ПОЦ: Во текот на една недела санкционирани 153 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 153 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 22.06. до 28.06.2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 81 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 72 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

Автомобил паднал на железничка пруга во Градско, повредени пет лица

Во Градско попладнево околу 19 часот, автомобил што се движел во близина на бензиска пумпа паднал од патот на железничката пруга. Повредени се пет лица.

Како што информириа за МИА д-р Василка Пановска Поп-Стефанова, началник на Брза Помош, повредените по укажаната помош се пренесени во Ургентниот центар на велешката болница.

Портпаролката на ЈЗУ Општа болница во Велес, Елеонора Јованова изјави дека кај сите повредени биле констатирани помали телесни повреди, по што се пуштени на домашни лекување.

Триесет и шестгодишник од Велес паднал од цреша

Триесет и шестгодишен велешанец попладнево паднал од цреша и се здобил со фрактури на ребра.

Елеонора Јованова, портпарол на ЈЗУ Општа болница во Велес за МИА информира дека попладне околу 19 часот, бил примен пациент кој паднал од цреша. Тој се здобил со фрактура на повеќе ребра. Бил снимен и му е укажан прва помош.

Повредениот е оставен на опсервација во Хируршкото одделение во велешката општа болница

Ученик испил литар водка и завршил во болница

14-годишно момче од Загреб завршило во болница откако за време на прославата на последниот ден на училиште испило литар водка, објавија хрватските медиуми.

Ученикот бил пренесен во болницата во многу сериозна состојба. Покрај него, уште пет други деца биле примени во болница поради алкохолна интоксикација, објави порталот Индекс.хр.

Според директорот на болницата во Клаишева, момчето веќе е подобро.

"Вкупно беа примени шест деца со интоксикација со етил алкохол. Сите се добро, четири се отпуштени. Последните двајца пациенти се отпуштени попладнево", изјави Горан Роиќ, директор на болницата за порталот ХРТ, додавајќи дека токсиколошките наоди на дрога кај малолетници биле негативни.

притисни ентер