Пет години од членството во НАТО- Муцунски одржа средба со амбасадорите на земјите членки - Канал 5

Пет години од членството во НАТО- Муцунски одржа средба со амбасадорите на земјите членки

Пет години од членството во НАТО- Муцунски одржа средба со амбасадорите на земјите членки
На 27 март во 2020 Македонија стана триесетта членка на НАТО Алијансата, со која се исполни стратешката определба на земјава која беше зацртана уште во собраниската резолуција донесена 1993 година.. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Во Турција уапсени околу 50 луѓе во рамките на истрагата против Имамоглу

 Околу 50 блиски соработници и приврзаници на поранешниот уапсен градоначалник на Истанбул се приведени во рамките на истрагата за корупција поведена против Екрем Имамоглу, соопшти денеска Обвинителството на Истанбул.

Во Турција уапсени околу 50 луѓе во рамките на истрагата против Имамоглу

Во рамките на истрагата издадени се налози за апсења на 53 лица во Истанбул и во Анката, а уапсени се 47 луѓе, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Имамоглу беше приведен на 19 март под обвинение за корупција и поддршка на терористичка организација. На 23 март, судот нареди негово трајно апсење, а истиот ден, на внатрешните избори, опозициската Републиканска народна партија го предложи за претседателски кандидат на следните избори, што треба да се одржат во 2028 година.

Апсењето на Имамоглу предизвика масовни протести во поголемите градови во Турција, кои доведоа до судири со полицијата и стотици приведени, вклучително и новинари.

Во Рим средба Трамп – Зеленски

Американскиот и украинскиот претседател Доналд Трамп и Володимир Зеленски денеска имаа средба во Рим, пред погребот на папата Франциск.

Во Рим средба Трамп – Зеленски

Портпаролот на Зеленски ја потврди средбата, додека Белата куќа ја оцени како „многу продуктивна“.

Тоа е прва средба помеѓу Трамп и Зеленски по вербалниот судир во Белата куќа во февруари.

Трамп претходно изјави дека Украина и Русија се блиску до историски договор.

- Само што слетав во Рим. Добар ден за разговори и состаноци со Русија и со Украина. Многу блиску се до договор, а двете страни сега треба да се сретнат на високо ниво за да ја довршат работата, истакна Трамп.

Тој на сопствената социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social) објави дека „Повеќето главни точки се договорени. Запрете го крвопролевањето, ВЕДНАШ. Ќе бидеме секаде каде што е потребно за да помогнеме да се стави КРАЈ на оваа сурова и бесмислена војна“. /МИА

Манасиевски: Од левичари и глумење скромност, до деловни објекти во центарот на Скопје

​Од левичари и глумење скромност, до деловни објекти во центарот на Скопје и кафулиња со тераси, тоа е Левица.

Манасиевски: Од левичари и глумење скромност, до деловни објекти во центарот на Скопје

Како довчерашните скромни момчиња, сега станаа тајкуни?

Дали Апасиев и луѓето околу него едвај чекаа да дојдат на власт, за да се богатат?

Глумецот Апасиев, кој одеше со точак на работа и глумеше дека е дете од ниска класа, сега преку Левица купува деловни простори од над 400м2, во соработка со извршителите, кои до вчера ги плукаше и укинуваше.

Деловниот простор кој не бил само подрум, туку и објект со високо приземје, е во сопственост на членот на Централниот комитет на Левица и член на УО на Водовод, Зоран Ивановски.

Излегува на виделина целата вистина околу вистинското лице на Левица и Апасиев. Од велосипеди, глумење скромност, до џипови паркирани по тревници до Собрание. Од подрум, до деловен простор со кафуле “Павилјон 36”. Од плукање и укинување на извршителите, до соработка со нив за купување на простор по 3 пати пониска цена од пазарната.

Апасиев и Левица се демаскирани. Толку од нивната пропаганда дека се чесни, скромни и работници. Преку ноќ, тие станаа могули со кафулиња, врз грбот на нивните членови.

Апасиев да одговори на што ги троши чланарините на неговите членови? Дали за деловни простории, џипови или луксузни одмори во Грција?

Апасиев и Левица се прочитани!

YouTube video

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер