По пет месеци , отворена најголемата туристичка атракција во Рио (ВИДЕО)

Големите туристички локации во Рио де Жанеиро, вклучувајќи ја и статуата на Христос Спасител  со поглед на бразилскиот град, од денеска повторно се отворија за  јавноста, откако беа затворени пет месеци поради пандемијата на коронавирус

„Повторното отворање на Христос го симболизира повторното отворање на Бразил кон туризмот“, изјави министерот за животна средина Рикардо Салес на церемонијата пред статуата.

Од посетителите ќе се бара да носат маски и да одржуваат социјална дистанца, и нема да им биде дозволено да лежат на земја - како што многумина прават во обид да го добијат најдобриот агол за фотографии пред нозете на огромната статуа.

Сместен на врвот на ридот Корковадо висок 2 300 метри во центарот на Рио во националниот парк Тијока, споменикот нуди спектакуларен панорамски поглед на градот и неговата околина.

Бидејќи поради мерките за социјално растојание беше затворен во март, споменикот на Христос Спасител продолжи да функционира како верско светилиште, нудејќи јавни миси и бдение во чест на здравствените работници и жртвите на пандемијата.

Исто така, деенска проработе жичарницата Пао де Акучар, која нуди панорамски поглед на градот, аквариумот Акварио и гигантската Рио Sвезда, најголемото тркало Ферис во Јужна Америка, пуштено минатата година во пристаништето.

Националната конфедерација на стоки, услуги и туризам во Бразил проценува дека секторот за туризам во земјата изгуби 154 милијарди реали (28,4 милијарди американски долари) во последните пет месеци, работејќи со само 14 проценти од својот капацитет.

Државата Рио де Жанеиро, со 17 милиони жители, има регистрирано повеќе од 14.500 смртни случаи и скоро 190.000 случаи на коронавирус, според официјалната статистика.Самиот главен град, кој во јуни започна постепено економско отворање, во последните 24 часа бележи 33 смртни случаи и 1.365 нови заразени.

Бразил, со 106.500 смртни случаи и 3,2 милиони заарзени до денес, е втора земја најтешко погодена во светот, по САД.

Студент направил функционален Бетмобил,цел свет му завидува (ВИДЕО)

Студент од Виетнам направил функционален Бетмобил, а фотографиите и снимките од неговото возило станаа вирални на социјалните мрежи.

Со помош на еден пријател, студентот по архитектура во Ханој, Нгуен Дак Чунг (23), го направи култното возило од популарната франшиза во природна големина. Тој вели дека идејата ја добил откако го погледнал филмот со Бетмен.

„Бев толку импресиониран од автомобилот и се заљубив во него кога првпат се појави во филмот“, рече тој за VICE. Репликата што ја направил е долга 3,6 метри, широка 2,6 метри и висока 1,5 метри. Тој за Експрес Интернешнл изјави дека возилото може да вози по рамен пат со максимална брзина од 100 километри на час и удобно да прими две лица. И, што е уште поважно, изгледа многу слично на оној во филмот, со отворање на вратата како крило.

Нгуен вели дека вложил многу напор во своето возило и морал да нарача одредени компоненти од САД и Јужна Кореја, поради што поминал 10 месеци правејќи го автомобилот.

„Да, понекогаш бев многу уморен и сакав да се откажам, но секогаш кога сакав да се откажам, се сеќавав на причината зошто почнав да се мотивирам“, рече тој. „Навистина сум среќен што го видов својот изум... Горд сум на тешкотиите што ги надминав.”

Нгуен исто така рече дека сè уште го надградува автомобилот, што привлече големо внимание на Интернет, но и дека има на ум низа други проекти.

На Американците ќе им биде забрането да го симнуваат TikTok и WeChat

Пристапот до кинеските апликации TikTok и WeChat ќе биде ограничен во САД од задутре, недела, пренесува CNN.

Одлуката ја донесе Министерството за трговија, имајќи предвид дека извршните наредби на администрацијата на Трамп против овие апликации тогаш ќе стапат во сила.

Луѓето кои веќе ја имаат инсталирано апликацијата, сепак ќе можат да ја користат како и обично, но нема да можат да преземаат нови ажурирања, што наскоро може да доведе до дисфункција на апликацијата, бидејќи програмерите нема да можат да ги поправаат грешките или да прават измени.

Од недела, секоја дистрибуција или одржување на WeChat или TikTok во трговијата за апликации ќе биде забранета.

Понатамошни забрани може да се воведат подоцна, вклучително и оние насочени кон некои други апликации што може да послужат како заобиколувања.

„Денешниот потег уште еднаш докажа дека претседателот Трамп ќе стори се што е во негова моќ за да ја гарантира националната безбедност и да ги заштити Американците од закани од кинеската комунистичка партија, на нашите национални вредности, норми засновани на демократски принципи и агресивно спроведување на законите и регулативите на САД “, изјави државниот секретар за трговија на САД, Вилбур Рос.

Почна раното гласање на претседателските избори во САД (ВИДЕО)

Гласачите денеска излегоа на гласачките места во Минесота во пресрет на предизборните посети на претседателските кандидати.

Републиканскиот кандидат и сегашен претседател Доналд Трамп и неговиот противкандидат од Демократската партија, Џо Бајден, беа во оваа сојузна држава.

Предвремено гласање на изборите за претседател на Соединетите Американски Држави започнува во три земји, според агенцијата Ројтерс.

Четириесет лица гласаа во првите 30 минути по отворањето на единствениот центар за гласање во Минеаполис, а во оваа земја Трамп загуби со мала разлика во 2016 година и посакува подобар исход на овие избори.

Гласачите во Вирџинија, Јужна Дакота и Вајоминг исто така денеска започнаа да гласаат. Некои гласачи од Минесота изјавија дека едвај чекаат да започне изборниот процес и дека сакаат да ги избегнат потенцијалните гужви на денот на изборите.

Пандемијата на коронавирус драстично ги промени изборните традиции во САД, според Ројтерс. Кампањите, патувањата се значително намалени, а голем број гласачи се очекува да гласаат во раните часови или по пошта, бидејќи многу Американци сакаат да го намалат контактот со повеќе луѓе за да спречат ширење на ковид- 19.

„Само сакав да дојдам и да завршам сè“, вели Џејсон Мајлс, 33-годишен сликар, кој чекаше многу пред да се отворат избирачките места за да гласа за Бајден. Тој вели дека не можел повеќе да чека за да гласа против Трамп.

"Бев инспириран за да дојдам првиот ден. Всушност, пред 3,5 години мислев дека ќе дојдам тука на првиот можен ден".

Сите гласачи во Минеаполис стоеја во ред со маски на лицата поради епидемијата.

Трамп беше критикуван за митинзите пред изборите, каде многумина не носеа маски. Републиканскиот претседател според државните анкети заостанува зад Бајден, додава Ројтерс, кој наведува дека Бајден има значителна предност во Минесота (10,2 проценти).

притисни ентер