Пет нови случаи на коронавирус во Кина, нема починати

Во Кина во последните 24 часа потврдени се пет нови случаи на заразени од коронавирус, сите увезени од странство.

Нови смртни случаи од последици на Ковид-19 немало.

Вухан, каде кон крајот на минатата година изби епидемијата и понатаму е без нови заразени уште од 14 мај, пренесуваат странските агенции.

Во Кина од почетокот на епидемијата на коронавирусот потврдени се 83.022 случаи, а од последиците на болеста починале 4.634 пациенти.

На болнично лекување поради Ковид-19 се наоѓаат 73 пациенти, а во изолација и под медицински надзор се 373 лица кои покажуваат симптоми на зараза со коронавирус или асимптоматични пациенти кај кои вирусот е потврден.

Во Вухан во текот на претходните 24 часа не се забележани нови случаи на зараза, со што се продолжува трендот без новозаболени уште од 14 мај кога започна амбициозната кампања за масовно тестирање на граѓаните. Кампања со која се опфатени 9.9 милиони луѓе и која чини 126 милиони долари, а спроведена е откако се појавиле нови жаришта на зараза во градот кои поттикнаа став од втор бран на епидемијата.

Во овој периот потврдени се 300 асимптоматични случаи кои властите во Кина не ги става во официјалниот број на заразени со Ковид-19.

Кина ги отвори училиштата, а голем дел од економијата е вратен во нормална состојба, иако мерките з социјално дистанцирање и другите заштитни мерки се уште се на сила за да се спречи втор бран на епидемијата.

Потопиле голем патнички авион во море, за да стане туристичка атракција (ВИДЕО)

Авион со 400 седишта, L1011 Tristar, бил потопен во 2019 година во близина на брегот на јорданскиот град Акаба со цел да привлече туристи, односно љубители на подводни истражувања.

Џамбо-џет првпат полетал во средината на 1980-тите, но на крајот беше исфрлен од употреба. Последните години ги поминал на пистата на меѓународниот аеродром „Крал Хусеин“. На крајот е спуштен на дното на Црвеното Море.

Потонатиот авион стана едно од најпосетуваните места за нуркање во Јордан, пренесува Метро.

Неговите мотори се сè уште на место, а не се допрени ниту кокпитот, тоалетите и галијата.

„Кокпитот е во најплиткиот дел, на длабочина од 13 метри, а последните два излеза се на 28 метри“, откри подводниот фотограф Брет Холцер.

На интернет има бројни снимки од потонатиот L1011 Tristar, а интересно е што тој во еден момент по грешка бил поврзан со исчезнатиот MH370.

Имено, на социјалните мрежи се појави фотографија од потонатиот брод за која се наведува дека го претставува леталото на компанијата „Малезија Ерплане“, кое во 2014 година било изгубено без трага.

Во пораката стоело дека „не се пронајдени човечки останки во кабината“, но подоцна е избришана.

Набрзо, шпекулациите беа ставени на крај бидејќи фотографијата одговараше на снимката направена на брегот на Акаба, односно подводната атракција таму.

Хаос на аеродромот во Дубаи по поплавите- ќе проработи со полн капацитет за 24 часа (ВИДЕО)

Меѓународниот аеродром во Дубаи ќе се врати со полн капацитет во рок од 24 часа, откако во вторникот беше погоден од најсилните врнежи во последните 75 години во Обединетите Арапски Емирати, соопштија денеска аеродромските власти.

Главниот оперативен директор на аеродромот во Дубаи, Маџед Ал Џокер, истакнува дека, по повторното отворање на терминалите 1 и 3, сообраќајот на аеродромот е постабилен.

„Благодарение на тоа, повеќето авиокомпании престанаа да откажуваат летови и успеаја делумно да го вратат редовниот режим“, рече директорот.

Аеродромот во Дубаи претходно денеска објави дека терминалот 1 продолжил да прима летови, а авиокомпаниите Емирати и ФлајДубаи отворија пријавување за нивните летови на терминалот 3, но распоредот на летови не можел целосно да се врати.

Авиокомпаниите ги предупредија патниците дека треба да дојдат на аеродромот само доколку добијат потврда за резервацијата од авиокомпанијата.

Ал Џокер додаде дека работата на аеродромот сега е обновена на 70 отсто од неговиот капацитет и дека инфраструктурата на аеродромот не претрпела сериозни оштетувања.

„Откако операциите ќе се вратат во нормала, ќе ја процениме штетата и ќе можеме да ги утврдиме загубите“, рече тој.

Меѓународниот аеродром во Дубаи и денеска има оперативни проблеми поради последиците од невремето во вторникот, а патниот сообраќај се уште не е нормализиран, пренесе Ројтерс.

Аеродромот утринава соопшти дека приемот на дојдовните летови продолжил на терминалот што го користат странските авиокомпании, но дека летовите сепак доцнат.

Само една писта била отворена за сообраќај на автопатот низ Дубаи, а главниот пат што го поврзува тој град со Абу Даби е затворен во правец на Абу Даби.

Во Дубаи во вторникот паднаа повеќе од 120 милиметри дожд на метар квадратен во рок од 24 часа, што е рекордна количина на врнежи што вообичаено се забележува во една година.

Скандал во Гугл: Отказ за 28 вработени, кои протестирале против потегот на гигантот (ВИДЕО)

Американската технолошка корпорација Гугл отпушти 28 вработени кои активно се спротивставија на големиот договор на компанијата за 1,2 милијарди долари со Владата на Израел.

Вработените во две канцеларии на Google, во Њујорк и Калифорнија, протестираа против „Nimbus Project“, според кој Google, во соработка со Amazon, ќе обезбеди облак услуги за складирање и обработка на податоци за израелската влада, пренесува технолошкиот портал Verge.

Тие рекоа дека договорот ќе им помага на израелските власти, а особено на израелската армија, во „спроведувањето на политиката на геноцид“, мислејќи на тековниот воен конфликт на Израел со палестинското движење Хамас.

Според информациите од интерен меморандум на Google, компанијата отпуштила вработени кои за време на протестот „уништувале канцелариска опрема, ја попречувале работата на другите вработени и им се заканувале на нивната безбедност“.

Поради оние кои одбиле да престанат да се однесуваат така, интервенирала полицијата и тие биле отстранети од канцеларијата, се додава во соопштението.

„Огромното мнозинство од нашите вработени ја прават вистинската работа. Ако сте еден од ретките кои мислат дека ќе го одобриме минатото однесување што ги прекршува нашите политики, размислете повторно“, предупреди шефот за глобална безбедност на Google, Крис Раков.

притисни ентер