Почна гласањето во Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија, 54.764 тиквешани со право на глас

 Гласањето во Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија се одвива без проблеми. Вкупно 54.764 тиквешани имаат право на глас на денешните парламентарни избори.

Како што информираа од општинските изборни комисии, во Кавадарци 32.270 избирачи имаат можност да гласаат на 60 избирачки места, во Неготино на 28 избирачки места своето право на глас можат да го остварат 15.874 неготинци, росоманци гласаат на 10 изборни места, а во избирачкиот список има 3.351 лице, во Демир Капија 3.269 избирачи можат да излезат на гласање на 11 места.

Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд

Времето денеска е сончево со мала до умерена облачност.

Попладне наместа ќе има зголемена облачност со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Во втората половина од ноќта ќе има зголемување на облачноста и на повеќе места ќе има врнежи од дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 25 степени Целзиусови.

И во Скопје е сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во втората половина од ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 21 степен Целзиусов.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе има повремени врнежите од дожд, а на планините повремен снег. Локално врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната од 5 до 18 степени Целзиусови. Во Скопје минималната температура ќе биде 8, а дневната ќе достигне до 15 степени Целзиусови.

Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.

Повеќе скопски села и населби утре без струја

Без струја утре од 8:30 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Максим Горки“ и реонот Дом на градежници во општина Центар.

Во периодот од 9:00 до 14:00 часот утре без струја ќе останат поголемиот дел од потрошувачите на улица „Ринхини“ во општина Ѓорче Петров, а од 9:00 до 10:30 часот дел од корисниците од селата Визбегово, Мирковци, Бразда, Глуво, Чардак, Оризари.

Без електрична енергија од 9:00 до 15:00 часот утре ќе бидат корисниците од улица „Кавалска“ во општина Кисела Вода, а од 9:00 до 12:00 часот корисниците на патот за Долно Лисиче, од Кодакопласт, кон Паци Петрол до реката, од црлвата „Св.Петар и Павле“ по патот кон Долно Лисиче во општина Аеродром.

Без струја утре од 9:00 до 10:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улица „4031“ во село Марино, општина Илинден, а од 9:00 до 13:00 часот корисниците од булевар „Борис Трајковски“, од Техноскоп до кружниот тек пред Драчево.

Во периодот од 10:30 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Сандево, Бањане, Горњане, дел од Мирковци, а од 13:00 до 15:00 часот дел од корисниците лоцирани на улиците „Исаија Мажовски“ и „Воин Драшкоци“ во општина Ѓорче Петров.

Како што информира РЦУК - Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа на Град Скопје.

Фон дер Лајен: Исходот од војната во Украина ќе ја предодреди нашата иднина

Исходот од војната во Украина ќе ја предодреди нашата иднина, предупреди денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Во говорот што го одржа на свечената пленарна седница на Европскиот парламент во Стразбур, посветена на најголемото проширување на ЕУ во историјата - со 10, главно поранешни комунистички земји од истокот на континентот - таа ја опиша Русија како „егзистенцијална закана “ во Европа.

„Ако Русија ја добие војната, Европа повеќе нема да биде иста“, нагласи Фон дер Лајен и повика на продолжување на помошта за Украина.

„Рускиот претседател Владимир Путин ја разбира само силата. Путин мислеше дека Европа нема да и помогне на Украина, но згреши. Мислеше дека американскиот Конгрес нема да гласа за доделување нова помош за Украина, но згреши, рече Фон дер Лајен.

Таа посочи дека Украина го направила својот европски избор, а ЕУ го направила својот избор еден ден да ја прифати земјата како нејзина членка.

Фон дер Лајен посвети внимание на клучната улога на земјите кои се приклучија на Европската унија во 2004 година во помагањето на земјата нападната од Русија.

„Да живее Европа“, додаде Фон дер Лајен. /МИА

притисни ентер