Петровска: Да не треба да си ги повлечете изјавите дека ДУИ никогаш нема да биде дел од власта? - Канал 5

Петровска: Да не треба да си ги повлечете изјавите дека ДУИ никогаш нема да биде дел од власта?

„Поддржуваме закони и од парламентарното мнозинство кога сметаме дека тие се и во интерес на граѓаните и се совпаѓаат со нашата агенда“

Петровска: Да не треба да си ги повлечете изјавите дека ДУИ никогаш нема да биде дел од власта?

Да видиме за неколку месеци какво реформирано ДУИ ќе добиеме па потоа да не треба да си ги повлечете изјавите дека ДУИ никогаш нема да биде дел од власта. За некои прашања, треба да имаме поголема политичка култура, која што за жал се помалку ја имаме и без балансер. Додека бев министерка за одбрана тоа се практикуваше и сите малцинства беа соодветно застапени во структурата на армијата. Не знам по што е толку пособен законот за правична застапенот и зошто ќе треба година или две да се подготви или пресметајте како Влада колку време ќе ви треба да ги исполните ветувањата за подоцна друг да не ви биде виновен. Во поглед на поддршката на законите на Левица, поддржуваме закони и од парламентарното мнозинство кога сметаме дека тие се и во интерес на граѓаните и се совпаѓаат со нашата агенда. Не се трудиме за бидеме поддржувачи некому, без оглед кој го предлага законот, ако сметам дека е добар ќе го поддржам законот и без разлика од која страна доаѓа, ете тоа се европски вредности, вели Славјанска Петровска во Само Вистина.

Робот изврши 100 отсто успешна самостојна операција

Робот опремен со вештачка интелигенција, како и со алатки за сечење и фаќање меко ткиво, со 100 отсто успешност отстрани жолчни меури кај свиња, без човечка помош. 

Робот изврши 100 отсто успешна самостојна операција

Научниците од Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Балтимор, Мериленд, САД, по сѐ тоа, предвидуваат дека роботската хирургија би можела да се тестира на луѓе уште наредниве 10 години.

Според научниот труд на универзитетите „Џонс Хопкинс“, „Стенфорд“ и „Колумбија“, ова е „пресвртница кон клиничката примена на самоуправувачките хируршки системи“, се наведува. Технологијата што им овозможува на роботите да манипулираат со меки ткива како што се жолчното ќесе, е вкоренета во широко користените ВИ-алатки како што се „Чет-ГПТ“ или „Гугл Џемини“. Роботот-хирург се обучувал преку видеоснимки од лекари и изведувајќи операции врз органи земени од мртви свињи. На овој начин, осум операции на свински органи со 100-отстотна стапка на успех беа извршени, под надзор на научниците. Ова отвора можности за масовно умножување на вештините на најдобрите хирурзи во светот.

Кралскиот колеџ за хирургија во Велика Британија соопшти дека ова е „возбудлив развој којшто носи големо ветување“, додека Џон Мекграт - водечки стручњак за роботска хирургија во Велика Британија, ги нарече резултатите „импресивна новост“ којашто „нè води подалеку во светот на самоуправувањето“ - дури и во непредвидени случаи, типични за итна медицинска интервенција.

- Речиси сите 70.000 роботски процедури што се изведуваат годишно во Националната здравствена служба во Англија се целосно под човечки надзор. Може да се каже дека само сечењето коски за операции на колк и колено е полусамоуправувачко, рече Мекграт.

Хируршките роботи биле малку побавни од луѓето-лекари, но се постабилни и следат пократки патеки меѓу задачите. Роботот, исто така, може постојано и брзо да ги коригира и прилагодува своите чекори при работата, да бара различни алатки и да се прилагоди на анатомските разлики, се вели во рецензија објавена во списанието „Сајенс роботикс“ (Science Robotics).

- Ова е премин од роботи што вршат одделни задачи до системи што вистински ги разбираат хируршките процедури, изјави проф. Аксел Кригер од „Џонс Хопкинс“.

Тој додаде дека овој систем може да се прилагодува според анатомијата на секој пациент.

Минатиот месец, британскиот министер за здравство Вес Стритинг изјави дека развојот и растот во роботската хирургија е во срцето на 10-годишниот план за реформа на британското здравство и намалување на листите на чекање.

Иако интервенцијата траела подолго отколку кога ја изведува човек, резултатите биле споредливи со оние на експерт-хирург, наведуваат истражувачите. Во пробната фаза на „Џонс Хопкинс“, на роботите им требале нешто повеќе од пет минути да извршат операција од 17 чекори. Роботите си ги коригирале прилагодените потези без никаква човечка помош во просек шест пати во секоја операција.

Модриќ го одигра последниот натпревар за Реал

 Хрватскиот ветеран Лука Модриќ официјално ја заврши кариерата во дресот на Реал Мадрид, напуштајќи го Кралскиот клуб како најтрофеен фудбалер во историјата на мадридскиот гигант.

Модриќ го одигра последниот натпревар за Реал

Својот последен настап во белиот дрес Модриќ го имаше во синоќешното полуфинале на Светското клупско првенство во поразот од 4-0 против ПСЖ то го остави без можност да додаде уште еден трофеј во својата богата колекција.

Триесетидеветгодишниот Модриќ го носеше дресот на Реал Мадрид од 2012 година и стана најодликуваниот играч во долгата и богата историја на Кралскиот клуб. Освои вкупно 28 трофеи, вклучувајќи шест титули во Лигата на шампиони и четири титули во шпанското првенство.

Модриќ во дресот на Реал одигра вкупно 597 натпревари, постигна 43 голови и додаде 95 асистенции.

Во мирување одлуката за штрајк на контролорите на летање

Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛМ ја стави во мирување одлуката за  штрајк што требаше да се реализира денеска, потврди за МИА претседателот на ССКЛМ Александар Тасевски.

Во мирување одлуката за штрајк на контролорите на летање

- Тоа што го баравме се придвижuва, одобрено е барањето за вработувања на контролорите и за спроведување на функционалната анализа која ќе определи кои се работни места и број на извршители треба да постојат, изјави Тасевски.

Сепак, најавува дека ќе го оспорат последниот конкурс за вработување за кој веќе реагираа во предупредувањето за штрајкот.

- Не застануваме тука ќе продолжиме да бараме професинализам. Има неправилности и во последиот конкурс, ние повторно дадовме шанса, но очигледно УО нема намера да застане, вели Тасевски.

ССКЛМ преку известување до раководството на М-НАВ на 16. минатиот месец побара да го поништи последниот оглас за нови вработувања и да ги испочитува обврските од минатогодишната Спогодба која беше основа за ставање во мирување на тогашната одлука за штрајк. Повикаа да се пристапи кон итна реализација на неисполнетите точки од Спогодбата најдоцна до крајот на јуни, а во спротивно најавија реактивирање на штрајкот денеска.

Синдикатот и во известувањето реагираше последниот оглас за нови вработувања во М-НАВ, за кои оцени дека „не одговараат на реалните, итни и суштински потреби на компанијата“. Побара поништување на огласот, а евентуалното пополнување на работните позиции да се изврши преку прераспоредување на постоечки вработени во М-НАВ преку интерен оглас или со додавање на работни задачи на недоволно ангажирани вработени како и одделенски реорганизации и рационално прераспоредување на постојниот кадар.

Раководството на АД во државна сопственост за услуги во воздухопловна навигација М-НАВ, пак, пред три дена преку соопштение објави дека презема чекори за доекипирање со кадри, имплементација на нови технологии, замена на старата опрема и реорганизација.

Според М-НАВ, со планираните огласи за вработување, ќе се вработат лица, како замена на колеги кои се веќе заминати во пензија или ќе го остварат своето пензионерско право во текот на наредните неколу месеци, генерациски смени и други причини.

Како што посочија, се прават огромни напори да се стабилизира компанијата која со години била предмет на несериозно и неодговорно раководење.

- Се преземаат чекори за доекипирање со кадри, имплементација на нови технологии, замена на старата опрема и реорганизација. Управниот одбор на М-НАВ АД Скопје, во координација со Владата на Република Северна Македонија, во текот на 2025 година доби согласност од Министерството за финансии за вработување на високо стручен кадар специјализиран за потреби на давање воздухопловно навигациски услуги. Ќе се вработуваат високо образовани и стручни кадри од следните профили: четири метеоролози–прогностичари, еден метео набљудувач и еден инженер за сајбер безбедност. Дополнително заради зголемен обем на работа во Секторот за воздухопловна навигација и планирани генерациски смени во одделението за Обласна контрола на летање, М-НАВ ад Скопје ќе вработи и школува шест контролори на летање во некој од Европските центри за школување на ваков кадар кој ќе биде избран на тендер, информираше -М-НАВ.

Според раководството, има резултати од реорганизацијата и промената во пристапот на менаџирање со кадрите, а во првата половина од годината остварени се позитивни резултати со зголемување на бројот на прелети над македонското небо за над 12 проценти. За шест месеци се реализирани 133 474 летови за разлика од истиот период лани кога се реализирале 119 972 летови вклучувајќи ги и летовите до и од Скопје и Охрид.

притисни ентер