По вонредната состојба, правни дилеми околу важењето на владините уредби

Владата и дел од експертите и денеска со различно толкување дали донесените владини уредби важат и по престанокот на вонредната состојба.. 

Дали крајот на вонредната состојба ја стопира и важноста на владините уредби со законска сила? Државните институции и познавачите со спротивставени ставови по однос на ова прашање. Според Министерството за правда, освен уредбите со кои се ограничуваат човекови права, се си важи, без разлика на тоа што нема повеќе вонредна состојба. Познавачите пак, повикувајќи се на Уставот, велат „престанокот на вонредна состојба значи крај на уредбите со законска сила“.

Од Министерството за правда за Канал 5 потенцираат оти Уставниот суд веќе се изјаснил за времетраењето на уредбите со законска сила, и истите ќе важат.

„Уставниот суд оправдано прифати дека не е неуставно уредбите со законска сила да може да регулираат и дејствија кои би се презеле во рокови и по завршувањето на вонредната состојба. Продолженото времетраење на правното дејство на уредбите со законска сила и по завршувањето на вонредната состојба е во случаи кога со тие акти се уредува материја која е тесно поврзана со причината која предизвикала настанување на вонредната состојба и ако е соодветна мерката, како и ако уредбата со законска сила не „затвора" некој правен однос настанат пред прогласувањето на вонредната состојба.

Уставот е јасен и прецизен, вели за Канал 5 Професорот по управно право Борче Давитковски. Тој смета оти има логика уредбите да важат само доколку има и функционален законодавен дом кој ќе ги потврди.

Ова отвара низа дилеми. Доколку престанува важноста на уредбите со законска сила што во претходниот период ги носеше Владата, тогаш нема да важи одлуката за државна помош од 14.500 денари. Меѓу другите „виси“ и уредбата за субвенционирање на 50 проценти од придонесите, а и за враќањето на отпуштените работници, како и за уписите на факултетите.

Судот во Франција ја казни државата со десет милиони евра

Највисокото правно тело во Франција денеска ја казни државата со 10 милиони евра, бидејќи не успеала да го подобри квалитетот на воздухот во одредени области на земјата.

Казната доаѓа четири години откако државниот совет, кој служи како правен советник на извршниот и врховниот суд, и наредил на владата да го намали нивото на азотен оксид и честички во повеќе од 10 зони, со цел да се усогласат со европските стандарди.

Во својата одлука, судот наведе дека владата на претседателот Емануел Макрон направила премалку за да го подобри квалитетот на воздухот во одредени зони, дека нивото на штетни гасови во 2020 година е превисоко во Париз и вториот по големина град, Лион.

Спасен манастирот ,,Св Петка" од пламените јазици кај Пехчево

Натчовечките напори на жителите, пожарникарите и сите инволвирани во гаснењето ја спасија од опожарување манастир „Св.Петка” од пожарот кој повеќе од 10 часа беснее во Пехчево.

Моментално ситуацијата е под контрола, а гаснењето продолжува со четири возила кои пристигнаа на припомош од Бугарија. За време на пожарот како што информираат жителите кои цел ден учествуваа во гаснењето комбајните жнееле со цел да се спаси житото и да се спаси родот од пламените јазици.

-За среќа манастирот е спасен, изгасен е на време. Не е доцна за помошта што стигна од Бугарија бидејки има потреба од помош кај Чифлик, Умлена и Робово, бидејки од таму може да префрли многу лесно за Пехчево. Попладне дојде и хеликоптер на Армијата. Гаснеа и пожарникарите, од Шумско стопанство и населението. Се што дојде за помош е добредојдено, вели жител на Пехчево.

Додава дека според негова проценка штетата е катастрофална.

-Штетата е огромна, пределот не е најбогат но доста добар е, има доста борова шума, се е изгорено. Тоа на пладне беа страшни пламени јазици, вели тој.

Паралелно продолжува гаснењето на пожарот кај маалото Пасјак каде едно од вкупно 4 те возила кои пристигнаа како помош се вклучија во гаснење на огнената стихија над селото Нов Истевник.

Истражување: Заразата со корона е три пати помала меѓу вакцинираните

Целосно вакцинираните луѓе во Англија имаа три пати помала веројатност да бидат позитивни на коронавирус отколку невакцинираните, според британското истражување објавено денеска.

Ова е студија на научниците од Кралскиот колеџ во Лондон спроведена на 98.233 тестови за коронавирус помеѓу 24 јуни и 12 јули.

Вкупно 0,63 проценти од тестовите биле позитивни (или 1 на 158), при што процентот на позитивни кај невакцинираните изнесувал 1,21 проценти , а кај целосно вакцинираните 0,4 проценти. Студијата, исто така, посочува дека резултатите покажуваат дека вакцинираните луѓе имаат помала веројатност да го пренесат вирусот отколку невакцинираните, бидејќи количината на вирус во нивното тело е помала.

Сепак, некои британски претставници и научници повикале на претпазливост, откако владата ги олесни сите рестриктивни мерки на 19 јули, вклучително и укинувањето на задолжителното носење маски во одредени затворени простории.

Документ на американската влада протечен минатата недела предупредува дека инфекциите кај целосно вакцинираните луѓе не се толку ретки како што се мислеше и дека вакцинираните луѓе лесно можат да го пренесат вирусот.

Пол Елиот, професор во одделот за јавно здравје на Империјал Колеџот и директор за истражување, рече дека резултатите ги потврдуваат претходните податоци што покажуваат дека двојната доза на вакцината обезбедува добра заштита од инфекција.

„Сепак, ние исто така можеме да видиме дека сеуште постои ризик од инфекција, бидејќи ниту една вакцина не е 100 проценти ефикасна, и знаеме дека некои луѓе со двојна вакцинација сеуште можат да го добијат вирусот“, рече тој.

„Значи, дури и со олеснување на ограничувањата, сепак треба да дејствуваме со претпазливост за да се заштитиме едни со други и да ја спречиме стапката на инфекции“, додаде Елиот.

Бројот на дневни случаи во Велика Британија регистрирани од Министерството за здравство на Обединетото Кралство е намален по олабавувањето на мерките. Овој тренд ги изненади експертите кои предвиделе големо зголемување на бројот на заразени.

притисни ентер