Почна хибридната ,,Недела на модата” во Милано,модните гиганти под мерки (ВИДЕО)

Италијанската модна индустрија започна да влева оптимизам во мрачната година за луксуз, подготвувајќи 23 „живи“ претстави и 37 презентации за време на хибридната, дигитална модна недела во Милано.

Фенди, Долче и Габана и Блумарин денеска го отворија првиот ден, презентирајќи главно женска мода за следната пролет и лето, објави АП.

„Го почитувам она што другите брендови одлучија да го направат, но почувствувавме дека треба да направиме модна писта“, рече Никола Брониано, кој дебитира како нов креативен директор на Блумарин.

Ним во текот на неделата ќе им се придружат Макс Мара, Салваторе Ферагамо и Валентино, кои се одлучија за Милано наместо Париз, каде што обично ги прикажуваат своите колекции поради загриженоста за патувања поврзани со корона вирусот.

Џорџо Армани, Версаче и Прада, кои за прв пат ќе ја претстават соработката помеѓу Мијука Прада и Рафа Симонс, се одлучија за виртуелни шоуа.

Се следеа строгите правила на ревиите во живо, растојанието се одржувало и зад сцената и на пистата, а моделите носеа маски пред да излезат на пистата.

Некои модни куќи ги замолија присутните да се изјаснат дека не биле изложени на вирусот во последните две недели и дека немаат никакви симптоми.

Мрежа за заштита од дискриминација: Да се изберат членовите на КСЗД што поскоро

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација останува да се избира по пат на партиски договор?!

На 21.10.2020 година одржана беше седница на Комисијата за европски прашања и Законодавно –правната комисија на Собранието на Република Македонија на кои на дневен ред беше Предлог – Законот за спречување и заштита од дискриминација, попрецизно неговото второ читање и разгледување на поднесените амандмани. Од поднесените амандамани ниту еден не беше усвоен. Еден од амандамните беше и амандманот на Член 18 поднесен од пратениците Маја Морачанин и Мирослав Богдановски, а за кој се застапуваше Мрежата за заштита од дискриминација.

Мрежата за заштита од дискриминација со разочарување ја прими веста дека амандманот на Член 18 не е усвоен и остро ја осудува одлуката на пратениците од власта да не го поддржат. Со амандманот на член 18 се уредува изборот на членовите на комисијата за заштита од дискриминација, чија цел е да се осигура независноста на Комисијата, транспарентна и инклузивна постапка за избор што е во согласност со сите меѓународни стандарди и препораки, како и со мислењето на Венецијанската комисија.

Останува неодговорено прашањето зошто на коалициските партии на власта им пречи потранспарентен начин на избор и именување на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), со оглед на тоа дека пратениците на ДОМ и опозициските пратеници ја препознаа и поддржаа потребата од промена на Членот 18, чија одлука ја поздравуваме.

Членот 18 кој го предложивме најпрво беше прифатен и предложен од Министерството за труд и социјална политика, но Владата го одби и го поднесе Предлог-Законот со истиот текст кој беше усвоен во 2019 година без притоа да даде објаснување, а чија одлука ние исто така остро ја осудивме.

Како Мрежа испративме барање до сите пратеници да предложат и поддржат амандман на членот 18 со кој постапката ќе се уреди по примерот на постапката за избор на членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. Дополнително, Мрежата за заштита од дискриминација поднесе барање за јавна дискусија до Собранието на Република Македонија. Комисијата за европски прашања, заедно со Комисијата за еднакви можности организираа средба со здруженијата по однос на Законот за спречување и заштита од дискриминација на 20.10.2020 година каде Мрежата за заштита од дискриминација, останатите здруженија и екперти од областа аргументирано ја образложија потребата од амандман на Член 18.

Овој амандман го предложивме бидејќи претходниот состав на Собранието не успеа да избере членови на КСЗД, а медиумите известуваа дека партиите не можат да постигнат партиски договор во Комисијата за прашања на избори и именувања.

Стравуваме дека со неусвојувањето на амандманот на Член 18 ќе се потврдат нашите сомнежи и изборот на членовите на КСЗД ќе зависи од партиски договор, а не од квалитетот и заслугите на кандидатите, бидејќи здруженијата на граѓани и медиумите нема да можат непосредно да учествуваат во постапката за избор.

Бараме од пратениците да го донесат Законот за спречување и заштита од дискриминација и да ги изберат членовите на КСЗД што поскоро, на начин со кој ќе ги демантираат нашите сомнежи и ќе одберат професионални членовите на Комисијата кои имаат искуство, знаење и посветеност на недискриминацијата и заштитата на човековите права, а не партиски кадри.

Мрежа за заштита од дискриминација

ВМРО-ДПМНЕ:Во државата 500.000 граѓани денот го минуваат со помалку од 130 денари

​Срамно е СДСМ да пушта соопштение и да се фали пред народот дека нивните политики обезбедуваат раст на платите во време на кризата поврзана со КОВИД-19.

Поради погубните политики од месец март односно од почетокот на корона кризата до сега над 40.000 граѓани ги изгубија своите работни места и останаа без своите приходи.

Се фалат дека платите растат, а во државата околу 100.000 граѓани живеат во сиромаштија и 500.000 граѓани денот го минуваат со помалку од 130 денари

Во период на пандемија го зголемија и јавниот долг за 1 милијарда евра.

Без никаков срам СДСМ се дрзна да покачи даноци и давачки на граѓаните односно ја покачија сметката за струја за 7.4%.

Сето ова докажува дека со СДСМ на власт Македонија тоне во криза. Оваа криминална влада мора да си замине час поскоро. Граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобар и поквалитетен живот.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Секој, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ да покаже одговорност во борбата против коронавирусот

Ззаконските измени мора да се донесат, мерките мора да се почитуваат.

Во период на есенски бран од коронавирусот потребна е максимална одговорност и посветеност на секој поединец во спречување на ширењето на заразата.

Согласно новите мерки, работното време на сите угостителски објекти е ограничено до 23 часот, освен на тие што вршат испорака, а воведено е и ограничување на капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50%.

Владата предводена од СДСМ ја прифати и препораката на Комисијата, државната и јавната администрација, општините и судовите да работа во смени, онлајн од дома или редуцирано со систем на ротации.

Владата предводена од СДСМ ги усвои и мерките со кои се предвидува носење маски на отворено, ограничување на групирање по 22 часот, како и ограничување на семејните собири. Овие мерки се проследени до Собранието кое треба да ги усвои измените на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Но во време кога се соочуваме со нов бран на коронавирусот, кога и кај нас,но и во регионот и во европските земји бројот на заразени секојдневно расте, ВМРО-ДПМНЕ повторно прави се за да ги одолговлекува мерките важни за справување со пандемијата.

Нивните обиди за деструкција и блокирање на законските измени е смислен и тенденциозен обид за дневно политички поени, со што директно се загрозува јавното здравје. Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ, повторно докажуваат дека последно за што се грижат е здравјето на граѓаните.

Нема време за одложување. Ситуацијата со коронавирусот е сериозна и потребно е брзо делување, конструктивност и соработка.

Здравјето на граѓаните е пред се. Законските измени мора да бидат донесени, мерките и задолженијата мора да бидат почитувани од сите. Само на тој начин ќе го заштитиме јавното здравје и побрзо ќе ја надминеме заканата од коронавирусот.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

притисни ентер