По консултативните средби, следува предлог-план до МОН за нови профили во стручните училишта

Министерството за образование и наука во февруари ја организираше кампањата „Учи паметно, работи стручно" .

Во рамки кампањата се одржаа консултативни средби во градовите низ земјава, меѓу претставници од МОН, средни стручни училишта и компании за да се утврдат кои стручни профили се потребни на пазарот на трудот и според тоа да се усогласи уписната политика и наставните програми за наредната учебна година.

– МОН на едно место собра претставници на локалните самоуправи, стручните училишта, бизнис-секторот и стопанските комори. Компаниите кажаа кои профили им недостигаат, стручните училишта ги кажаа своите можности и каде би требало да помогнат општините и компаниите – за опремување кабинети, изведување практична работа, стипендии за учениците. По средбите, до МОН треба да достават предлог-план за новите профили што сакаат да бидат отворени во локалните стручни училишта од следната учебна година, соопшти МОН.

Целта на кампањата за предностите на стручното образование, која се реализира со поддршка на Амбасадата на Швајцарија, е да ги отвори вратите на компаниите и во нивниот производствен процес учениците да научат вештини со кои по завршувањето на четиригодишното школување веднаш ќе бидат подготвени да работат. /МИА

Фото: Иванишевиќ и Селеш како деца

Легендарниот екс југословенски тенисер Горан Иванишевиќ, сега тренер на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ на социјалните мрежи објави фотографија стара повеќе од 30 години.

Старата фотографија ги разбудила спомените на Горан од времето на поранешна Југославија.

На носталгичната фотка тинејџерот Горан Иванишевиќ се ракува со едно насмеано девојче, за оние кој не ја препознаваат, тоа е некогашната најдобра светска тенисерка славната Моника Селеш.

-Добри стари времиња со една од најдобрите на сите времиња, Моника Селеш. Мислам дека немавме поим што ќе постигнеме во годините кои доаѓаа, напишал Иванишевиќ во описот на сликата.

Моника и Горан подоцна го достигнаа светскиот врв. Иванишевиќ го оствари сонот со освојување на Вимблдон, а Моника Селеш владеше со светскиот тенис со до трагичното ранување во Хамбург во 1993 година од луд навивач на ривалката Штефи Графт.

Селеш во кариерата освои девет Грен слем титули.

Фото: Карлеуша во ленти

Српската пејачка Јелена Карлеуша повторно се разголе на социјалните мрежи.

Популарната Карли уште еднаш ги воодушеви своите фанови со бујните облини покриени со минијатурни врвки.

Јелена нема проблем да позира во костим за капење или во долна облека, но со последниот избор на гардероба ги изненади сите. Карлеуша одлучила да се фотографира во минијатурен градник и уште помали гаќички врзани со ленти.

Во оваа прилика може да се каже дека Карлеуша покажа скоро се. Нејзините фанови за „храброста“ ја наградија со рекорден број од 70 илјади лајкови.

Флик на излезната врата на Баерн Минхен

 По само две години работа и освоени титули меѓу кои и во Лигата на шампионите, Ханси Флик си заминува од германскиот гигант  Баерн Минхен на крајот на сезоната.

Иако се споменува дека ќе стане селектор на Германија, тоа не е причината за заминувањето туку конфликтот со директорот на баварците Хасан Салихамиџиќ.

Германските медиуми остро коментираат дека откако Салхимаиџиќ е дојден на функцијата, Баерн кој беше познат по сигурноста за тренерите и работата на долги патеки, сега го смени курсот и пребрзо ги менува шефовите и тоа со добро завршена работа.

Се тврди дека од истите причини Баерн предвреме ги набрка Нико Ковач и Карло Анчелоти.

Критиките одат до таму што на Баерн јавно му се упатува прашање...дали е можно секогаш да се виновни тренерите, а директорите да се во право?

притисни ентер