Петков и Ковачевски утре ќе одржат на средба во Рим, по приемот кај Папата

Протоколарна или суштинска, каква ќе биде утрешната средба меѓу премиерите Ковачевски и Петков во Рим, прва тет а тет после неколку месеци. 

Од владите потврдија дека двајцата ќе се сретнат по нивната посета на базиликата „Санта Марија Маџоре“, што ќе следува по приемите што ќе ги имаат кај Папата Франциск. Бугарските медиуми објавија дека пред извесно време било разговарано Петков и Ковачевски за време на ова патување да објават напредок во разговорите или решение кое би водело кон укинување на ветото, но за ова нема никаква потврда..

Новинарот Столе Наумов, кој е дел од новоформираната група за пријателство меѓу Македонија и Бугарија оценува дека раздвижување и очигледен дипломатски притисок од ЕУ и САД за некакво решение во јуни постои, но недоволно и за да се случи целосно одблокирање на пристапниот процес за Македонија.

-Според она што го изјавуваа одредени бугарски политичари особено оние којшто се најсилни противници на кревање на ветото тука мислам на Ковачки и на Каракачанов, но и индиции се и случувањата во самата владина коалиција, има изјави сега за излегување на одредни пратеници, па и за паѓање на владата на Петков. Сето тоа може да биде силен индикатор дека сепак нешто се случува. Колку е тоа големо и колку тоа ќе значи кревање на ветото не знам. Јас повеќе верувам во делумно откочување на процесот или како што еднаш изјави Петков, поместување на ветото, со верување дека понатаму со тек на време работите ќе се релативизираат и ќе легнат, вели Наумов за Канал 5.

Оптимизмот за конечен договор меѓу Ковачевски и Петков на утрешната средба не го дели ниту новинарот на бугарскиот портал Дневник, Ангел Петров. Тој за Канал 5 вели дека и покрај очигледниот притисок од Брисел врз Софија, моментот е лош, а македонското прашање особено ја бранува бугарската владина коалиција.

-Последните денови имаше многу шпекулации дека треба да се потпишува нешто, дека ќе се договори нешто во тајност, особено од „Има таков народ“, и донекаде од БСП, но најмногу од ИНИ. Во таква атмосфера, во таква ситуација, пробив не мислам дека е возможен ниту во Рим, ниту во Скопје следниот месец. Извесно е дека едноставно нема документ за кој ќе можат да се обединат двете страни. И најлошото е дека кај ниту една од двете страни во моментов нема погодна политичка клима за да може таков документ да биде потпишан, изјави новинарот Петров за Канал 5.

Бугарскиот претседател Радев се уште не одговора на барањето на бугарскиот премиер Петков да го свика Консултативниот совет за национална безбедност на кој сите политички лидери и раководители на служби ќе разговараат за состојбата со преговорите меѓу Бугарија и Македонија.

Видео: Атина „проголтана“ од сахарска прашина, градот обоен во портокалово

Атина и јужните делови на земјата вчера беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.

Облаците од прашина, пренесени преку Средоземното море од северна Африка, го обвија акропол и другите знаменитости на Атина.. Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews. Метеоролозите најавуваа дека небото ќе се расчисти денеска поради промената на правецот на ветерот, поради што ќе паднат и температурите.

Кулеба ги пофали американските политичари за одобрувањето на пакетот воена помош за Украина

Претставници на Пентагон најавија дека одредена муниција веќе е складирана во Европа, а се очекува меѓу приоритетите да бидат артилериската и противвоздушната одбрана.

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба со ентузијазам ги пофали американските политичари за одобрувањето на долго одложуваниот пакет воена помош од 61 милијарда долари за Украина, но предупреди дека новите испораки нема веднаш да го свртат бранот на војната.

„Алелуја“, изјави Кулеба во интервју за „Гардијан“ на прашањето за реакцијата на вчерашното конечно гласање на американскиот Сенат. Тој рече дека „неговото верување е дека ќе има позитивен исход“, но Западот мора „да сфати дека ерата на мирот во Европа е завршена“ и да ја изгради својата одбранбена индустрија.

Говорејќи за „Гардијам“, Кулеба рече дека се надева оти Белата куќа ќе го претстави новиот пакет оружје „за неколку дена, можеби и часови“ и дека е „само прашање на логистика“ залихите да се префрлат на фронтот.

Претставници на Пентагон најавија дека одредена муниција веќе е складирана во Европа, а се очекува меѓу приоритетите да бидат артилериската и противвоздушната одбрана.

Кулеба, исто така, рече дека Украина идентификувала седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ кои би можела да ги користи за заштита на цивилите во поголемите градови надвор од Киев. Еден е добиен од Германија, уште четири се лоцирани и преговорите се во тек, рече Кулеба, а на повидок се уште два. /МИА

Уапсен пратеникот кој физички нападна друг пратеник во грчкиот Парламент

Според претседателот на Парламентот, Константинос Тасулас, Кривичниот законик предвидува дека оној кој ќе изврши насилство врз пратеник се казнува со затворска казна до десет години.

Уапсен е независниот пратеник Константинос Флорос, кој претпладнево физички го нападна пратеникот од Грчко решение Василис Граменос пред салата во која се одржува пленарната седница во грчкиот Парламент, а за нападот може да му биде изречена затворска казна до десет години, јави дописничката на МИА од Атина.

Флорос, кој на изборите во јуни минатата година беше избран со малата радикално десничарска партија Спартанци, а неодамна ја напушти и стана независен пратеник, по предизвиканиот инцидент беше уапсен и пренесен во централната дирекција на грчката полиција и се товари за сторено кривично дело насилство врз пратеник при вршење на функцијата.

Според претседателот на Парламентот, Константинос Тасулас, Кривичниот законик предвидува дека оној кој ќе изврши насилство врз пратеник се казнува со затворска казна до десет години.

Како што претходно објави МИА, за време на денешната пленарна седница во Парламентот постоела вербална расправија меѓу двајцата пратеници, по што во ходникот се претворила во физичка кога Флорос со тупаници го нападнал пратеникот Граменос од Грчко решение.

На нападнатиот веднаш му била пружена прва помош од лекарот во Парламентот.

Медиумите во Грција коментираат дека станува збор за инцидент без преседан во Парламентот.

Малата радикално десничарска партија Спартанци се поврзува со поранешниот пратеник од Златна зора, Илиас Касидиарис, кој издржува затворска казна, а Врховниот суд на Грција попладнево ќе ја соопшти одлуката дали партијата ги исполнува критериумите за учество на европските избори во јуни. /МИА

притисни ентер