Петков: Подготвуваме заедничко чествување на Гоце Делчев

Бугарија и Македонија на 4 февруари подготвуваат заедничкo чествување на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. 

Ова го соопшти бугарскиот премиер Кирил Петков на денешната седница на бугарското Собрание на која пред пратениците информираше за резултатите од меѓусебните посети на политичките делегации од двете земји.

Бугарскиот премиер како позитивен го оцени напредокот направен минатите две недели, иако рече има уште работа.. Како значителен напредок ги наведе трите потпишани меморандуми за земјоделство, мали и средни претпријатија и коридорот 8.

- Димитар Ковачевски е премиер на Македонија една недела и четири од тие осум дена ги помина со бугарската влада“. Ова укажува на желба да се заврши работата. Во моментов веќе не се зборува за 5+1, само две недели подоцна ќе треба да ја смениме бројката 4+1. Тоа само по себе е напредок, изјави Петков пред пратениците.

Паралелно со разговорите за економијата и инфраструктурата, кажа Петков, двете страни разговарале и за теми кои се важни за Бугарија – правата на Бугарите во Македонија и рамковната позиција. Како напредок ја оцени подготвеноста на премиерот Ковачевски, како што рече, да ги вклучи Бугарите во македонскиот Устав, но од друга страна повтори дека македонско малцинство во Бугарија не постои и нема да дозволи на таа тема да се разговара.

- Премиерот Ковачевски кажа дека не гледа проблем за вклучување на Бугарите во Македонија во нивниот Устав. Не се обврза со време, но тоа за првпат го објави... Теми за македонско малцинство се апсолутно неприфатливи и недопустливи. Бугарската власт не би ја отворила вратата за таа тема. Не планирам да ја дускутирам, тоа тврдо „не“ таму значи дека е затворена таа тема, изјави Петков.

Иако од бугарската опозиција го поздравија решението со нотата до ОН за краткото име, поранешната министерка за надворешни работи од опозициската ГЕРБ Екатерина Захариева му упати на Петков, како што рече, „пријателски совет“ да не ги крева премногу очекувањата.

-Г-дине премиер намалете го малку ентузијазмот, ќе ја кренете рампата многу високо и потоа ќе треба да се објаснувате пред сите нас. Ова е еден апсолутно добронамерен совет, затоа што многу пати го видовме тоа. Знаете ли колку меморандуми потпишавме какви што вие потпишавте со нив? Над 20. И за коридор 8 овој сигурно е третиот, изјави Захариева.

Одбележувањето на јубилејот од раѓањето на Делчев ќе се одржи идниот петок, а што точно се предвидува се уште не е јасно. Инаку, и досега имаше заедничко положување на цвеќе на гробот на Делечв во Скопје и пред споменикот во Бугарија од страна на претходните премиери Заев и Борисов, но и по многу обиди историчарите не успеаа да постигнат согласност околу неговиот лик и дело.

Под камен пронашле грне со злато, по што почнале критики дека лажат- ги издала змија (ВИДЕО)

Корисникот на Инстаграм @felezyabie неодамна објави интересно видео кое предизвика големо внимание, и ги подели мислењата на корисниците.

На профилот стои дека сакал археологија, а нуди совети за купување детектор за метал и „толкување на антички симболи“.

Во споменатото видео гледаме група луѓе кои со голема мака ја поместуваат карпата од земја, користејќи трактор и синџири, а потоа почнуваат да копаат.

Потоа вадат старо грне, во кое што ги чека големо изненадување, пренесува Times Now News.

Садот е полн со злато, а на врвот ги чекала жива змија!

По првичниот страв, луѓето го превртеле грнето, а внатре имало куп монети и други вредни предмети. Навистина, сè изгледало како неверојатно откритие додека не се појавил еден „ситен“ детал.

Имено, многу корисници се посомневале дека видеото е монтирано, односно лажно. Најмногу им пречело тоа што во закопаното грне имало жив рептил.

И додека коментарите се нижат, сопственикот на профилот проговори и објасни:

„Почитувани пријатели, ова видео има за цел да ја запознае јавноста со процесот на истражувачот. Никој не рече дека е реално, зошто сите навреди и пцовки“.

Европски фронт: ВМРО формира сојуз со проруски и антиалбански партии

ВМРО и Мицкоски официјално прогласуваат коалиција и со партијата Левица на Апасиев и ЗНАМ на Димитриевски, две партии тесно поврзани со Москва и разни проруски кругови, а познати по своите антиалбански позиции.

Мицкоски на митинг во Охрид побара македонско национално единство, без други етникуми во државата, за, како што рече, да се тргне државата од рацете на Албанците.

Европскиот фронт го потсетува Мицкоски дека Северна Македонија од поодамна го изоде патот на рамноправност, демократија и членство во големото европско семејство.

ДУИ и Европскиот фронт, како мултиетнички фронт во Северна Македонија, нема да дозволат земјата да се врати во меѓународна изолација, а тоа ќе биде запечатено на 24 април и 8 мај, кога за претседател ќе биде избран д-р Бујар Османи, а Европскиот фронт ќе биде клучот за формирање на идната Влада.

Истовремено, ја повикуваме албанската опозиција да се освести и да се престрои со про-европејците и да не стане орудие на руските кругови во земјава, се наведува во соопштението.

Фон дер Лајен: Русија хибридно ја напаѓа Финска преку испраќање мигранти на границите

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Русија концентрирала хибридни напади врз Финска со испраќање мигранти, сѐ со цел да ја дестабилизира таа земја.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Русија концентрирала хибридни напади врз Финска со испраќање мигранти, сѐ со цел да ја дестабилизира таа земја, која цврсто ја поддржува Украина и која влезе во НАТО пред една година.

Финска ја затвори границата во средината на декември 2023 година по приливот од 1.000 илегални мигранти од руска територија од средината на август. Двете земји имаат заедничка граница долга 1.340 километри, а Хелсинки ја обвинува Москва дека систематски испраќа мигранти во Финска. Русија ги отфрла обвинувањата.

„Од хибридниот напад на Белорусија во ноември 2021 година врз Литванија, Полска и Латвија, сите знаеме дека Путин и неговите сојузници ги инструментализираат мигрантите за да ја тестираат нашата одбрана и да нѐ дестабилизираат“, рече шефицата на Европската комисија.

„Сега Путин се фокусираше на Финска“, додаде таа.

Претседателката на ЕК се сретна со финскиот премиер Петри Орпа во градот Лапеенранта во југоисточниот дел на земјата, на околу 30 километри од руската граница и разговараа што „ЕУ и Финска можат да направат за да ја спречат инструментализацијата на финската граница.“

Во април Финска одлучи граничните премини да останат затворени. Односите меѓу Хелсинки и Москва се влошија по руската инвазија на Украина. По приемот на Финска во НАТО, Москва најави „контрамерки“.

Финска исто така подготвува закон за спротивставување на пристигнувањето на мигрантите.

притисни ентер