Плакати против папата околу Ватикан поради ограничувањата за ширење на старата латинска миса

Околу Ватикан се излепени плакати со кои се повикува папата Франциск да ги прекине ограничувањата за ширење на старата латинска миса.

На плакатите се слики од поранешните поглавари на Римокатоличката црква Бенедикт Шеснаесетти и Јован Павле Втори и цитати од нивните текстови кои позитивно зборуваат за стариот обред на латински јазик, кој папата Франциск се обидува да го ограничи.

„За љубовта на папата. За мир и единство на црквата. За слободно одржување на традиционалната латинска миса“, пишуваше на плакатите, што се однесува на одлуката на Франциск во 2021 година да ја смени една од потписните литургиски одлуки на Бенедикт и повторно да воведе ограничувања на одржувањето на старата миса.

Папата рече дека мора да дејствува, бидејќи ширењето на стариот обред предизвикува поделби меѓу жупаниите.

Тој рече дека одлуката на Бенедикт да ја либерализира нивната употреба во 2007 година ја искористија луѓето кои се противат на модерните реформи на Вториот Ватикански совет, состаноци од 1960-тите кои дозволуваа миса на народен јазик, а не само на латински.

Иницијативата за постерот беше преземена од група пролатински активисти и блогери, кои рекоа дека стравуваат дека крајната цел на Франциск е целосно да го забрани древниот обред.

По првичниот декрет на папата за ограничување на обредот, литургиската канцеларија на Ватикан издаде две последователни појаснувања кои го отежнуваат неговото ширење. Во соопштението, традиционалистичките групи велат дека се неправедно маргинализирани и отфрлени од католичката хиерархија само затоа што ја изразиле својата силна вера. /МИА

Пендаровски: На 8 мај двојна победа за сите нас и за Македонија

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска беше меѓу жителите на општината Чучер-Сандево.

Заблагодарувајќи им се што одлучиле попладнето да го поминат со него, Пендаровски рече дека на 8 мај е загарантирана двојната победа.

„100% победуваме. На 8 мај ќе славиме за двојната победа за сите нас и за Македонија", истакна Пендаровски.

Говорејќи за досегашната работа на актуелната политичка гарнитура, Пендаровски го истакна членството во НАТО, како најголема организација која ја гарантира безбедноста и стабилноста на сите членки без исклучок. „Без пријатели, мала земја како нашата, тешко може да опстане“ потенцираше Пендаровски.

Тој ги повика граѓаните на Чучер-Сандево масовно да излезат на гласање на 24 април, да заокружат број 1 и да добијат гаранција за подобра иднина на нивните деца и на нивните внуци, соопштуваат од тимот на Пендаровски.

Салма Хаек со поќерката ги привлече сите погледи во Венеција (ФОТО)

Салма Хаек и нејзината 23-годишна поќерка Матилда Пино привлекоа внимание на гала вечерта во Венеција, каде се појавија во елегантно издание.

57-годишната актерка пристигна во долг син фустан со светки, додека Матилда носеше сребрен фустан. Со нив бил и Франсоа-Анри Пино, сопругот на Салма и татко на Матилда.

Актерката е во брак со бизнисменот Франсоа-Анри Пино од 2009 година. Салма ја има ќерката Валентина Палома со Пино. Бизнисменот од врската со Линда Евангелиста го има синот Аугустин Џејмс, а од првиот брак со Дороте Лепер ја има ќерката Матилда и синот Франсоа.

Од почетокот на врската со Пино, Салма развива добри односи со неговите деца. Таа неколку пати објавуваше заеднички фотографии.

Димитриеска Кочоска: Платформа 1198 значи повисок стандард, раст на БДП од 5% на среден рок

Состојбата е катастрофална во секоја сфера. Главниот проблем е тоа што државата не е функционална и тоа што граѓаните воопшто не можат да имаат никакво влијание и немаат влијание врз одлучувачките процеси.

Ако немаме економија, тогаш не можеме да очекуваме развој во ниту еден сегмент.

Не смееме да дозволиме и понатаму, државата да биде киднапирана од стотина луѓе од власта кој што носат одлуки само за нивни лични интереси и за нивно богатење.

И токму поради тоа, народот треба да стави стоп на ваквото однесување. Да излезе масовно и да гласа, затоа што се потребни промени, промени кои што ќе ја направат Македонија твоја.

Денес сум во Македонски Брод, кој што можам комплетно да кажам дека е целосно заборавен од централната власт и токму тоа треба да се промени.

Имав средби со граѓани, имав средби со стопанственици. Едногласно е секаде размислувањето и одлуките на луѓето дека промени мора да да има. При тоа, го искористивме периодот од денот да ги презентираме мерките и решенијата кој што ВМРО-ДПМНЕ ги има во својата Платформа 1198, кој што и всушност значат многу подобар живот за граѓаните, повисок животен стандард, раст на БДП од 5% на среден рок, повеќе пари за малите и средби бизниси, повисоки пензии.

Затоа, масовно треба да излеземе и да гласаме на 24 април и на 8 мај, со цел да има промени и за повторно Македонија да биде твоја, односно да биде наша, рече Гордана Димитриеска Кочоска, кандидат за пратеник во изборна единица 1.

притисни ентер