Пенов: Најголем предизвик е да се зајакнат капацитетите за подготовка на квалитетни проекти

Министерот Пенов ги потпиша договорите со грантистите од Проектот „Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти – Фаза 2“

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов во Скопје заедно со Армен Грегоријан, постојан претставник на УНДП во земјава, Рамиз Реџепи, директор на Бирото за регионален разој и грантистите - градоначалници на општини и директори на центрите за регионален развој ги потпиша договорите за финансирање на техничка документација за приоритетни инфраструктурни проекти во рамките на Првиот повик организиран како дел од Фондот за техничка документација. Грантовите се обезбедени од страна на Проектот „Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти – Фаза 2“ финансиран од страна на Шведска и Бирото за регионален развој.

Министерот за локална самоуправа упати благоданост за поддршката до Шведската развојна агенција и до УНДП, а на првите 10 општини и на трите центри за развој на планските региони им честита за добиената можност. Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој се двете централни институции кои што ја имаат одговорноста да го поддржат развојот на општините и на планските региони.

Министерот Пенов истакна дека по потпишувањето на договорите, најголем предизвик е да се зајакнат капацитетите за подготовка на квалитетни проекти кои што се финансираат од буџетот на државата, но и проекти кои што ќе ги исполнуваат сите стандарди за финансирање од други извори како што се Европската Унија или Светска банка.

„Пристапот до квалитетни средства е условен од капацитетноста на општините и на Центрите за развој за подготовка на проектна и техничка документација, врз основа на пропишани стандарди. Со 1.5 милиони долари, Фондот за техничка документација во оваа фаза обезбедува градење на капацитети преку директна експертска поддршка, но и на финансиски средства за подготовка на техничката документација, што е од голема помош и за општините и за Центрите за развој“, порача министерот за локална самоуправа.

Во процесот на интеграција во Европската Унија, Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, пред се ја имаат одговорноста да создаваат услови за квалитетно учество на општините и на планските региони во користењето на ИПА средствата за регионален развој.

„Така ја покажуваме нашата подготвеност за членство во Европската Унија, преку користењето на финансиските инструменти за подигнување на стандардите и на квалитетот на живеење и намалување на развојните разлики внатре во државата и со земјите членки на Унијата. Во рамките на овој проект, преку трите планирани повици, шансата ја имаат сите општини и Центрите за развој на планските региони“, додаде министерот Пенов.

Министерство за локална самоуправа

Жена дошла во болница окована во синџири, на полицијата ѝ открила детали за ужасот

Неименуваната 40-годишна жена успеала да се оттргне од претходно осуден педофил од Шпанија и се појавила во болница со модринки на лицето и синџири околу вратот.

Лекарите од болницата „Свети Јаков“ останале во шок кога здогледале жена на која рацете и вратот ѝ биле врзани со синџири, објави Дејли Меил.

Имено, жената на полицијата ѝ рекла дека била во болница за да посети хоспитализиран пријател, а откако заминала, мажот ѝ понудил да ја повози до дома. По пат ѝ рекол дека мора да застанат кај неговата куќа за да ги земат потребните работи.

Ја повикал да влезе во неговата куќа, а откако ја затворил влезната врата, ја претепал до смрт, пишува Олив прес.

Исто така, жената изјавила дека се онесвестила од тепањето, а кога дошла на себе видела дека има синџири околу вратот и рацете. Напаѓачот се обидел да ја удави, а кога не успеал, почнал да ја навредува и тепа.

Жената успеала да побегне низ прозорецот кога оценила дека напаѓачот не гледа. За помош се обратила кај член на семејството кој веднаш ја однел во болница.

Осомничениот маж, претходно осуден педофил, по пријавата веднаш е уапсен, а моментално се наоѓа во притвор каде ќе го чека натамошна истрага за случајот.

Осомничениот и претходно бил осуден за киднапирање и малтретирање на деветгодишно девојче во Бургалеса, објавија локалните медиуми.

Ѝ посветил бизарна тетоважа на девојката, сите му се смеат- снимката има 13 милиони прегледи

Момче стана вирална сензација откако на TikTok се појави видео на кое се тетовира во студиото Betty Zoo Tattoo Studio во Копенхаген.

Момчето решило да направи уникатна тетоважа како почит кон својата девојка, а видеото е прегледано повеќе од 13 милиони пати.

На видеото може да видите како девојката го гризе за рака, а тетоважата потоа со мастило ги црта трагите од нејзиниот гриз. Резултатот е, хм, што е, и не требало многу време за луѓето да почнат да се потсмеваат во коментарите.

@bettyzootattoo Bite Mark tattoo #fyp #bf #tattoo #bitemarktattoo #foryou #trending #onthisday #fypviralシ ♬ My Love Mine All Mine - Mitski

„Која е најглупата тетоважа што можете да ја смислите? прашал тиктокер, а друг додал: „А што кога ќе раскинете?“

„Најглупавата идеја за тетоважа...сакам таква“, „Ова е навистина лоша идеја“, „Не можам да замислам полоша тетоважа“, „Едвард Кален би го сакал ова“, „Зошто?“, се некои од коментарите. Сепак, имало и такви на кои овој потег им бил „сладок“.

Иги Азалеа годинава заработи рекордни 48 милиони долари од разголени снимки на OnlyFans (ФОТО)

Од Бела Торн и Карди Би, до Кети Прајс и Дри де Матео од серијата Sopranos, има многу ѕвезди на OnlyFans, еротска платформа која беше основана во 2016 година.

Но, кој заработи најмногу оваа година? Можеби ќе бидете изненадени од она што го откри извештајот на LELO.

Поранешната девојка на Канје Вест, Амбер Роуз моментално е на петтото место и досега има заработено импресивни 26 милиони долари на платформата (каде што наплаќа месечна претплата од 5 долари).

Поранешната ѕвезда на Дизни, Торн заработи 32 милиони долари.

На третото место е Блек Чајна, која откако наплатуваше 19,99 долари месечно за гледање содржини, заработи 35 милиони долари - но ја деактивираше својата сметка во март.

На второ место е раперката Карди Би, која неодамна заработи дополнителни 10 милиони долари, со што нејзината вкупна заработка достигна неверојатни 45 милиони долари.

На прво место е австралиската раперка Иги Азалеа - која две години нема издадено нова музика.

Раперката досега заработила 48 милиони долари на OnlyFans, а тоа го направила за помалку од една година откако го отвори својот профил. 33-годишната раперка се приклучи на платформата дури во јануари, додека, на пример, Карди Б е на OnlyFans од 2020 година.

Други познати личности кои се на врвот на листата богати на OnlyFans се Тајга, Крис Браун и Остин Махон.

Зборувајќи за тоа кога се приклучи на OnlyFans претходно оваа година, Иги (вистинското име Аметист Амелија Кели) рече дека не знаела дека може да биде толку креативна на платформата. „Да се ​​признае, никогаш не знаев дека OnlyFans е место каде што можам да бидам креативна, па не очекував дека ќе работам со нив на мојот најголем проект досега“, изјави таа за Variety.

„Откако навлегов подлабоко во тоа што значи да се има OnlyFans, сфатив дека тоа е совршена платформа за лансирање на мултимедијален концепт“, додаде таа.

притисни ентер