Петров: Економските мерки на Владата значат помош за 250.000 работници

Дозволете ми да ви се обратам, не само како Потпретседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, туку и како граѓанин и претприемач, кој како многумина од вас, во моментов ги чувствува економските ефекти на Ковид-19.

Го разбирам вашиот страв. Коронавирусот комплетно го промени начинот на кој фунцкионира светот и никој не е поштеден. Загрижени сте за својата иднина, своите работни мести и своите месечни примања.

Драги претприемачи, знам дека ова е тежок период и за вас. Дел од вас беа приморани да го намалат обемот на работа. Некои мораа привремено и да ги затворат своите компании а бидејќи приливите се намалени, многумина од вас се прашуваат како да ги исплатат платите на своите вработени на крајот од месецот.

Ова се неизвесни времиња за сите, но мојата порака до вас денес е следна –не сте сами во ова. Ќе го надминеме ова, заедно.

Владата на Република С. Македонија е свесна за проблемите со кои се соочувате и подготви нов пакет на економски мерки, вреден 200 милион евра, со една јасна цел - да се ублажи економскиот удар од корона вирусот и да им се помогне на граѓаните, на работниците, на компаниите, на сите на кои им е загрозена финансиската состојба.

· За да ги зачуваме работните места, Владата предводена од СДСМ, овозможува директна помош од 14.500 денари по вработен за април и мај за сите фирми погодени од кризата. Со оваа мерка се таргетирани 35,000 компании, односно 50% од сите компании во државата. Би сакал да напоменам дека дури 87% од шифрите на дејност се опфатени со оваа мерка. Ова практично ќе ја покрие целата нето-плата на 75.000 граѓани а на 180,000 граѓани ќе покрива до 75% од нивната нето плата.

· Не се заборавени ниту спортските работници вработени во спортските здруженија, како и самостојните уметници . И за нив е обезбедена минимална плата од 14.500 денари за месеците април и мај, како и придонеси преку Министерството за култура.

· Сите фирми погодени од кризата нема да плаќаат данок на добивка преку месечните аконтации.

· Кредитите кај банките и штедилниците се одложени од 3 до 6 месеци, а кај финансиските друштва за 3 месеци, но имаме и случај каде многу банки ги одложуваат кредитите и до 6 месеци.

· Извршителите се одложени за 6 месеци.

· Во периодот на криза се забранува и одење на компаниите во стечај.

· Државата ја субвенционира каматата и со тоа нуди ликвидни средства на компаниите со 0% камата во износ од 13,7 милиони евра со 12 месеци грејс период и 3 години рок на отплата.

· На располагање на фирмите се и евтини кредити од 50 милиони евра со камата од 1% до 1,5% годишно.

· Казнената камата се намали за 50% (од 0,03% на 0,015%). Законската затезната камата исто така е намалена за 50% (од 10% на 5% за фирми и од 8% на 4% за граѓани).

· Граѓаните што останале без работа ќе земаат 50% од просечната плата што ја имале кога биле вработени преку агенцијата за вработување согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност (член 68.)

· Лицата од неформалната економија кои останале без приходи ќе земаат по 7000 денари помош од државата за месеците април и мај. Со оваа мерка ќе бидат опфатени 20.000 нови домаќинства, кои веднаш ќе влезат во системот на социјална заштита, како и 30.000 веќе постоечки корисници.

· Се овозможува и одложување од плаќање на кирии за станови и деловни простори во државна сопственост за 3 месеци за граѓаните и фирмите погодени од кризата.

· Сите избрани и именувани функционери на државно и на локално ниво ќе земаат минимална нето плата од 14.500 денари за месеците април и мај 2020 година.

· Претседателите и членовите на управни и надзорни одбори на јавни институции, претседатели и членови на Советите во општините, а кои се вработени нема да примаат надомест за времетраење на кризата.

· Истовремено, Владата веќе донесе одлука за забрана за нови вработувања и нови ангажирања во јавниот сектор. Донесена е и одлука, сите средства од заштеда од непродуктивните трошоци да се пренаменат за справување со здравствено-економската криза

· Се формира солидарен фонд за помагање на здравјето на граѓаните и други социјални потреби на граѓаните.

Драги сограѓани,

Знам дека ова е тежок период но само заедно, сплотени и солидарни можеме да ја победиме оваа криза.

Нека биде ова време на солидарност, на поддршка и заедништво.

Ние покажавме како преку исправни политики, истрајност и посветеност се рушат сите бариери и се постигнуваат зацртаните цели.

Затоа веруваме дека сите заедно и овој пат ќе успееме да се избориме и со здравствената и со економската криза!

И запомнете, не сте сами во ова. Ќе го надминеме ова, заедно.

Генчов: Лидерот што ќе ги поврзе СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, тој ќе влезе во историјата

Сотир Костов и Александар Генчов, гости во Само Вистина.

Генчов:

Македонија и Македонскиот народ не можат веќе да издржат две големи партии. „Едното општество за сите“, нешто што требаше да биде врвно достигнување на западната Алијанса, се претвара во армагедон за Македонците. Прашање на ден е кога ние ќе треба да си бараме Рамковен договор. Историско обединување е кога ќе се обединат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Лидерот што ќе ги поврзе СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, тој ќе влезе во историјат, тоа е тешко но лидерот се познава по „тешките работи“. Сега се' е во рацете на Мицкоски, тој води кај Македонците, сакале да признаеме или не, обединувањето е во рацете на Мицкоски. Македонизмот многу подобро ќе се развива доколку сме во добри односи со Бугарија и Грција и како дел од ЕУ. Надвор од ЕУ ние ќе се претвориме во православни Албанци.

Костов:

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат соговорник од „другата страна“, немаше комуникација со Ковачевски па така ни се роди Француската рамка. Во Македонија има еден, не два народа, согласно уставот има само делови од народ. Според нановите податоци, не е така црна сликата и Албанската жена не е само таа што раѓа. Демогравски Македонци има 65%, Албанците се околу 25% и другото припаѓа на останатите малцинства.

Германците се противат на казнените царини за кинеските електрични автомобили

Германските производители на автомобили се противат на можните европски казнени царини за увоз на електрични автомобили од Кина.

Германското здружение на автомобилската индустрија (ВДА) повика на подготвеност да се вклучат во дијалог од двете страни со цел да се избегне оштетување на развојот на секторот.

„Мерките против субвенционирање, како што се дополнителните тарифи, нема да ги решат предизвиците за европската и германската автомобилска индустрија. Напротив, целта на компензаторните давачки предвидени од Европската комисија брзо може да има негативен ефект“, изјави претседателката на VDA, Хилдегард Милер за неделното издание на весникот Ди Велт.

Според неа, трговскиот конфликт би ја загрозил и трансформацијата кон електромобилност и дигитализација.

Од минатата есен, Европската комисија истражува дали електричните автомобили во Кина имаат нелегални субвенции. Според Комисијата, кинеските електрични возила обично се околу 20 отсто поевтини од моделите произведени во ЕУ, пишува Seebiz.

Истрагата против субвенционирање сега може да доведе до наметнување казнени тарифи. Прелиминарниот оглас на комисијата е планиран за 5 јуни.

Според Центарот за истражување на автомобили со седиште во Дуизбург, германските производители на автомобили продаваат 30%-40% од своето производство на кинескиот пазар.

Во случај на европски казнени царини, тие производители би можеле да бидат првата цел на можните кинески контрамерки.

Ким Кардашијан позира во минијатурно бикини, фановите воодушевени од колекцијата (ФОТО)

Летото се ближи и Ким Кардашијан покажува сѐ повеќе кожа на задоволство на сите нејзини следбеници.

Имено, ријалити ѕвездата сподели серија одлични нови фотографии од нејзината претстојна колекција на костими за капење, нејзиниот бренд Skims. Костимите за капење доаѓаат во различни дизајни со змиски принт, а има и модели во светли бои.

Оваа атрактивна 43-годишна девојка позира во дводелен костим за капење со змиски дезен и црвен топ со долги ракави.

Таа исто така носеше светло-црвени бикини, ги стисна усните и ја пушти влажната коса да ѝ падне на лицето во споменатата фотосесија за костими за капење. Некои од другите парчиња од колекцијата, кои ќе бидат достапни за купување од 17 април, вклучуваат фустан со змиски принт и црн топ на бикини без прерамки.

Британскиот фотограф Ник Најт е избран да ја сними новата колекција Skims во стил кој потсетува на „неговите класични и авангардни модни кампањи од 2000-тите“, се вели во соопштението на брендот.

Популарната ријалити ѕвезда и мајка на четири деца претходно соработуваше со Најт, кога се појави на насловната страница на L'Officiel Hommes во 2013 година со нејзиното тогашно момче Канје Вест и на насловната страница на магазинот V во 2012 година.

Како и обично, нејзините следбеници не можеа да ја дочекаат новата објава, а овие фотографии беа споредувани со модна фотографија од 2000-тите поради позирањето, боите, осветлувањето и облеката, а нејзината сестра Клои ја повика да се „смири“ и ја пофали како изгледа.

Минатата недела Ким и нејзината сестра Клое летуваа на островите Туркс и Каикос каде привлекоа внимание со своите секси фигури во костими за капење.

Биле видени како лежат на сонце, без шминка, а Ким дури носеше црна каубојска капа додека лежеше на белиот песок.

На тропскиот одмор ѝ се придружија и сестрите Кајли Џенер и Кортни Кардашијан, како и десетте деца на славната четворка, за време на кој го прославија шестиот роденден на ќерката на Клои, Тру Томпсон.

притисни ентер