Планирачка конференција за големата претстојна НАТО вежба

Вклученоста во претстојната НАТО вежба би требало да претставува привилегија за сите учесници, велат од ЦУК.

На денешната Планирачка конференција за големата претстојна НАТО вежба „Македонија 2021" во Охрид, беа истакнати осознаените согледувања, насоките со сублимирање на заклучоците за реализација на предвидените НАТО активности и за улогата на Центарот за управување со кризи (ЦУК) како лидер во организацијата и домаќин во име на државата.

-Од македонска страна во Охрид, ќе се разгледуваат осознаените согледувања, насоките со сублимирање на заклучоците за реализација на предвидените НАТО активности и за улогата на Центарот за управување со кризи (ЦУК) како лидер во организацијата и домаќин во име на државата, истакнал на денешната Планирачката конференција за големета претстојна НАТО вежба „Северна Македонија 2021", директорот на вежбата, д-р Урим Вејсели.

Како што информираат од Центарот за справување со кризи тој нагласил дека по непосредното теренско посетување на работните плански места што се точки со конкретни објекти сценариа со извежбување на конкретни субјекти од Системот за управување со кризи во соработка со НАТО силите, се сублимираат заклучоците за оперативна реализација на вежбата во две работни групи: Штабна работна група и Теренска работна група.

-Соред теренските и конференциски согледувања на сценариските вежбовни задачи се планираат и глоблните менаџирања на раководење, а и деталите за барање и спасување, поддршката и логистиката, цивилно – воената координација, искустено осознавање и работа преку виртуалната реалност, можностите за прекуграничен транспорт во спасувачки мисии, употреба на НИКС – Напредна генерација Команден систем за управување со инциденти што Центарот за управување го развива во Македонија и во Регионот, координација на заеднички воздушни активности со воздухоплови без екипаж (квадкоптери – дронови) и други можности и ситуации важни при координирана акција при катастрофи, стои во соопштението

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, посочил при своето обраќање дека со почетокот на Планирачката конференција за претстојна НАТО вежба „Македонија 2021" во Охрид се отвора ново поглавје во државава за надоградување на Системот за управување со кризи и дека за Центарот за управување со кризи како дел од безбедносниот систем, членството во НАТО е придобивка сама по себе.

Според него можноста за збогатување на знаењата и продлабочување на искуствата, да се тренира и учи под знамето на НАТО значи да се биде дел од интегриран и високо – обучен систем на чија поддршка може да се смета во секое време и во секоја ситуација.

-Во овој контекст, ЦУК во голема мера се обиде да создаде ефикасен систем за управување со кризи, истовремено обезбедувајќи функционално единство на националните институции, локалната самоуправа, невладиниот сектор и академската заедница. Вклученоста во претстојната НАТО вежба би требало да претставува привилегија за сите учесници, бидејќи претставува одлична можност за поддршка на националните власти и градење на нашите капацитети преку подобрување на готовноста при природни катастрофи и катастрофи предизивикани од човек, подобрување на планирањето, превенцијата и одговорот, и со тоа ќе се зајакнат националните капацитети за одговор при итни ситуации и да се има подобри можности за спасување човечки животи, се наведува во соопштението од ЦУК.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер