.

Откако украденото бебе било сместено во болница, Клариса Фигуероа и нејзиниот партнер Пјотр Бобак тврделе дека бебето е нивно, па дури започнале и хуманитарна кампања за собирање помош за негово лекување. Пјотр подоцна на судењето признал дека помогнал да се отстранат трагите по убиството на бремената тинејџерка.

Страшното злосторство било неоткриено неколку недели, иако Џовани Лопез, сопругот на убиената, уредно ја пријавил за исчезната, но немал помош од надлежните да ја пронајдат. Полицијата реагирала дури по анонимна пријава во која било наведено дека е видена како исчезнатата влегува во куќата на Клариса Фигуероа. На 07.05.2019 година полицијата извршила претрес. Автомобилот на жртвата бил пронајден во близина на куќата на убиецот, а набрзо била наредена и ДНК анализа на бебето. Откако дошле резултатите од ДНК, полицијата ги уапсила мајката убиец, нејзината ќерка и нејзиното момче. Телото на жртвата било пронајдено закопано во дворот.

- Казната што ја доби никогаш нема да биде доволна и мојот син никогаш повеќе нема да ја прегрне мајка си. Изгубив дел од семејството и тоа секогаш ќе ме следи – низ солзи изјавил сопругот Џовани Лопез.


Нуркачи снимија како изгледа силен земјотрес под вода: Сега имам уште еден страв (ВИДЕО)

Страшно искуство е да се почувствува силен земјотрес, а група нуркачи го доживеале под вода додека јачината била 7,2 степени според Рихтеровата скала.

Видеото се рашири на социјалните мрежи, а корисниците пишуваат дека откако го погледнале, се наежиле и откриле нов страв.

На видеото се гледаат неколку нуркачи како пливаат меѓу коралниот гребен и уживаат во живописната глетка. Но, сè се менува кога ќе започне земјотресот. Прашина и нечистотија од морското дно се креваат и изгледаат како морничава магла.

So this is what an earthquake looks like underwater
byu/Literally_black1984 ininterestingasfuck

Се гледаат и нуркачи како се држат до коралите додека водата се движи побрзо и побрзо. „Да, мора да е кошмар“, „Изгледа страшно“, „Морничаво“, се само дел од коментарите.

Ужас во Англија: 80- годишен човек е запален во двор, соседите слушнале крици (ВИДЕО)

Две лица се уапсени откако полицијата пронашла изгорено тело на маж во задната градина на домот на едно „многу повлечено“ семејство, како што ги опишале соседите во Бредфорд.

Соседите во тивка уличка во Бредфорд пријавиле дека слушнале врисоци пред да видат како чад се издига зад куќата. Според извештаите, жртвата била 80-годишен маж кој живеел во куќата со помлада жена и нејзиниот син, објави Сан.

Многумина во соседството биле убедени дека човекот починал, затоа што не го виделе од пандемијата на коронавирус.

„Од градината доаѓаше чад, но не можевме да влеземе бидејќи портата беше затворена. Се обидовме насилно да ја отвориме портата и можевме да видиме крв и осакатено тело. Не можев да верувам, беше како нешто од хорор филм“, рекол соседот Мухамед.

„Семејството буквално никогаш не излегуваше надвор, тие се многу повлечени. Ова се случи целосно од ведро небо и сите се многу шокирани од тоа“, рече друг сосед кој сакал да остане анонимен.

Полицијата денеска соопшти дека го идентификувала телото на возрасен маж, но дека се уште се обидуваат официјално да го идентификуваат мажот и да им влезат во трага на неговите најблиски.

„Според информациите достапни во овој момент, ова го третираме како истрага за убиство. Мојот тим работи на утврдување на околностите кои довеле до смртта на човекот. Имаме две лица во притвор и не бараме никој друг во врска со овој инцидент, што се случи во тивка станбена улица, разбирам дека овој инцидент предизвика загриженост во пошироката заедница и има многу шпекулации за тоа што се случило и кој бил инволвиран.“

На местото на настанот се испратени пожарникарски екипи, полиција и брза помош, а соседите велат дека досега не виделе толку големо присуство на итните служби.

Противпожарната и спасувачка служба во Западен Јоркшир соопштија дека екипите го изгаснале пожарот на имотот.

„Ова беше многу шокантен инцидент за многу тивка и мирна заедница“, рече локалниот лабуристички советник Сајмон Канингам.

притисни ентер