По една година обука МВР доби засилување

По една година обука, 318 кандидати добија дипломи и ја облекоа сината униформа.

Новите полициски службеници веднаш имаат обезбедено работни места во МВР. Денеска дадоа заклетва пред полицискиот врв и нивните старешини, пред обвинители како и пред претставници на дипломатскиот кор. Министерката Јанкуловска ги пофали новите колеги дека се најдобрата и најперспективната генерација, но ги потсети дека довербата која им е укажана ќе треба да ја оправдаат.

Најдобри во оваа генерација ги прогласија Александар Стрезовски и Андријана Костадиновиќ и двајцата од Скопје. Велат дека обуката била тешка, но успеале да ја совладаат. Девојките не биле поштедени како понежна половина. Најважното што го научиле било дека сите граѓани се еднакви.

Најсреќни беа нивните родители и роднини, кои пред една година ги пратија на обука во Центарот во Идризово. Дојдоа како кандидати, денеска си одат дома во полициска униформа, а од утре на работа.

притисни ентер