Петров: Владата предводена од СДСМ презеде брзи и навремени економски мерки

Со третиот пакет ја стимулираме приватната потрошувачка, и ја помагаме домашната економија.

Во последните 3 месеци не само на нас,туку и на целиот свет ни се случува најголемата криза. Од почетокот на здравствено - економската криза предизвикана од КОВИД - 19, СДСМ застана зад ставот дека најважно е брзи и навремени мерки.

Па согласно тоа, стоејќи зад ставот дека заедно сме во целата оваа ситуација, започнаа разговорите со компаниите, работодавачите, банките. - посочи потпретседателот на СДСМ, Коста Петров на онлајн дискусијата „Нова развојна македонска економија".

- Првиот сет економски мерки беа насочени кон компаниите кои беа први на удар односно транспортот, туризмот, угостителство. Вториот сет економски мерки беа насочени кон микро мали и средни компании, се со цел да се сочуваат повеќе работни места. Третиот економски пакет е поразличен од првите два, фокус е трансформација на македонската економија, истакна Петров.

Потпретседателот Петров се осврна и на реализацијата на мерките со кои се обезбедуваат домашни платежни картички и ваучери за туризам со што ќе се зајакне приватната потрошувачка во наредниот период.

-Платежни картички од 9.000 денари добиваат сите невработени лица активни баратели на работа и примателите на гарантирана минимална помош, по 3.000 денари ќе добијат младите лица и вработени со месечна примања до 15.000 денари. Најважно е што нема да има аплицирање, туку граѓаните директно ќе ги добиваат овие картички и ќе ги искористат. Преку оваа мерка им помагаме на граѓаните, но и помагаме и на домашната економија, заклучи Петров.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Општина Штип почна постапка за одземање на Б дозволата на фирмата САНС- АГ

 Општина Штип ја почна постапката за одземање на Б-интегрираната дозвола на фирмата САНС-АГ која во реонот на Пeнуш од автомобилски гуми произведуваше течно гориво.

Раководителот на Секторот за инспекциски работи во Општина Штип, Тоше Ѓоргиевски денеска информираше дека постапката ја почнале пред 30 дена, откако имале инспекциски надзори заедно со државен инспектор за животна средина и по добиениот допис од Министерството за животна средина, во кој се вели дека оваа штипска фирма неколкуратно ги прекршува условите пропишани во Б-интегрираната дозвола.

-Оваа постапка е почната пред 30 дена, но ќе напоменам дека постапката за одземање на дозволата е исто така долга, колку што е и за добивање на Б-интегрирана дозвола, вели Ѓоргиевски.

Тој очекува дека целата постапка за одземање на Б-интегрираната дозвола на фирмата САНС-АГ да трае од 90 до 120 дена. Инаку, Државниот инспекторат за животна средина и просторно планирање пред два дена ја објави и одлуката на Основниот суд во Штип, кое има изречено парична глоба за правниот субјект и за одговорното лице за затекнатите буриња со течно гориво во кругот на фабриката. Паричната глоба изнесува 1.750 евра, од кои 1.500 за правниот субјект и 250 евра во денарска противвредност за одговорното лице. САНС-АГ поголго време не работи, а е лоцирана во атарот на Пенуш.

Извлечени две тела на исчезнати работници по уривањето на мостот во Балтимор

Два дена по уривањето на мостот во пристаништето Балтимор, нуркачите извлекоа две тела од водата.

Полицијата во Мериленд соопшти дека станува збор за двајца мажи, на возраст од 26 и 35 години, од Гватемала и Мексико. Двајцата работници биле дел од градежната екипа од шест лица која во моментот на несреќата била на должност на мостот „Френсис Скот Ки“..

Останатите четворица работници се уште се водат за исчезнати, а 18 часа по несреќата беше објавено дека се претпоставува дека се мртви.. Уривањето на мостот, главната сообраќајница преку пристаништето, го затвори пристаништето Балтимор на неодредено време, кое е едно од најпрометните пристаништа на источниот брег на САД..

Наполи сака да го задржи во тимот Кварацхелија до 2029 година

Грузискиот репрезентативец во Наполи, Квича Кварацхелија може да потпише нов договор со тимот во блиска иднина.

Според „Football Italia“, новиот договор на фудбалерот со италијанскиот клуб ќе важи до летото 2029 година. Актуелниот договор завршува во јуни 2027 година.

Оваа сезона фудбалерот одигра 37 натпревари за тимот во сите натпреварувања, постигнувајќи 10 голови и пет асистенции.

Трансфер вредноста на играчот се проценува на 80 милиони евра.

притисни ентер