Почеток на вториот циклус на програмата „Суперучилишта“

Присутни гости ќе бидат професорите и наставниците од училиштата кои се грантирани во овој циклус.

Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) денеска ќе го отвори официјално почетокот на вториот циклус на „Суперучилишта“ – програма за училишна размена во регионот со цел да се поддржи процесот на градење мир и помирување и интеркултурното учење и дијалог меѓу училиштата, учениците и нивните заедници.

– Програмата е дел од мултидонаторскиот проект „Програма за размена на училишта во Западен Балкан“ кофинансиран од Европската Унија и германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ) и имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) заедно со Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), соопшти организаторот на нстанот.

Најавени се поздравни обраќања на министерот за образование и наука Јетон Шаќири, шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава Дејвид Гир, заменик-амбасадорот на Сојузна Република Германија Ото Граф, директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски и раководителот на локалната канцеларија во Македонија, Владимир Ѓорѓевски.

Присутни гости ќе бидат професорите и наставниците од училиштата кои се грантирани во овој циклус.

Рикен нов генерален директор на Борусија Дортмунд

 Поранешниот германски фудбалер Ларс Рикен (47) е назначен за нов генерален директор на Борусија Дортмунд, соопшти бундеслигашот

Рикен речиси целата своја играчка кариера ја помина во Борусија Дортмунд, а од 2001 година е на чело на клупскиот тренинг центар. На новата должност ќе стапи на 1 мај.

Рикен доаѓа на местото на Ханс-Јоаким Вацке, кој претходно оваа сезона најави дека ќе се пензионира на крајот од сезоната.

„Уверен сум дека со неверојатната сила на овој клуб ќе оствариме големи победи“, порача Рикен.

Борусија Дортмунд во моментов е петтопласирана во Бундеслигата, а на почетокот на мај ќе игра против Пари Сен Жермен во полуфиналето од Лигата на шампионите. /МИА

Гласањето за претседател во затворот Идризово се одвива без проблеми

Во затворот Идризово гласањето за претседателските избори денеска се одвива без проблеми, иформираат за МИА од Избирачкиот одбор. 

-Подготвките за гласањето завршија одлично. Гласањето започна во 7 часот и се одвива без проблеми. Во Избирачкиот список за ова гласачко место број 2536 се запишани 887 избирачи, а до пладне на гласање излегоа 235, изјави за МИА членот на Избирачкиот одбор Тони Трајковски.

Согласно Избирачкиот список денеска треба да гласаат 2.147 лица кои се на издржување казна затвор или се во притвор.

За претседателските избори денеска гласаат и болните и изнемоштените и лицата во старските домови.

Членови на Избирачките одбори ги посетуваат во нивните домови за да гласаат и 6.935 болни и изнемоштени лица, чии пријави беа прифатени.

Запишани се и 534 избирачи, кои поднеле пријава за гласање, во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои за време на изборите се наоѓаат во установи за вон семејно згрижување, како и двајца избирачи со статус на внатрешно раселени лица, согласно евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика.

Право на глас на седмите претседателски избори имаат 1.814.317 избирачи. Избирачките места се отвораат во 7 часот, а гласањето трае до 19 часот. Се гласа на 3480 избирачки места во целата земја.

Украина ги укина конзуларните услуги за воено способните машки државјани во странство

Украина ги укина конзуларните услуги на воено способните Украинци кои живеат во странство, освен за оние кои треба да се вратат во Украина.

Британските медиуми пренесуваат дека украинското Министерство за надворешни работи се уште не ја коментирало мерката, која се чини дека има за цел да го зголеми бројот на регрути за војната против Русија.

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, изјави дека украинската Влада наскоро ќе издаде објаснување во врска со конзуларните услуги за воено способните мажи во странство.

„Престојот во странство не го ослободува граѓанинот од обврските кон татковината“, истакна Кулеба во објава на Х.

Кулеба додава дека заштитата на правата и интересите на украинските граѓани во странство отсекогаш била и останува приоритет на Министерството за надворешни работи, но дека сега сто тоа изгледа како воено способното лице кое заминало во странство на својата земја и покажува дека прашањето за опстанок не го загрижува, а потоа доаѓа и сака да добива услуги од државата.

„Ако тие луѓе мислат дека некој таму, далеку на фронтот, ќе се бори и ќе го дава својот живот за оваа земја, а некој ќе седи во странство, а истовремено ќе добива услуги од оваа земја, тогаш тоа не функционира така," додаде Кулеба. /МИА

притисни ентер