Почна гласањето за отповикување на Трамп, се очекува предлогот да помине (Во живо)

Осум дена пред истекот на мандатот на Трамп, Претставничкиот дом ќе гласа за резолуцијата за отповикување, во која го обвинува републиканскиот претседател за поттикнување бунт во говорот пред неговите приврзаници .

Трамп говореше пред поддржувачите пред тие насилно да упаднат во Капитол на САД, седиштето на парламентот, што резултира со пет смртни случаи.

Демократите преминуваат на гласање за отповикување откако тие вчера формално гласаа, со 223 гласа „за“ и 205 гласа „против“, за да ја изгласаат резолуцијата со која го повикуваат потпретседателот Пенс да се повика на 25-тиот амандман и да иницира смена на Трамп. Пенс го одбил барањето.

Ако простото мнозинство од 435 пратеници ги одобрат обвиненијата, постапката се префрла во Сенатот, горниот дом на Конгресот, кој го спроведува судењето. Според Уставот, потребни се две третини од сенаторите за да биде осуден и сменет претседателот. Но, едноставното мнозинство може да одлучи дека не може повторно да се кандидира. Демократите имаат мнозинство во Претставничкиот дом, па се очекува предлогот да помине.

Феенорд ја одби првата понуда на Ливерпул за Слот

Ливерпул не ја прекинува потрагата по наследникот на Јирген Клоп. Во текот на изминатите неколку дена, се појави информација дека напаѓачот на Феенорд, Арне Слот моментално е на врвот на потесниот круг на „црвените“. 

Англискиот гигант веќе стапил во контакт со своите колеги во Холандија. Ливерпул чекаа до финалето на Купот на земјата, кое го освои тимот од Ротердам, а потоа почнаа официјални преговори.

Сепак, првата понуда на Ливерпул за Слот беше одбиена од Феенорд, тврди „Атлетик“. Тимот понудил 9 милиони евра за раскинување на договорот со менаџерот. Холанѓаните одлучија дека оваа сума не е доволна за да го ослободат.

Иако се во преговори за Слот, Ливерпул се уште разговара за други опции за иден тренер.

Минатата кампања, Слот го предводеше тимот од Ротердам до нивната втора титула во Холандија во последните 20 години. Претходната година, Феенорд стигна до финалето на Конференциската лига, каде што загуби од Рома. Тренерот е на чело на Феенорд од 2021 година.

Клубот нема желба да се раздели со него, но тој е ентузијастички настроен да го преземе Ливерпул. /MIA

ДИК: Излезноста до 19 часот е 48,46%, најмногу во Новаци- 71,07%

Најголема излазност од 71,07 % е забележана во Новаци , а најмала во Центар Жупа со 16,19% ,соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски 

На по едно место во Липково, Могила и Делчево ќе се продолжи гласањето поради кус прекин.

ДУИ: Да им честитаме на сите граѓани, имавме мирен изборен ден

На прес конференција на ДУИ во Мала Речица беше речено дека денека имало мирен изборен ден, како и во целиот изборен процес. Ова е наш заеднички успех.

притисни ентер