Почна празнувањето на Источен петок Балаклија во Велес

По традиција првиот четврток и петок по Велигден во манастирскиот комплекс „Свети Димитрија“, која се наоѓа на неколку километри од Велес, православните христијани вечерва и утре го празнуваат празникот Источен Петок-Балаклија, посветен на Пресвета Богородица.

Овој ден се прославува како слава на градот Велес, при што центарот на празнувањето е манастирскиот комплекс „Св. Димитрија“ и околните цркви „Св. Петка“ и „Св. Никола“. И оваа година, како и сите години наназад, велешани масовно ги посетуваат овие три христијански храмови и според христијанските обичаи палат свеќи за здравје.

По повод утрешниот празник Источен петок Балаклија вечерва во манастирот „Свети Димитрија“, митрополитот Повардарски Агатангел во сослужение со свештеници од Повардарската Епархија одржа Вечерна богослужба.

Утре изутрина во истиот манастир „Свети Димитрија“ митрополитот Повардарски Агатангел ќе одржи и Света Златоустова Литургија.

Манастирот Свети Димитрија има интересна историја, бидејќи пет века бил затрупан под земја, за да биде сочуван од османлиите. Во 1820 година откако на сон му се јавил на еден воденичар Петар Здравев повторно е откопан и ја догледува светлината на денот. Велешани со години наназад ја чуваат оваа традиција и масовно по Велигден на манастирската слава го посетуваат манастирот и околните цркви. /МИА

Израелската армија го потврди убиството на висок функционер на Хезболах

Израелската војска потврди дека го убила Али Абед Асан Наим, заменик командант на ракетната дивизија на Хезболах. Тој бил убиен во напад со беспилотно летало во либанскиот регион Базуриех, објавија британските медиуми.

Израелската војска соопшти дека Наим насочил ракетен истрел со тешка боева глава кон израелска територија од Либан. Според израелските воени претставници, убиениот висок функционер на Хезболах бил одговорен за планирање и извршување на напади врз израелски цивили.

„Хуавеј“ минатата година со двојно поголем профит

Кинескиот телекомуникациски гигант „Хуавеј“ денеска соопшти за значително поголем профит во 2023 година, благодарение на силните резултати од неговите оддели за обработка заснована на Интернет и софтвери за автомобили.

Приходите на компанијата се зголемија за 9,63 отсто минатата година, на 704,2 милијарди јуани (99,4 милијарди долари).

Нето добивката се зголеми повеќе од двојно и изнесуваше 86,9 милијарди јуани.

Главниот столб на компанијата минатата година беше неговиот оддел за опрема за ИКТ инфраструктура, со приход од 362 милијарди јуани, што е за 2,3 отсто повеќе од 2022 година. Голем број западни земји забранија инсталирање на опрема на „Хуавеј“ во мобилните мрежи, повикувајќи се на националната безбедност.

Бајден: Постојано работиме да издејствуваме ослободување на Гершкович

Белата куќа објави изјава од претседателот Џо Бајден по повод навршувањето на една година руски затвор на новинарот на Волстрит џурнал, Иван Гершкович.

-Новинарството не е злосторство и Иван замина за Русија да ја врши својата работа на известувач со ризик за неговата безбедност за да се открие вистината за жестоката агресија на Русија против Укаина. Веднаш по неговото неправедно и незаконско задржување тој од затворот испрати писмо до своето семејство, изјави претседателот на САД.

Во писмото новинарот напишал дека „не губи надеж“.

-Како што им кажав на родителите на Иван, јас исто така не губам надеж. Ќе работиме секојдневно да издејствуваме негово ослободуање, рече Бајден.

Тој вети дека САД и понатаму ќе ги осудуваат и ќе воведуваат мерки „за обидите на Русија да ги користи Американците како монети за размена“.

Гершкович беше задржан лани во март. Оттогаш е се уште во притвор и чека судење по обвинение за шпионажа, што е категорично отфрлено од него, неговиот работодавач и владата на САД.

Во случај да биде прогласен за виновен, тој може да биде осуден на 20 години затвор./МИА

притисни ентер