По 19 години владата на Авганистан постигна договор со Талибанците

Авганистанската влада и претставниците на Талибанците постигнаа прелиминарен договор за мировни разговори, нивниот прв писмен договор по 19 години војна, а договорот е поздравен од САД како можност да се стави крај на насилството.

Договорот го отвора патот за понатамошни разговори, но се смета за чекор напред бидејќи ќе им овозможи на преговарачите да преминат кон поконкретни прашања, како што е воспоставување на примирје, иако талибанските напади врз авганистанските владини сили продолжуваат.

„Постапката, вклучително и преамбулата на преговорите, е завршена и преговорите сега ќе започнат според планот“, изјави за Ројтерс Надер Надери, член на преговарачкиот тим на авганистанската влада.

Портпаролот на талибанците го потврди договорот на Твитер.

„Заедничкиот работен комитет беше одговорен за подготовка на нацрт теми за мировни разговори“, рекоа двете страни во заедничкото соопштение.

Договорот, иако насилствата во Авганистан не престануваат, е постигнат по повеќемесечни разговори во Доха со поддршка од САД.

Прекинот на огнот останува најитно барање на меѓународната заедница и на Кабул, иако Талибанците одбија за време на првата фаза од преговорите.

„Договорот е чекор кон започнување преговори за големи прашања, вклучително и сеопфатен прекин на огнот, што е клучно барање на авганистанскиот народ“, напиша портпаролот на Ашраф Гани, Седик Седики, на Твитер, повикувајќи се на проценката на авганистанскиот лидер.

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, им честиташе на двете страни на „упорноста и подготвеноста да се најде заеднички јазик“ и додаде дека САД „ќе работат со сите страни за сериозно намалување на насилството и постигнување примирје“.

Специјалниот претставник на САД за авганистанско помирување Залмај Калилзад на Твитер објави дека двете страни се согласиле на „договор на три страници со кој се утврдуваат правила и процедури за нивните преговори за политички план и сеопфатен прекин на огнот“.

„Овој договор покажува дека преговарачките страни можат да се договорат за тешки прашања“, напишал Калилзад.

Владите ширум светот на донаторската конференција минатата недела ветија помош од 12 милијарди долари за Авганистан до 2024 година, но предупредија дека тоа ќе го условат со зачувување на демократското законодавство, особено со заштитата на правата на жените.

Тајланд воведува данок за богатите пензионери од Западот

Според новиот тајландски даночен закон, сите даночни резидентни кои ги остваруваат своите приходи во странство, а трошат пари на Тајланд, во иднина ќе мора да плаќаат данок.

Овие одредби важат не само за тајландските граѓани, туку и за илјадници странски пензионери кои ги поминуваат пензионерските денови на Тајланд. Меѓу нив има и многу пензионери од Европа, а пред се од Германија.

Пензионерите живеат удобно на Тајланд од заштедите и приходите што ги заработиле додека работеле во своите матични земји.

„Ова е многу тежок удар за германските пензионери“, вели даночниот советник Мартин Либенов од меѓународната ревизорска фирма Мазарс во Бангкок, пренесува Тпортал.

Пензионерите не се единствените што се погодени. Ова е тежок удар за секој што ќе се пресели во Тајланд и ќе живее од своите заштеди и приходи од странство, без разлика дали се пензионери или е некој од многубројните дигитални номади, вели Либенов. /МИА

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто полугодие од 2023 година, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во земјава изнесувала 7.289 денари по KWh, што претставува пораст од 8.2 % во споредба со првото полугодие.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 36.858 до 48.300 денари по нм3 по групи на потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата е 51.257 денари за nm3.

Девет лица приведени во Таџикистан поради поврзаност со нападот во Москва

Државниот комитет за национална безбедност на Таџикистан уапси девет лица за кои верува дека се поврзани со осомничените за нападот во концертната сала во Москва.

Светските агенции повикувајќи се на извори во безбедносните сили на Таџикистан, денеска наведуваат дека осомничените се уапсени и поради нивните врски со огранокот на терористичката организација Исламска држава во Хорасан (ИСИС-К).

Според нивните информации, сите девет лица биле приведени на 25 март во градот Вахдат и се одведени во Душанбе.

Истражниот комитет на Русија вчера соопшти дека е уапсено уште едно лице осомничено дека учествувало во финансирањето на нападот во Москва. /МИА

притисни ентер