По четврти пат стартува судењето за убиството во Ореше

Само што започна и веднаш се одложи повтореното судење за платеното убиство на старецот Лазо Милошевски во селото Ореше.

Во судницата на велешкиот суд одлагањето на главниот претрес го побараа адвокатите на обинетиот нарачател на убиството Ѓоре Петровски и на обвинетите извршители на убиството Ордан и Љупчо Ѓоргиевски.

Бранителот на браќата Ѓоргиевски побара изземање на судиите Тања Милева и Габриела Гајдова поради тоа што тие претходно биле дел од кривичен совет кој им го продолжувал притворот на обвинетите.

И покрај мислењето на јавниот обвинител Славица Темелковски дека станува збор за одолговлекување на процесот Милева го одложи главниот претрес за први април, годинава. Таа му даде три дена рок на бранителот Давидовиќ да ги достави писменото барање за изземање и доказите по кој потоа ќе треба да се произнесе претседателот на судот во Велес.

Инаку, на прво и второ обвинетите во овој предмет велешкиот суд им суди по четврти пат. Претходно два пати ги осуди на казни затвор со по 12 години браќата Ѓоргиевски а третиот пат ги ослободи. Судии поврзани со овој предмет и обвинител се осудени на затворски казни поради серија пропусти во претходната постапка. Четвртиот обид да суди во случајот Ореше почна пред комплетно нов судски совет.

Полицијата во Минск користи ласерски пушки против демонстрантите (ВИДЕО)

Полицијата во Минск користела ласери и светлечки гранати за да ги растера демонстрантите собрани во западните предградија на Минск, јавува дописникот на ТАСС.

Околу 500 луѓе, претежно млади, се собраа во центарот на Минск.

Белорусија ги одржа претседателските избори на 9 август, а според првичните резултати, претседателот Александар Лукашенко доби поддршка од 80,08 проценти.

По објавувањето на резултатите, избувнаа протести во Минск и неколку други градови.

Властите на Белорусија објавија дека околу 2.000 незадоволни граѓани се уапсени за време на протестите против изборната победа на претседателот Александар Лукашенко.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека повредени се 21 припадник на полицијата и безбедносните служби, од кои петмина биле хоспитализирани.

Од друга страна, претходните два дена загинаа двајца демонстранти , едниот прегазен од полициско возило , а на другиот му експлодирала направа од домашно производство во рацете.

Не платила за чистење смет, ѓубраџиите и се одмаздиле (ВИДЕО)

Браќа кои се занимавале со отстранување на отпад и чистење  куќи се одмаздиле на клиент која, наводно, одбила да плати за нивната работа, истоварувајќи камион полн со ѓубре пред нејзиниот влез.

Џонатан Морган (31) и неговиот брат Калум (27) од Кардиф, во Велс се одмаздиле на жена која не сакала да им плати за услугата. Браќата кои работат на отстранување на отпадот од Кардиф и расчистување на куќите, на 20 јули отстранувале стар мебел и отпад два часа и побарале 120 фунти за нивната работа, пренесува The Sun.

Меѓутоа, откако не платила до следниот ден, тие се вратиле во куќата и го истуриле ѓубрето по патеката.

„Ова им се случува на клиентите кои не плаќаат. Тие добиваат поврат на средства. Бесплатно е“, вели Калум во снимката пред Џон да го растовари отпадот. Еве како изгледаше тоа.

Браќата велат дека тие наплатиле 120 фунти за работата и велат дека станувало збор за работа од 200 фунти. Додаваат дека се чинела како пристојна дама која објаснила дека нема многу пари, па решиле да и наплатат само за да не бидат во загуба.

„Не требаше да заработиме, само сакавме да и помогнеме“, велат тие.

Францускиот премиер предупредува дека епидемијата оди во погрешна насока

Францускиот премиер Жан Кастекс денеска изјави дека стапката на инфекција со коронавирус во Франција се движи во погрешна насока и дека е потребно заедничко дејствување на национално ниво зашто ситуацијата ќе излезе од контрола.

,,Јавноста станува несовесна”, предупреди премиерот, откако беа пријавени скоро 5.000 нови случаи на ковид-19 од саботата до вчера, според официјалните бројки. Епидемијата однесе повеќе од 30.000 животи во земјата.

Бројот на позитивни тестови за вирусот се зголеми од околу илјада на ден пред три недели на скоро две илјади на ден сега, рече францускиот премиер за време на посетата на главната болница во Монпелје.

Земјата ќе го премине „прагот на претпазливост“ од 20 случаи на 100.000 жители оваа недела, предупреди тој.

Кастекс рече дека француската влада одлучила да ја продолжи забраната за собирање на повеќе од 5.000 лица до крајот на октомври и ќе подготви нови ограничувања за 20-те најголеми градови за да го спречи ширењето на инфекцијата.

Од локалните власти исто така ќе биде побарано да направат повеќе за да ги охрабрат луѓето да носат маски на јавни места низ целата земја.

,,Секоја недела се спроведуваат над 600.000 тестови во Франција, што е задоволително, но може да се направат повеќе за да се опфатат повеќе лица со симптоми, рече премиерот.

„Ако не дејствуваме заедно, ризикуваме дека повторното ширење на епидемијата ќе биде тешко да се контролира“, рече Кастекс.

притисни ентер