По бројните реакции , НАТО го поправи именувањето на граѓаните на Македонија

Откако на официјалниот сајт на НАТО осамна формулацијата ,,Граѓани на Северна Македонија” ( Citizens of the Republic of North Macedonia)  во графата националност , се појавија бројни реакции на социјалните мрежи.

Откако на ваквата формулација , што не е во согласност со Уставот на државата  , по реакцијата на Канал 5, дејствуваше Министерството за надворешни работи ,па формулацијата се смени во Македонски/ Граѓани на Северна Македонија ( Macedonian / Citizen of North Macedonia) .

Станува збор за  официјалната страница на НАТО во делот за слободни работни места каде што се бара од апликантите да ја изберат својата националност. Додека другите земји-членки на НАТО се наведени според нивните вистински националности, македонските апликанти се наведени како „граѓанин на Република Северна Македонија“.

Од Алијансата се уште нема објаснување за вчерашната промена во графата на националност , каде Македонската беше ставена меѓу Канадската и Хрватската.

притисни ентер